Петрушев,и за теба важи - поконкретно објаснувај ги своите барања.Еве една едноставна шема со три канала -басови ,средни и високи .Со промена на транзисторите ( PNP се!!) со појаки може да ставиш паралелно и поголем број ледици во еден канал.Бидејќи не ја знам намената за што би бил употребен ,да напоменам дека влезовите L/R се врзуваат паралелно со звучниците преку отпорниците од 100 оми.Внимателно ако немаш искуство ,тука најмногу се греши и се горат излези.Место батерија стави исправувач или адаптер од 9 V.