Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Видео техника => Topic started by: MarkoMK on 28.09.2014, Sunday, 22:56:36

Title: Прием на сателитски канали
Post by: MarkoMK on 28.09.2014, Sunday, 22:56:36
Дечки, потребен ми е совет околу сателитскава телевизија, пошто не сум многу упатен.
Ме интересира дали постојат некодирани дигитални канали и со каков приемник можам да ги „фаќам“. Имам чинија и ЛНБ ми треба приемник. Барав по огласиве продаваат незнам дримбокси и некакви други приемници што се поврзувале на интернет па кодови да делам и сл..
Значи прашањето ми е: Немам интернет,немам ништо друго, имам само сателитска антена. Каде да најдам ресивер да си примам канали кои не се заклучени?
Title: Одг: Прием на сателитски канали
Post by: batka on 29.09.2014, Monday, 00:11:52
Нема многу незаклучени - воглавном турски,арапски,.....има нешто на Хотбирд,ама не ти се интересни. Ти треба дигитален приемник,овие другиве аналогниве се веќе одамна прегазени.Ако не купиш дримбокс,ништо од сателитската.
Title: Одг: Прием на сателитски канали
Post by: GigaWatt on 29.09.2014, Monday, 02:07:02
Има една продавница кај млечен ресторан по капиштец, има еден... нешто како мал трговски центар таму, има продавничиња, нешто бутичиња, ова она. Не ми текнува како се викаше продавницата. Таму продаваат опрема за сателитски прием. И јас едно време се интересирав и прашував. Бев прилично добро услужен и се ми беше објаснето ;). Цените се далеку од недостапни и би требало се да ти објаснат ;). Обрати се таму, јас имам позитивно искуство ;). Културни и информирани продавачи ;).
Title: Одг: Прием на сателитски канали
Post by: Lux on 29.09.2014, Monday, 08:49:39
веќе над 600 сателитски антени имам наместено (не дека се фалам само да знаеш секојдневна тоа ми е работа и окулу искуството ::)земиси ресивер оникс-оптикум или јмату да поддржуват софтвер 3329ц (бидеќи има и со други софтвери вакви ресивери) па побарајме на пп ќе ти пратам софтвер да гледаш доста кодирани канали дискавери,анимал планет,н.географија,спорт,планета и т.н.покрај сеободните канали ДМ сат,БН ит.н. и никому ништо да не плаќаш-инаку за овај ресивер цената во Прилеп е 2500 ден, речиси беспари,а половен се движи окулу 1000 ден.не се лажи веќе со дримбокс и некој да ти ги зема парите за без потреба(тоа беше во времето ;D,денес нема стабилна врска за дримбоксот)нема тема на форумов за сателитска телевизија,начин на местење на антена и така натаму што мислам дека е недостаток.Ако некој има прашање во врска со сателитска телевизија,начин на местење,што се гледа- каналите и се нејасно слободно побарајтеме тука сме да си помогнеме позз.
Title: Одг: Прием на сателитски канали
Post by: aleksandar94 on 29.09.2014, Monday, 10:52:41
Тоа што го вели Lux е само привремено решение(за краток рок), никој нема да ти гарантира дека со тој софтвер можеш да гледаш се, засекогаш, кој ќе биде виновен ако тие одлучат да ги сменат кодовите или начинот на кодирање, а тоа најчесто го рават баш пред некој важен спортски натпревар. Во секој град има по некој таков кој што пронашол скриен начин за да гледа разни канали ама тоа не е трајно решение, во Велес на пример е чичко Ерол ;D. Според мене најчиста работа е дримбоксот, и да имаш проблем се јавуваш кај тој што плаќаш шеринг и готово. Или да бидам во стилот на Амди Бајрам , дримбоксот ти е CocaCola  се друго е имитација  ;D
Title: Одг: Прием на сателитски канали
Post by: Lux on 29.09.2014, Monday, 11:09:54
Другарче си слушнал за ауто абдејт.тоа што го кажуваш ти беше за тор сателитот на 1 западно порано кога внесуваш рачно клучеви за одредено време бар недела дена да гледаш после повторно внесуваш-јас не гарантирам ништо но веќе 3 години клуч со рака немам внесено (сигурно чичко ерол знае за што зборам :D) а дримбоксот беше кока кола во стаклено шише од 1 литар кое веќе го нема, од 30 дена гледаш само 20 дена со него али има доста за зборување и пишување на таа тема.јас му понудив бесплатна варијанта освен ресиверот да си го купи.а згора на тоа он праша слободни сака да гледа, а зошто да не кога се можи и кодирани и згора на тоа ќе му пратам цела листа канали во самиот софтвер (од ова порано јас живеев и ранев куќа)позз.ако има прашајње слободно поставете.еве една информација тие што продаваја дримбокс долго време и направија куќи од продавање шеринг зошто сега нудат тотал тв кога стварно имаја чиста пара во рака,малку да размислиме.
Title: Одг: Прием на сателитски канали
Post by: batka on 29.09.2014, Monday, 16:20:38
Факт е дека веке нема програми за без пари.Вака или онака за без пари можеш да гледаш некои безвезни канали,а за спорт,филм или нешто занимливо мораш да платиш! Наједноставно решение ти е да се претплатиш на интернет (3G стик пример) и да си гледаш програми каде нема интернет. Имам сега еден digital TV tuner OMEGA OUDT3 ,како УСБ стик е и на него се врзува мала антена или надворешна ТВ антена ( преку посебен кабел) и со неа гледам 57 програми( воглавном сите од ONE,бесплатните),ама ми дадоа едно програмче со клуч за отклучување на програмите и со него сите се отклучуваат.Не ми го барајте бидејќи и мене одвај ми го дадоа.Значи такво нешто постои.Сега каде и да идам со лап топ можам да гледам DVB-T HDTV .Сетот чини 1000 денари.
Title: Одг: Прием на сателитски канали
Post by: Lux on 29.09.2014, Monday, 18:04:47
Батка тебе те кошта интернетот и стикчето и незнам што 1000 денари со здравје да си го користиш,јас само одговорив што може да се гледа на сателитски приемник за без пари а ако филм спорт дискавери анимал планет н.географија.н.гео вилд,планета,нова спорт,евроспорт и да не набројувам се,се штогодни и безвеза незнам вие што гледате ,единствена манае што нема превод али вонглавно повеќето се на англиски што и нема проблем.И друго е да гледаш филм на компјутер или лап топ и да те болат ушите од вентилаторите дуго е на телевизор.
Title: Одг: Прием на сателитски канали
Post by: batka on 29.09.2014, Monday, 22:51:55
Не се разбравме изгледа - ако ти имаш можност да ги примаш сите тие канали,тоа е во ред.Јас одамна се префрлив на интернет  и имам можност во секое време дома лап топот да го префрлам безжично на ТВ апаратот и да гледам било што на него- од филм до тв програми,спорт во живо и сл.Одамна не сум користел сат приемници и веќе тоа не ми е интересно.Сепак,сите интересни канали се веќе кодирани,а аналогните приемници се минато.
Title: Одг: Прием на сателитски канали
Post by: MarkoMK on 30.09.2014, Tuesday, 00:02:59
Фала ви за одговорите,.. Lux тие што ги кажа оникс и јамто што викаш со софтвер може да се гледа, дали на пример, што вика батка, доколку ги сменат кодовите ќе може оние што се бесплатни канали пак да ги гледам ?
Title: Одг: Прием на сателитски канали
Post by: Lux on 30.09.2014, Tuesday, 09:11:51
Батка-аналогните приемници се уште се користат,но не за гледање туку ќе извадиме некое делче од нив,имаат доста стабилизатори 78хх,трансформатор докај 60 бати,некој кондензатор,лед дисплеј и т.н. :D,и тие канали што ги набројав мислам дека се интересни,единствена мана на сателитска тв.е што нема македонски канали освен МКТВ1,МКТВ2 на дигитален ресивер.

-МаркоМК-ако во случај се кодираат каналите,не се кодираат на сите сателити наеднаш,и згора на тоа ти реков ќе немаш проблем ќе ти го поддесам софтверот да немора ништо да ставаш рачно он сам ќе си пронаоѓа клучевите (аутоабдејт) веќе едно 3 години.твоето прашање и сите кодирани програми да се заклучат секако дека имаш слободни окулу 30 ју програми(српски босански хрватски и.тн)
-Дали твојата антена поседува дисек мотор или обичен (пушка мотор),или статична и ова е многу битно пошото сите интересни канали и ју камали не се наоѓаат не еден сателит.И да не мешаме баби и жабчина едно е кодирање(префрлање на клучевите од еден систем во друг-(ирдето,нагавизион,криптоворкс,и т.н.) а друго е менување фреквенција и сателит на самата програма.

Споено мислење: 30.09.2014, Tuesday, 09:27:09
Еве веќе година дена на преку од 120 ресивери од тие што набројав ја имам наместено, поддржуваат систем со ауто абдејт оди ИДМАН ТВ (кодирана се разбира но не за мене и за тие што ме знаат) -програма за тие што играат спорска :o даваат секакво првенство во фудбал и директни утакмици нема подобра програма од неа за фудбал.инаку програмата е арапска нема превод но за фудбал мислам превод дека нема потреба.

-Да не мисли некој дека сакам да се рекламирам или истакнувам и фалам,сакам само да му помогнам на колегата да разбере што се гледа на сат тв, за сателитска телевизија и сателитски приемници е широка и обемна тема може и роман да напишам па некој што не ги разбира може да збори само нешто погрешно и ден денеска одржувам во кабелска окулу 160 ресивери на ден ама ајде колку без ич :)
Title: Одг: Прием на сателитски канали
Post by: krema on 30.09.2014, Tuesday, 13:18:36
@Lux

Дали можеш да наведеш кои програми (или пакети) и на кои сателити може да се гледат со твојот систем на гледање преку „оникс-оптикум или јмату“ ресиверите!?

Фала