Мислам дека подфорумите за аудио техника во делот за аналогна електроника се малку ограничени. И електронските музички инструменти спаѓаат во оваа секција, а сепак освен подфорумот „Осцилатори“, нема друг подфорум кој би асоцирал на оваа бранша од аудио техниката. Знам дека и не е баш најпопуларна област од аудио техниката, но мислам дека би имало членови од форумов (се надевам дека има некои кои се аматери или професионални музичари) кои би се интересирале околу дизајнот на електрнските музички инструменти
.
Имам направено неколку малечки шемички кои мислам дека би биле интересни за изработка. Правени се правени на protoboard па најверојатно ќе треба да ги отворам уредите, цртам и скенирам или да ги цртам во OrCAD, така да ќе ми треба малку време за да ги post-ирам шемите, но мислам дека ќе се најдат членови кои би post-ирале шеми на некои vintage synths, како на пример ARP2600 или MiniMoog-от
.
Ова е чисто предлог, ако случајно не е прифатен, не е проблем, можам да ги post-ирам шемите и во „Општо“ секцијата...