Author Topic: Јавна опомена на членови  (Read 1829 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Јавна опомена на членови
« Opened on 09.04.2013, Tuesday, 20:38:55 »
Во темава ќе ви ги пишувам јавните опомени, барем оние за кој заслужувате цел форум да ве знае (читај да ви се смее), не дека имам нешто против некого стрикно, него некои членови си даваат малку повеќе простор од другите, ако ги опомениш се чувствуваат навредено и слично. Е за да не се чувствувате така, ќе ви пишам што е проблемот со вас и ќе ви кажам каде грешите (се тоа јавно) и ќе можите да се уверите во истото.

Исто така за некои членови кој се банирани можеби некогаш ќе пишиме и зошто воопшто се банирани, доколку има потреба се разбира.




Славко/Ghost/Delija и сите останати акаунти кој ги користиш тука и на останатите EX-YU форуми
Престани да се инаетиш, знаеш зошто си баниран претходно, идеш ти дозволуваме да седиш, повторно почнуваш со истата приказна, кога ти треба нешто толку си љубезен, учтив, внимаваш како се изразуваш и слично, кога ќе видиш дека стварно си напорен и никој не ти ги чита темите, за да ги оживееш употребуваш се она поради кое си баниран на сите можни балкански форуми поврзани со електроника. Почнуваш да пишуваш на некој дијалект кој е нешто измеѓу кумановски/струмички/кавадаречки со некој голем налив на србизми и се замислуваш дека си интересен.
Извини ама не си!, ако не се поправиш јас лично ќе се залагам да бидеш баниран.
*За да се банира некој потребна е согласност од сите членови на администрацијата инаку
Иако те опоменувам те толерираме како рамноправен член ти се тоа го искористуваш за да си оствариш приватен профит, сите ние знаеме каде ќе оди тој твој проект, сите ние знаеме за што ти толку скокаш и бараш разни дизајни, во ниеден наврат до сега немаш објавено нешто корисно на форум, се е нешто побарување и некој чудни коментари од типот за оживување на темата (која што ти си ја отворил), не дека има лошо во тоа што отвораш теми со прашања, никому тоа не му ни смета, дури во некои прилики и е убацо тоа, ама се тоа е убаво додека не го добиеш тоа што ти треба.
--Нека ти биди ова последна јавна опомена, после непочитување на оваа опомена ќе има други санкции.




Секој кој има нешто паметно да искоментира слободно, немој да се навредувате и расправате, ако имате проблеми со некого имате други начини да ги решите, ако имате нешто проблем со членовите кој ќе бидат наведени тука слободно пишете можеби ќе најдеме некоја заедничка линија и ќе бидат решени проблемите

продолжува.......
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Јавна опомена на членови
« Reply #1 on 28.04.2013, Sunday, 16:54:15 »
како ти веќе да не го знаеш, на толку банирања на тој сајт што ти направија, би требало срам да ти е веќе таму да се најавуваш, а и тука да бараш некој вакви работи.

Би можел да ти помогнам со проблемов, ама пошто знам дека ќе го искомерцијализираш, не ти нудам никаква помош, како и огромен дел од членовите кои се на овај или некој друг балкански форум, каде што си по минимум 3 пати баниран, те научивме веќе кој си и што си, за што си дојден и слично, така да време е да започнеш друга стратегија.
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Јавна опомена на членови
« Reply #2 on 28.04.2013, Sunday, 17:43:53 »
Кога ке испадне во Емитер овој проект,а Гоуст?

Offline Ghost

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 53
  • Gender: Male
Одг: Јавна опомена на членови
« Reply #3 on 28.04.2013, Sunday, 23:22:30 (Edited 28.04.2013, Sunday, 23:35:56) »
како ти веќе да не го знаеш, на толку банирања на тој сајт што ти направија, би требало срам да ти е веќе таму да се најавуваш, а и тука да бараш некој вакви работи.

Би можел да ти помогнам со проблемов, ама пошто знам дека ќе го искомерцијализираш, не ти нудам никаква помош, како и огромен дел од членовите кои се на овај или некој друг балкански форум, каде што си по минимум 3 пати баниран, те научивме веќе кој си и што си, за што си дојден и слично, така да време е да започнеш друга стратегија.
Значит време је за стратегија Г4!? ;)
Пошто бараш нова стратегија од мене,..
А то со банирањата што спомнуеш, то си е твоја работа, пошто се гледа и од авијон дека клечиш по форумиве и мислиш дека само еден човек се јавува од Македонија по тија форуми?! ???
Извини за  овакво објаснуење пошто некоји работи не ти се многу јасни па зато се ми нафрлаш мене, незнам од која причина? >:(
Иначе тој хобиста или незнам на кој мислиш ги растури тиа удбашите или дај кажи за кој форум се работи и дека има банирање за да не е заташкуеме работата. ;)
Ова е за батка (демек топ експерт) браво растураш со тој Емитер да не ти плаќат за реклама? ;) :D
Ајде позззз
Направи нешто од електроника и потоа умри машки!?

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Јавна опомена на членови
« Reply #4 on 29.04.2013, Monday, 01:48:38 »
Не се јавува само еден човек, многу ги има, ама само ти од авион се препознаваш како црна овца меѓу сите други, немам причина за да те банирам (барем не засега, ама да ти кажам дека наопредуваш), си знаеш ти на кој форуми се си баниран и под кои се никови, да не ти набројувам вака се наеднаш во депресија ќе паднеш.

Дали седам на форуми или не си е моја работа, а и за разлика од тебе јас допринесувам нешто, не барам од други се да ми сработат, а јас само парите да ги фатам, те видовме со напојувањето што направи, кога згусти ситуацијата, сите моравте да ургирате за да не се оди на суд. Добар си, продолжи така!


Ја споев темава со другата, да не ми речиш дека не си ја вршам работата, и дека ти ги расипувам темите ;)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Одг: Јавна опомена на членови
« Reply #5 on 29.04.2013, Monday, 02:13:58 »
Значит време је за стратегија Г4!? ;)

Баш ме интересира што стратегија ќе биде :D...

Ние имаме многу интересна стратегија која ќе биде применета веднаш после твојата ;).

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Јавна опомена на членови
« Reply #6 on 29.04.2013, Monday, 15:05:27 »
Е мој Гоуст,Славко,Флај...или како се викаш.Ако малку познаваш ИТ комуникација треба да знаеш дека Администрацијата знае кој од каде и колку пати се јавува на Форум.Тоа и децата го научија.Ако мислиш дека ке го смениш никот и твојот начин на пишување,не знаеме кој се јавува?По Форумиве во Србија, Босна,Хрватска и  каде ли уште не, многу често те провалуваат и те банираат почесто одколку ние тука.И ти ми велиш со  Емитер,ко бајаги, немаш ништо.Ами,оној Гоце некни бараше да се пишува за ламби,лампаши,цени ставаше некои * со друштвото* ке  го правеле и им ветија дека проектот е готов за идниот број.Ние ке чекаме да видиме што ке испадне ,па ке коментираме.А,она за мајстори и почетници,не бери гајле- за тоа нити даваат ,нити кинат медали!

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Јавна опомена на членови
« Reply #7 on 22.07.2013, Monday, 22:55:27 »
Мака ми е, многу ми е мака кога треба да се повторувам јас, а камоли да ги гледам колегиве кај што повторуваат истото па истото цело време се со цел да му се укаже на некој член дека треба малку да намали „ и да ја смири топката “.

Ghost, неси ти некој влијателен фактор кој ќе кажува дали ќе има санкции во администрацијата, закани кај нас од типот ќе видиш ти, не врват многу и нема ни да дозволам јас некој кој е 100 пати баниран да се заканува на било кој друг член на форумов, тоа можеби ќе функционира кај твоите роднини и пријатели (командувањето), ама кај мене не баш толку многу.


Како што знаеш да си фин кога ти треба нешто, а малку „чуден и лев“ кога не ти одговара нешто тебе, јас ќе те отстранам од форумов, така да нема да има на кој повеќе да се закануваш.
Поздрав, наредните регистрации кој сигурно ќе ги направиш, ќе ти бидат веднаш бришени, нема да ти биде дозволен пристап повеќе на овај форум.
Си ги искористи ти твоите џокери доволно е!

Остваруваме...
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Јавна опомена на членови
« Reply #8 on 31.01.2014, Friday, 23:07:57 (Edited 31.01.2014, Friday, 23:12:14) »
Дај бре човече поштедине, признај дека си *(твоето име тука), мака ми е веќе со овие криенки.
Дали не ти е срам, деца од средношколска возраст (15-16 години) да ти се смејат, и децава ги научија и му здосадија тие твои глупости, срам ми е по странски форуми кога ќе те видам како се глупираш, ај тоа што ти од тебе правиш „мајмун“ немој да правиш и од нас останатите кои сме членови по тие странски форуми.
На овај форум веќе долго време те знаеме кој си и што си, а и за што си тука.
Поздрави ги твоите пријатели/колеги кои цело време ти укажуваат да се регистрираш, па нели гледаш дека само си го црниш името бре човече, не ти е ни малку срам дека покрај твоето име го црниш името на твоите најблиски, твоите предци. Нели гледаш дека повеќе НЕ ТЕ САКАМЕ ТУКА ПОВЕЌЕ, ОДИ СИ *(името твое тука), фактот што издржа толку е од чиста досада, мене искрено ми си занимација, дворски шут, кловн ништо повеќе од тоа. А како што гледам и другиве така некако те гледаат. Колегите твои и тие во последно време те избегнуваат, најверојатно ја разбраа и тие твојата приказна, не само што ти се доведуваш во „опасност“ него го доведе и нивниот углед во опасност. Најверојатно затоа и те одбенуваат.

Досега никому не сум му рекол вакво нешто, ама верувај ја претера, наместо да научиш нешто од минатото ти пак по исто.

Додека сум јас тука нема да дозволам некој да го црни овај форум, посебно не Ти, не заслужи.
Сме банирале луѓе за разни работи, некои можеби сметаат дека не сме биле во право, можеби не можам да кажам, ама од наша гледна точка секогаш сме банирале поради некоја причина и сметам дека секогаш тоа (од наша гледна точка ќе повторам пак) било правилно.

Тебе човеку, сме те банирале, те банираме, а како што стое работава и во иднина ќе те банираме.
Седни размисли зошто е тоа така, зошто пилето ја преминало улицата.

Немој да се обидуваш од овај форум да правиш циркуз, нема да ти успее, а тоа кажи му го и на оние твои колеги кои те упатуваат тука да идиш, поздрави ги од мене и пренеси му го ова од мене, оти сите заедно вие можете циркуз да си отворите, доволно си сте, не ви требаме ние.

Криво ви е дека некој е повлијателен од вас, сакате монопол, е жими петко нема монопол, ако сакате да сте некој и нешто потрудете се, не очекувајте дека ние ќе пропадниме, а вие ќе се издигните, дека некој како тебе ќе дојде тука и ќе не прави сите нас будали, не бе човеку, тоа повеќе не може, еднаш проба, двапати проба, трипати проба, е четврт пат нема да ти дозволиме, а нема ни пети, а па ни шести нема да го видиш.
Тој филм одамна заврши во кината, не го даваат повеќе.

Code: [Select]
http://www.youtube.com/watch?v=u0UGsNqLOPQ
[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=dOsSXuhCI28[/youtube]

Посветено до еден наш (моментално) член, повеќето од вас го знаат, некој не го знаат ама ќе го научат за брзо, а тој, тој ќе си се препознае сам кој е и што е !
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Јавна опомена на членови
« Reply #9 on 31.01.2014, Friday, 23:21:48 »
Не ми  е само јасно - дали е стварно убеден дека може да не з...ва или стварно неговите дострели се толку -и крај!!!! Абе ,доста се занимаваме со тебе,седи си  таму и допишувај си се по други Форуми.