Квалитетот на деловите и изработката зависи од цената, доколку нарачателот плати повеќе ке добие подобар квалитет, без разлика дали се работи за Samsung, Alcatel или некој друг.
Голем дел од производството во ODM се врши со "off the shelf modules", готови веќе склопени модули за камери, екрани, полначи/контролери за батерии, затоа и многу брендови имаат телефони со исти или многу сличен дизајн.
Обично компаниите како Samsung имаат подобар квалитет бидејки произведуваат голем дел од компонентите/модулите, можат тие компоненти/модули да ги добијат со подобар квалитет за пониска цена(цена на производство), додека некоја компанија која ќе ги купи тие компоненти/модули ќе плати повисока цена за истите компоненти или ќе набави понеквалитетни или компоненти со послаби карактеристики. Еден екран за телефон на Samsunga може да го кошта 50 евра да го произведе и користи во нивните телефони, на Aple или Alcatel истиот екран ќе ги кошта 60 евра (цените се само како пример), бидејки Samsung заработува од продажбата на компоненти/модули.