Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: BOBAN on 09.06.2011, Thursday, 19:17:10

Title: Што се учи во 2-ра г. на пракса ?
Post by: BOBAN on 09.06.2011, Thursday, 19:17:10
Значи сакам да знам што се учи во 2-ра година на пракса, бидејќи завршувам 1-ва  ;)
значи, што се работи... што правите и тн..
Смерот ми е: Електроника и телекомуникации
Ако нема од овај смер пишете од други  ;D
Title: Одг: Што се учи во 2-ра г. на пракса ?
Post by: Devil on 09.06.2011, Thursday, 19:32:01
а кај учиш ?
во битола техничко на тој смер на пракса прво полугодие се запознавате со елементите, односно имате прво полугодие теорија кој дел како изгледа кој му се карактеристики, како се испитува, односно мери, како се користи.. после тоа иди на ред цртање на плочи, методи како се прават плочи, рачно со фломастер, на компјутер па со тонер трансфер, ако си заинтересиран ќе ти објаснат и со UV фото постапка како е, ама мислам дека тоа не е во програмата, ама сепак го кажуваат :)

после тоа второ полугодие има некој практични вежби, со по неколку елементи да составите нешто, ви даваат шема и треба после да ја направите
вака беше јас кога учев, некој од втора што заврши нека ти објасни подобро
Title: Одг: Што се учи во 2-ра г. на пракса ?
Post by: BOBAN on 09.06.2011, Thursday, 19:53:41
а кај учиш ?
Учам во Ристе Ристески Ричко - во Прилеп
сепак фала на одговорот
Title: Одг: Што се учи во 2-ра г. на пракса ?
Post by: GigaWatt on 09.06.2011, Thursday, 20:00:58
Учам во Ристе Ристески Ричко - во Прилеп
сепак фала на одговорот

Не сум знаел дека во прилеп има средно техничко, ама па чудно е што има средно техничко, а нема продавници за компоненти, еве во Битола има средно техничко, има и продавница за компоненти, во Скопје има две, има продавници за компоненти. Некако чудно ми е, ако не повеќе, барем од некои општонаменски транзистори и отпорничиња би правел ќар ;). Цело школо ќе купува од таму делови ;).
Title: Одг: Што се учи во 2-ра г. на пракса ?
Post by: aleksandar94 on 09.06.2011, Thursday, 20:57:34
Јас ќе ти одговорам пошто и јас учам во техничко училиште и само што завршив втора година. Па вака во моето училиште ССОУ Коле Неделковски - Велес јас имав пракса 5 часа неделно и тие бе споени (Блок часови)и како што ти кажа Девил погоре првен ги учите електронсдките елементи, па изработувате плочки ние направивме се  на се 7 плочки од кои сите ти ги оценуваат и не можеш да добиеш двојка ако уредот не ти работи, инаку ние плочките во глобала ги правевме од списанието Емитер. Почнувате од наједноставни Трепкач, свирка, испитувач на транзистори, електронски рулет и слично ако те интересира нешто поконкретно слободно прашај тука сме!
Title: Одг: Што се учи во 2-ра г. на пракса ?
Post by: Devil on 09.06.2011, Thursday, 21:09:58
епа ние плочите ги правевме од интернет, оценувањето одеше пред се прво изглед на плоча
економичност, да не е на 10х10цм плоча 4 дела во секој ќош по еден дел, после тоа исправноста и функционалноста на склопот, ако работи и изгледа убаво, значи не е се раштркано убаво залемено со убава форма на лемните точки, и да не работи плочата/ склопот се добиваше од 3-4 нешто, а ако е се убаво и работи 5-че не ти бега :)
Title: Одг: Што се учи во 2-ра г. на пракса ?
Post by: GigaWatt on 09.06.2011, Thursday, 21:13:03
Прашањето изгледа не ми го разбравте, прашањето ми беше, зошто низ повеќе градови во државава има средни технички училишта, а нема продавници за компоненти. И уште едно прашање, за оние кои учат во средно техничко училиште во град кој нема продавници за електронски компоненти, од каде ги набавувате компонентите кога изработувате уреди по пракса? Јас колку што знам, само во Скопје и во Битола има продавници за електронски компоненти, не сум чул да има низ други градови. Можеби има некои, ама повеќе за „општонаменска техника“, значи прекинувачи, бела техника, термостати, итн.
Title: Одг: Што се учи во 2-ра г. на пракса ?
Post by: BOBAN on 09.06.2011, Thursday, 21:18:39
Учам во Ристе Ристески Ричко - во Прилеп
сепак фала на одговорот

Не сум знаел дека во прилеп има средно техничко, ама па чудно е што има средно техничко, а нема продавници за компоненти, еве во Битола има средно техничко, има и продавница за компоненти, во Скопје има две, има продавници за компоненти. Некако чудно ми е, ако не повеќе, барем од некои општонаменски транзистори и отпорничиња би правел ќар ;). Цело школо ќе купува од таму делови ;).
Абе тие што ги интересира оваа работа и од странство ќе си набавуваат ;D
///
Јас си набавувам делови од кај сервисериве за телевизори, DVD-ja ....

Споено мислење: 09.06.2011, Thursday, 21:21:14
Дали по пракса сте правеле некој склоп на мрежен напон од 220 [v] па натака..?
Title: Одг: Што се учи во 2-ра г. на пракса ?
Post by: GigaWatt on 09.06.2011, Thursday, 21:22:57
Абе тие што ги интересира оваа работа и од странство ќе си набавуваат ;D
///
Јас си набавувам делови од кај сервисериве за телевизори, DVD-ja ....

Добро, ама еве на пример, имате за изработка некое коло со 555, од каде ќе го најдете? Го нема ни во DVD-иња, ни во телевизори, каде ќе го најдете. Или некое логичко коло, TTL или CMOS, не е битно, веќе не се користат такви кола во уреди за масовна потрошувачка, од каде ги купувате? Или некој opamp, на пример TL071, 741, или кој и да бил друг операциски засилувач, тие најчесто ги нема во телевизори и DVD-иња.
Title: Одг: Што се учи во 2-ра г. на пракса ?
Post by: Malecko on 09.06.2011, Thursday, 21:25:21
Извинете за офф топиков ;D,ама дали некој некаде сретнал NE555,во некој уред?Јас во временско реле имам сретнато TLC556,ама 555 немам нигде сретнато...


П.С поракава ќе ја избришам за некоја минута..
Title: Одг: Што се учи во 2-ра г. на пракса ?
Post by: SKOLS_OLD on 09.06.2011, Thursday, 21:30:38
Извинете за офф топиков ;D,ама дали некој некаде сретнал NE555,во некој уред?Јас во временско реле имам сретнато TLC556,ама 555 немам нигде сретнато...


П.С поракава ќе ја избришам за некоја минута..
јас кога идев на пракса,во една фирма ги користеа во своите уреди(прототипи).Само не ми кажаа за што служи
Title: Одг: Што се учи во 2-ра г. на пракса ?
Post by: BOBAN on 09.06.2011, Thursday, 21:34:42
Абе тие што ги интересира оваа работа и од странство ќе си набавуваат ;D
///
Јас си набавувам делови од кај сервисериве за телевизори, DVD-ja ....

Добро, ама еве на пример, имате за изработка некое коло со 555, од каде ќе го најдете? Го нема ни во DVD-иња, ни во телевизори, каде ќе го најдете. Или некое логичко коло, TTL или CMOS, не е битно, веќе не се користат такви кола во уреди за масовна потрошувачка, од каде ги купувате? Или некој opamp, на пример TL071, 741, или кој и да бил друг операциски засилувач, тие најчесто ги нема во телевизори и DVD-иња.
Епа овој мајсторов јас од каде што набавувам делови, тинтири-минтири тој ги зема од алфа електроник мислам. И ако ми треба некој операциски засилувач че му речам и че ми најди ама сеа и тој гледа да заработи некој денар ;D не е за џабе  
Title: Одг: Што се учи во 2-ра г. на пракса ?
Post by: SKOLS_OLD on 09.06.2011, Thursday, 21:42:09
Дали по пракса сте правеле некој склоп на мрежен напон од 220 [v] па натака..?
јас сега правев по пракса напојување од 0-30волти еднонасочно напојување.За оценка ни беше.Кој се напојува од 220волти.
Правевме во втора година како работат отпорниците,па сериски и паралелно ги поврзувавме и меревме напон,струја.Потоа баравме колку треба да биде моќноста на отпорникот.Имавме да изработуваме и филтери пропусници на разни фреквенции,потоа во трета(оваа година) правевме предпојачало,појачало со транзистор,тестери,ФМ предавател и на крајот напојување како што кажав горе,кое се приклучува на 220волти.
Иначе и јас сум електроничар за електроника и телекомуникации. ;D
Title: Одг: Што се учи во 2-ра г. на пракса ?
Post by: BOBAN on 09.06.2011, Thursday, 21:46:02
Еее добри сте биле  ;D а тие склоповите сигурно за вас се или остануваат во школо  :)
Title: Одг: Што се учи во 2-ра г. на пракса ?
Post by: mende davitkovski on 09.06.2011, Thursday, 22:13:32
Еее добри сте биле  ;D а тие склоповите сигурно за вас се или остануваат во школо  :)
па кај нас во нашето школо С.О.Т.У Ѓорѓи Наумов - Битола склоповите што ги правиме се за нас
Title: Одг: Што се учи во 2-ра г. на пракса ?
Post by: SKOLS_OLD on 09.06.2011, Thursday, 23:07:13
Еее добри сте биле  ;D а тие склоповите сигурно за вас се или остануваат во школо  :)
се разбира дека се за нас
Title: Одг: Што се учи во 2-ра г. на пракса ?
Post by: aleksandar94 on 10.06.2011, Friday, 10:51:52
Прашањето изгледа не ми го разбравте, прашањето ми беше, зошто низ повеќе градови во државава има средни технички училишта, а нема продавници за компоненти. И уште едно прашање, за оние кои учат во средно техничко училиште во град кој нема продавници за електронски компоненти, од каде ги набавувате компонентите кога изработувате уреди по пракса? Јас колку што знам, само во Скопје и во Битола има продавници за електронски компоненти, не сум чул да има низ други градови. Можеби има некои, ама повеќе за „општонаменска техника“, значи прекинувачи, бела техника, термостати, итн.
Има во Велес еден што продава електронски елементи ама лито работи, ги зема од скопје и продава стари залихи иначе е сервисер на телевизори, а на елементите им става маржа абе тоа чудо ако диода обична е 5 денари он ја продава 10. Но фала богу постојат плочи со стара електроника  ;D а што се однесува за на училиште ние порачуваме од Скопје од Гац, кога нема елемнти во Гац професорот порачува од Битола и така.
Title: Одг: Што се учи во 2-ра г. на пракса ?
Post by: JovanOH on 10.06.2011, Friday, 11:26:17
Прашањето изгледа не ми го разбравте, прашањето ми беше, зошто низ повеќе градови во државава има средни технички училишта, а нема продавници за компоненти. И уште едно прашање, за оние кои учат во средно техничко училиште во град кој нема продавници за електронски компоненти, од каде ги набавувате компонентите кога изработувате уреди по пракса? Јас колку што знам, само во Скопје и во Битола има продавници за електронски компоненти, не сум чул да има низ други градови. Можеби има некои, ама повеќе за „општонаменска техника“, значи прекинувачи, бела техника, термостати, итн.

Во Охрид има 3 продавици за ел. компоненти

Споено мислење: 10.06.2011, Friday, 11:34:12
Јас сум завршив 2 година на Електро-машински училишен центар Св. Наум Охридски-Охрид. Електротехничар за елеектроника и телекуминикации кај нас во 1 полугодие учевме теорија Одбрана од ел. удар сумболи испитување на грец,транзистор,диода тиристори... во 2 полугодие правевме вежби: плочки, едноставни засилувачи, трепкачи, флип флопови... но овие вежби не ги правевме на плочка туку на едни куфери тие куфери се како шаблони не ми текнува од како точно се викаа ама знам дека се ид Германија набавени ако најдам на интернет ке стравам слики