Author Topic: намалување на струја на средни светла на автомобил  (Read 1915 times)

Offline DS

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 104
  • Gender: Male
дечки потребна ми е мала помош. не стално, понекогаш кога колата ми е запалена ми горат средните светлата на автомобилот. значи вака мерев и светлата трошат 3.5A кога возилото е изгасено при напон 12.8V, a 3.8A когае е запалено при напон 14V како на сликата. најверојатно некогаш струјата премногу расте и горат светлата...

што да направам за постојано да тече  помала струја пример 3,5А. пробав со отпорник од 5ohm како на сликата но голема е струјата и отпроникот не може да ја издрзи грее...



како да го решам проблемот? ви благодарам однапред :)
loading...

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3184
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Проблемот ќе го решиш само со замена на реглерот, се друго е импровизација... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline DS

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 104
  • Gender: Male
тoa и мислев. кaквa импрoвизaцијa дa нaпрaвaм :)
loading...

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
диода да ставиш и шпсле неа кондензатор... може и да шмелца релето... мада 120 денари е реле

Offline DS

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 104
  • Gender: Male
мoже некoјa шемa сo кoјa немa дa имa греење нa кoмпoнентите? :)
loading...

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Дали треба да се менува, или не, регулаторот на напон (реглер), потребно е да се знае колкав е напонот на акумулаторот при ≈3000 вртежи/мин. на моторот (во зависност од тип на возило, акумулатор, алтернатор (генератор) и.т.н.).

Quote
најверојатно некогаш струјата премногу расте и горат светлата...
Струјата неможе премногу да расте ако напонот не се зголемува повеќе од ≈14V.

Сметам дека дека имаш проблем во системот за регулација на работата на регулирањето на напонот  без разлика дали е механички или електричен причинител.

Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: намалување на струја на средни светла на автомобил
« Reply #6 on 24.06.2016, Friday, 01:10:25 (Edited 24.06.2016, Friday, 01:13:57) »
bicikle може да е до тоа. Но другар колку често ти прегоруваат сијалиците дали често се случува тоа и кога турираш како работат светат мирно или постепено се јачаат ако се јачаат значи отиден е реглерот ќе треба него да го смениш цел реглер на алтернаторот. Ако не е во ред со реглерот треба да се поврзе амперметар кога работи колата во серија со плусот од акумулаторот односно од плусот што искача од алтернаторот D+ и оди према акумулатор за негово полнење како даваш гас таа струја варира но не смее да надмине повеќе од 15 ампери кај некои реглери 16 +15 па потоа -15 нели она празнење. Зборам за оној инструментот за контрола на полнење на акумулаторите што накнадно во возила се додава а денес е демоде а е многу добра и корисна работа секое време визуелно знаеш како работи реглерот дали е добар. Ова е сериозен проблем ако е отиден реглерот DS испитај. Ако е отиден ќе мора да земеш нов реглер.
Тома друже дури сега видов што си пишал истото твое мислење го имам ми ги зеде зборовите да не пишувам на празно. Твојата метода со мерење на напонот е најлесно нешто така и се проверува волтметарот на плус и минус и турирај ако варира  и оди нагоре не е добро.
Дали треба да се менува, или не, регулаторот на напон (реглер), потребно е да се знае колкав е напонот на акумулаторот при ≈3000 вртежи/мин. на моторот (во зависност од тип на возило, акумулатор, алтернатор (генератор) и.т.н.).

Quote
најверојатно некогаш струјата премногу расте и горат светлата...
Струјата неможе премногу да расте ако напонот не се зголемува повеќе од ≈14V.

Сметам дека дека имаш проблем во системот за регулација на работата на регулирањето на напонот  без разлика дали е механички или електричен причинител.



Одлично кажано впрочем така и се работи
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
ако е реглерот најверојатно за кратко време ќе прегореле и многу други работи, но сосем е во ред да се осигураш дека е се во ред со него.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Никаде не ни спомна за каков тип ( модел) на возило станува збор.Ако е од постариве ,смени реглер и крај! Ако е поново и има електроника,барај го кварот во електрониката за регулација на светлото.Во инсталација во кола отпорници и диоди НЕ се ставаат! Се се сведува на испитување и замена на реглер и алтернатор (евентуално диода прегорена!).Ова се однесува на постарите возила.