Македонски форум за електроника
Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: danot on 18.03.2011, Friday, 14:26:15
-
Заинтересиран сум за правење обртометар за дизел мотор, значи треба да работи преку алтернатор, или пак преку некој ласерски сензор да мери на радилицата, па ако некој има правено, некој има совет или шема, се е добредојдено ;D
-
Пробај најди го емитер бр. 2/1999 или бр.58, во нив имаш шеми за обртометар за дизел мотор , првиот е аналоген, вториот дигитален.
-
Фала за информацијата, ке пробам да најдам некој од тие броеви на емитер, али незнам дали ќе успеам.
Поздрав ;D
-
еве еден аналоген обртомер доста едноставен.и јас сум заинтересиран да правам иако колата ми е со бензински мотор поедноставно е кога тој се поврзува на алтернаторот.на страната има објаснето како да се баждира обртомерот со програм инсталиран на лаптоп кој преку микрофонот ги брои вртежите
http://www.boatdesign.net/forums/onboard-electronics-controls/tachometer-diesel-engines-28134.html
-
Тие од емитер што беа јас ги имам глеано на сколија беше постар број незнам кој точно беше со 2 или 3 лм 3914 и беше со лед диоди незнам колкубеа ама вака некако беа 4 зелени 4 жолти 4 црвени,е сега дали беа сите со ист број зелена црвена жолта диоди незнам ама вака беа некако.
-
Мене не ми е баш важно каков ќе биде тој обртометар, може да биде и со диоди, само сакам да имам некаква контрола врз вртежите на моторот.
Сега проверив на страната на Емитер, во број 2/1999, насловот вика Обртомер за дизел мотор, а во кусото објаснување стои бензински мотор, па ако некој го има тој број би му бил благодарен да ми потврди со сигурност за што точно се работи, планирам да го нарачам тој број.
Поздрав и фала ;D
-
еј ако го најдиш бројот за овај обртомерот...клај слика :D (сакам да го прам)
-
Еве шема,ова е од Емитер,ама не е оригинал.Оригиналот е од ЕЛЕКТОР,а ја имаше и во САМ СВОЈ МАЈСТОР.Само не знам дали е за дизел мотор! :D ;)
-
еј а да не има ова некоје објаснување од прилика до која диода колку вртежи има ???
и шо се оние c3a, c3b,c3c и која е та табела 1 ???
и зошто слика 3 не е иста со слика 4 ... (малце изменета е :( )
-
Има објаснување во текстот.Само ,како што прашуваш ,мислам дека е сложено ова за тебе,подобро направи нешто помало и поедноставно .Еве и Табела 1
-
Оваа шема од емитер што ја стави Батка е за бензински мотори и палење со платина, за да се стави на дизел треба да се направи некој давач на самиот мотор кој ќе ги замени импулсите од платината. Иначе го имам направено овој обртометар и работи беспрекорно ;) :)
-
еј а не требаше првин зелени ,, жолти па црвени.... ?? за поубо да изгледа
-
По некоја логика зелени се ставаат за нормалното подрачје на работа на моторот, значи од 1000 вртежи па до 3500-4000, кога работи без превише туража.
-
како може да се стави на кола со електронско паленје
-
Не сум пробал на кола со бесконтактно палење,би требало да работи со импулсите што ги дава ова палење.
-
Значи овие шеми се за обртометар за бензински мотор, а мене ми треба за дизел мотор!
Имено ми падна една идеја у меѓувреме, па да ве прашам колку е тоа изводливо?
Да најдам некоја шема за фреквенцметар, и со него да ја мерам фреквенцијата директно на алтернаторот, со зголемување на вртежите на моторот се зголемуваат вртежите на синхрониот генератор т.е алтернаторот, со тоа се зголемува и фреквенцијата и тој фреквенцметар што ќе го направам да ги регистрира тие промени, фреквенцијата да се претвори во напон, да ставам аналогни волтметар и само да ја избаждарам скалата со помош на тахометар.
Исто може сигнализацијата да биде и со дисплеи или лед диоди, значи не ми е битно.
Кога барав на гоогле, има доста податоци и шеми, али ја незнам англиски ::)
Поздрав...
-
Значи ништо од обртометар за дизел мотор :(
-
еве еден аналоген обртомер доста едноставен.и јас сум заинтересиран да правам иако колата ми е со бензински мотор поедноставно е кога тој се поврзува на алтернаторот.на страната има објаснето како да се баждира обртомерот со програм инсталиран на лаптоп кој преку микрофонот ги брои вртежите
http://www.boatdesign.net/forums/onboard-electronics-controls/tachometer-diesel-engines-28134.html
Овој обртометар јас го имам направено, поврзан ми е на двофазен алтернатор, на Ломбардини индустриски мотор...
-
врз основа на фрекфенцијата, можеби би можело да се направи следново: на изводите од алтернаторот, каде што ина наизменичен напон, преку кондензатор и грец да поврзиш ву метар.
-
VU метар :o, незнам како работи тој инструмент нити за што се користи, треба да побарам малку по старите Емитери, знам дека имаше еден со Лед диоди :-[
-
не мора да е таков, значи обичен со стрелка, инаку ја мерат струјата, работи на пронцип на магнетно поле, иманку има по стари уреди, има и по ради предаватели, некој што не се исплака да го прајш. да побарам утре можда ќе најда па ако сакаш ќе ти го дадам.
-
Ќе ми треба помош од поискусните електроничари, на овој обртометарот голем дел од скалата ми останува неискористен, пробував нешто со потенциометар со помала вредност али скоро па ништо не се промени, па ако може некој да ми каже со кој отпорник да си играм, т.е да му ја менувам вредноста. Ја сакам да кога ке ја додадам гаста на моторот до крај, стрелката да биде на крај десно, сега стрелката е до пола на скалата кога имам мах гас на моторот, значи втората половина од скалата ми останува неискористена!
(http://img824.imageshack.us/img824/2157/tachod.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/824/tachod.jpg/)
Еве каква стрелка употребувам
(http://img163.imageshack.us/img163/1470/556f.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/163/556f.jpg/)
(http://img267.imageshack.us/img267/4482/555y.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/267/555y.jpg/)
-
Не одговара инструментот веројатно,треба поголема вредност .Овој мери веројатно во микро ампери.
-
Како мислиш поголема вредност, валда помала?
Зашто овака мислам дека електрониката нема доволма моќ да ја отклони стрелката до крај, па би одговарал инструмент(стрелка) со помалку "ампери"!
Што би се случило ако овој отпорникот од 2.2килоома сериски со потенциометарот го ставам со помала вредност?
-
Прво операциониот појачувач треба да дава доволно напон и струја за погон на инструментот од 1 мА,колку стои на шемата.Второ,таму стои 100К тример,а не 2к2.Трето овој инструмент од унимер е многу неефикасен и не знам дали е погоден за ова намена( треба да се види колку мери).Истестирај го со некој универзален инструмент во серија и ке видиш која му е максималната пропусна моќност ( во микро или милиампери!).Пробај со некој поефикасен инструмент.
Можеш да пробаш со универзален инструмент поврзан во подрачје до 1 мА.
-
клај му едно транзисторче кај ваквото...