Author Topic: Учебник по Телекомуникации за II година  (Read 1518 times)

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Оваа година по многу години предавање на Практична настава имам и теоретски предмет поврзан со Телекомуникации. Го разгледувам учебникот по Телекомуникации на Искра Јовановска и Јасна Домазетовска за II Година и глеј...мој цртеж од една моја брошура издадена од ЕМИТЕР (Сателитска ТВ, Кирил Крстевски). Е ...убаво на авторите им се допаднал па го вметнале во учебник. Гледам понатаму, пак мој цртеж....Оп....пак. Бројам - вкупно 12 цртежи директно скенирани од брошурата. Во список на користена литература - ја нема брошурата. Па неможе да пишувам учебник за средно, а во список на користена литература да ставам некое списание или некаква брошурка од некој анонимус. ..Ете.... и така можело да се пишува учебник за средно и да се повлечат пари од државата. Па не чинела државата.... Па не чини.

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Muro  учебников и го имам јас пола препишано од некаде, овие професори се од ПТТ, на час не одев кај неа ми викаше во канцеларија да и го пишувам учебникот. Сликите ги скенираше на лице место и дирекно ги стававме во книгата, многу лоша изработка  :)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
MURO, доколку си ти автор на тие цртежи, мислам дека имаш право да дадеш приговор против тие професори. Прво консултирај се со редакцијата на емитер. Не е фер професори да објавуваат „наводно нивни трудови„
Hams do it! With Frequency

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Учебник по Телекомуникации за II година
« Reply #3 on 08.09.2015, Tuesday, 22:34:09 (Edited 08.09.2015, Tuesday, 22:47:31) »
И Hahahaha незнаев дека си од ПТТ погледни го за трета електронски склопови али пишува емитер исто и за четврта електронски склопови се учи телевизија пишува дека земале од емитер и им најдов грешки печатни и пази една лекција ја утнале сликата објаснува таму за ЗД телевизија нели има паралактична бариера кој знае што е паралакса нели тоа е болест на окото нели да се победи таа паралактична бариера за да можеме 3Д да гледаме објаснува како иде 3Д принципот и сликите во  брзање место под б под а ја ставиле а во текстот вели под б и други некои грешки имаше лекција објаснува за кинескоп и тринитрон нели сите можни CRT старине и одеднаш микроскоп место кинескоп оп печатна грешка не е лош учебникот но поготово е се од емитер од каде би земале литература а ја прочитав се дури и српски литератури немам што немам читано и едино јас им ја кажав оваа примедба во учебникот и ме хејтаа мислам после ехх тоа времиња беа и јас завршив во ПТТ барем шалење ми беа стручнине предмети и потсмев се правев паметен преку распуст учев се и после сум се карал за некои работи но со пример ги потврдував моите тврдења и немаше приговор лесно беше школувањето.Едино еден човек што го почитувам многу што знаеше стварно отиде во пензија годинава батка го знае Петре Николовски легенда имаше доста големо практично знаење он стварно можеше книга да напише права книга имаше огромно познавање него не можеше нешто да му кажеш зошто знаеше многу најстар таму од него научив доста како батка така од се имаше познавање учев за да го стигнам он ако би напишал книга би ја напишал убаво али постар беше човекот не се замараше чекаше пензија. Ехх овој форум колку ме научи исто и некои луѓе мајстори а МУРО вие сте Кирил Крстевски се имам прочитано од вас ако сте вие Кирил Крстевски барем вие сте еден од ретките што се потрудиле исто во државава да напишат нешто стручно  ;D ;D :).
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Нормално е при пишување на учебник или стручна статија во списание да се користат статии од други автори, списнија и слично. Никој од нас не ја измислил сателитската телевизија или пак било што друго од електрониката. Тие луѓе што ги измислуваат тие работи баш и немаат време за пишување на статии по списанија. Брошурата "Сателитска Телевизија" е издадена 2005 или 2006 година а учебникот е од 2011. И јас ги видов од некаде цртежите па седнав и ги прецртав. Сигурно не се качив на ракета па ја гледав земјата  и сателитите како се поставени (повеќето цртежи се однесуваат на тоа). Но, не ги скенирав и ги обработив во Paint Brush како што тоа го направиле авторите на учебникот. Како прво, тоа немаше никако ни да помине кај уредникот на Емитер. Немаше да изреагирам ако тоа беше 1 цртеж, дури и ќе ми беше мило, но, ти директно да пренесеш 12 цртежи без никаква обработка и на тоа да ставиш твој потпис ... е со тоа нема да се сложам. Па дури не се ни потрудиле и текстот многу да го променат. Па барем да ја ставеле брошурата во список на користена литература.....Не бе брате мили.. бутај..све ќе се изеде. Дај да земеме ние хонорар за учебникот. Тој патем изнесува околу 2000 евра. Не е малце. Оди направи го тоа на друго место. Еве, не оди далеку..во Србија на пример.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Батка Киро,секоја чест, ама да знаеш дека и јас сум изгорен слично како тебе.Само мене  ме  суредија мои луѓе,затоа што мојот труд не сакаа да го заштитат .Се работи за работната тетратка ОТП за 8-мо одделенеие издание на НТехника Велес од 1992 г. кога за прв пат воведовме вежби од електроника. На една универзална плочка се работеа 4-5 вежби.Беше уникат за кај нас,ама оние од Бонитехна го украдоа урнекот,а потоа советничката Маре Митовкса си направи учебник за 8-мо одделение кое доживеа 5-6 изданија. Народна техника не мрдна со прст да ме заштити како автор,дури ме убедуваа дека било од корист  да се користи мојот материјал за развој на техничкото образование.Видовме до каде го развија! Од сегашна гледна точка јас би ги тужел авторите на учебникот.Со добар адвокат ке им земеш пари и тоа добри.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Батка, значи во иднина ако разговараш со заинтересирани лаици во врска со некоја тема што се разбираш да знаеш дека сакаат само да те искористат :)
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Борче.повеќе ме боли што моите луѓе не застанаа зад мојот тим и зад мене!! Тоа е најлошо. :-\