Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Осцилатори => Topic started by: BorceBT on 10.10.2009, Saturday, 01:19:00
-
Ова е ултразвучна свирка која можат да ја слушнат само кучињата и трчаат по неа. Направете го склопот и дајте му го на некој „да го види“ дури е вклучен и гледајте сеир ако има кучиња во близина :D Звучникот е кристална слушалка од „честитка“.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=27.0;attach=12519)
-
топ работа за агресивните песови и дивите џукели.
Јас имам вакво (купено) и да ви кажам дека стварно е ефикасно.
Постов го пишувам по втор пат...
-
интересна работа.. Го има ли некој изработено ова?
На која фреквенција работи?
Некако многу јаки ми изгледаат излезните транзистори за такво пиезо звучниче ..
-
Најверојатно работи на 25KHz, или некој фреквенција блиска до таа.
Искрено, им завидувам на кучињата, да можеш да слушаш до 25KHz, па и повеќе од тоа... кој знае како звучи тоа ;).
-
мислам дека е нешто како многу јако пиштење ама оштрината на тонот е многу поголема од пискавите звуци кои ги слушаме
-
мислам дека е нешто како многу јако пиштење ама оштрината на тонот е многу поголема од пискавите звуци кои ги слушаме
:o :o :o Wicked ;D ;D ;D. Мора да се чуе тоа како звучи, гарант е ептен избегано ;) (знам, чуден сум малку... поише ;D).
Sorry за off-topic муабет.
-
како би се чуло кога нашите уши не го слушаат тој тон? претпоставувам дека треба некако да се намали фрекфенцијата на тој тон (ако може) па после да се слушне но и така нема да биде тоа тоа
-
како би се чуло кога нашите уши не го слушаат тој тон? претпоставувам дека треба некако да се намали фрекфенцијата на тој тон (ако може) па после да се слушне но и така нема да биде тоа тоа
Не не, мислев кога би можел некој да го перцепира тоа на оригиналната фреквенција, би било интересно, сигурно за тој човек и најобична чинела ќе звучи многу „поинтересно“ одколку за останатите луѓе. Ова е чисто хипотетички се разбира, мала фантазија ;).

Мислиш кога хипотетички би имале слушни можности како кучињата, како би го доживеале тој тон.. 8)
Споено мислење: 28.05.2010, Friday, 21:42:28
Најверојатно работи на 25KHz, или некој фреквенција блиска до таа.
Искрено, им завидувам на кучињата, да можеш да слушаш до 25KHz, па и повеќе од тоа... кој знае како звучи тоа ;).
Нешто ми останало во сеќавање дека кчињата слушаат до 40 kHz... не сум сигурен
-
Мислиш кога хипотетички би имале слушни можности како кучињата, како би го доживеале тој тон.. 8)
Да да, на тоа мислев, можеби нема да звучи баш пријатно, ама од кај знаеме во каква состојба ќе го слушаме тој звук, можеби во трезна ќе биде непријатена, ама во некоја малку „понетрезна“... кој знае, можеби ќе биде и многу инспирирачки 8).
Нешто ми останало во сеќавање дека кчињата слушаат до 40 kHz... не сум сигурен
И јас не сум сигурен околу тоа што го пишав, мислам дека тие свирки работат на фреквенција од околу 25KHz, но до која фреквенција можат да слушаат кучињата, навистина не знам, мада со обичен Google search најверојатно ќе се најде и тоа ;).
-
Борче ќе можи малце појасно на шемата да ги напишиш деловите?
-
Борче ќе можи малце појасно на шемата да ги напишиш деловите?
се си е супер нацртано, ама па ако до толку неможеш да прочиташ, кажи што те мачи и ке ти кажеме...
-
што означуваат тие триаголниците?
-
Тие се шематски приказ на шмитовите инвертори. Такви има 6 во интегрираното коло CD40106 бројќите на нив означуваат кој пин од CD40106 каде треба да се поврзи. Значи инверторите се внатре во колото а се нацртани вака на шемата за да биде полесно за цртање.
-
од ова имаш плочка нацртано?
-
Не, ППК нема за ова коло, барем јас колку што забележав, ама шемата е релативно простичка, така да можеш и сам да си направиш ППК ;).
-
Или направи ја на универзална плочка (со дупки) и со лемење на жички спрема шемата, ова не е предавател (ВФ техника) и ќе работи и направена на тој начин.
-
ќе биде ли некој љубезен да ја нацрта поубаво шемава ?
-
(http://electroschematics.com/wp-content/uploads/2008/10/electronic-dog-whistle.gif)
-
Еве друга шема со поедноставни делови
-
еве како би требало да изгледа правено според шемата на борче, не е некоја голема измена само фали еден спој, кој што го има кај малечко таа што ја даде и кај таа на борче...
оваа на борче 100% работи, испробана е веќе :)
пак проверете да не фали негде нешто
-
Го направив ППК-то , но сеа сакам да ставам некаде ЛЕД и отпорник само незнам каде за да не прегори ледот за да знам кога работи чудото а кога не.
-
од плус према минус ќе поставиш лед диода во серија со 470оми отпорник
-
Го направив али без лед да не ми троши од батеријата , се надевам дека немам некаде грешка
(http://img849.imageshack.us/img849/571/63a3abfdc12343f8bfb1f2f.png)
-
Имам гледано на нет слична шема на оваа на Малечко, само со BD139/BD140 транзистори врзани во H мост кои го возат пиезото и оваа шема наводно била многу гласна и ефективна.
Јас мислам дека гласноста зависи и од волтажата на напојувањето како и од самото пиезо. Обичните пиезо звучници се резонантни на околу 2 до 3 килохерци, не верувам дека ваквите пиеза ќе се покажат добро на ултразвучни фреквенции.
-
Може ли кај нас да се најде помоќен piezo transducer - за поголема фреквенција, да не е звучник?
-
Го направив али без лед да не ми троши од батеријата , се надевам дека немам некаде грешка
Колку што ја разгледав вака набрзина, немаш ;).
-
Оваа што е шемава од борче ја направив ама нема ефект, на излез му имам ставено пиезо базер, што може да биди
-
по што заклучи дека не работи??? ::)
-
по што заклучи дека не работи??? ::)
Он не го слуша звукот :P
-
по што заклучи дека не работи??? ::)
Он не го слуша звукот :P
хахахаха и ја си викам според тоа да не споредува дали работи или не работи :)
-
Јас ги направив овие два проекта и од првиот бегаат смао мачки а од вториот за сега никој,ама ке штелувам и понатаму.Моментално првиот осцилира на 23КХз а вториот на 34 КХз.
-
гледај да го наштеловаш за кучиња да бегаат оти за мачки нема потреба, мачките се мирни животни.
-
За кучиња 26 Кхз ;D ;D ;D
-
За ова што е заклучив дека ниту идат кучиња па ниту бегаат