Author Topic: 10 работи кои ќе ги сфатите ако се заљубите во девојка која сака кучиња  (Read 527 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
1. Никогаш нема да бидете сигурни дали повеќе ве сака вас или нејзиното куче.

2. Секојпат кога се шетате низ градот или некаде во природа, ако види куче сигурно ќе застане да го погали. Сметајте дека ќе изгубите минимум половина час.

3. Исто така, секојпат кога ќе здогледа куче, почнува да се „лигави“ дека и таа сака некое такво, иако веќе има 3 такви.

4. Секое расправање е залудно, нејзиното куче мора да спие со вас во креветот и точка.

5. Ако ги разгледаш фотографиите на нејзиниот Фејсбук профил на пола од нив е таа со кучето, во остатокот е само кучето. Твои слики скоро и да нема.

6. Поскоро би легнала и би заспала покрај кучето, отколку покрај тебе. Од друга страна, пак, неодолива е глетката кога ќе ги видиш како спијат заедно.

7. Влакната од кучето се насекаде, дури и на тебе, па и кога неа ја нема.

8. Кога гледате заедно некој филм сосема е нормално и вообичаено, кучето, без разлика колкаво е, да скокне на креветот и да се смести баш помеѓу вас. Не се обидувај да го тргнеш, поголеми се шансите дека ти ќе завршиш на подот.

9. Не се чуди ако многу често слушаш како на кучето му се обраќа со: „Љубов моја!“

10. Кога ќе те запознава со кучето нека не те чуди ако те претстави како „негов тато“.

извор/повеќе
Code: [Select]
http://www.crnobelo.com/zivot/ljubov-i-seks/30163-10-raboti-koi-ke-gi-sfatite-ako-se-zaljubite-vo-devojka-koja-saka-kucinja
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.