Македонски форум за електроника

Статии => Статии => Topic started by: BorceBT on 25.10.2009, Sunday, 23:07:56

Title: Крај за селекторот на фрекфентен опсег?
Post by: BorceBT on 25.10.2009, Sunday, 23:07:56
[float=left](http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=140.0;attach=25)[/float]Секој барем еднаш во животот има пробано да го промени фрекфентниот опсег на својот радио приемник со помош на селекторот (прекинувачот или тастерот) и да провери што друго има таму. Но после информацијата дека америчката армија работи на сосема нов вид на радио приемник од почетокот на 90те, можно е во блиска иднина комплетно да се изгуби самата идеа за фрекфентен опсег кај радио приемниците.

Се работи за новиот концепт на таканаречено Софтверски Дефинирано Радио. Имено, се работи за радио приемник кај кој сите елементи освен влезниот предзасилувач бидат дефинирани (кодирани) софтверски наместо да бидат направени од физички електронски кола. Тоа значи дека сите филтри, мешачи и демодулатори се кодирани во софтверот а со тоа се добива невидена флексибилност и се губи смислата на фрекфентен опсег и тип на модулација бидејќи софтверот ќе биде во можност за миг да се преконфигурира за секоја позната модулација и фрекфентен опсег за кој е дизајнирано самото радио.

[float=left](http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=140.0;attach=26)[/float]Колку сме далеку од овој концепт за да може да влезе во секојдневна употреба? Со последниот развој на брзите малошумни аналогно-дигитални конвертори веќе има ентузијасти кои со помош на свои софтвери преку својот компјутер успеваат да направат релативно употребливо радио со опсег од 0.1 до 5МHz. А америчката армија? Таа веќе има мултифункционално софтверски дефинирано радио што прима и демодулира / декодира се и сешто од 0 до 2GHz.