Македонски форум за електроника

Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: SaleSk on 18.09.2012, Tuesday, 23:21:27

Title: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: SaleSk on 18.09.2012, Tuesday, 23:21:27
Како што кажува и самиот наслов.
На кратко ке прикажам еден од начините за декодирање на фабричко радио касетофонче од гамата на Пежо.
Имено станува збор за радиокасетофон на "Blaupunkt Peugeot T1 low", кој се вградува во 206-ка.
За голема среќа кодот на овој тип на радио не може да се искалкулира, а истото е случај и со голем дел од фабричките радија кои имаат кодови...Тоа е позитивно за оние што си ја разбираат работата, бидејќи на еден начин и живеат од таа работа...
На овој тип радио калкулаторор не фаќа, а и она што го дава како резултат е сосема погрешно :)
Така да многу лесно може да го блокирате целокупниот систем и да го направите декодирањето уште покомплексно и поскапо...Подобро за оној кој што треба да земе во таков случај, а полошо за оној што треба да си брцне во џебот...  ;D Него да не го тупам, еве како изгледа радиото:

(http://www.keepandshare.com/userpics/s/a/l/e/sk/2012-09/sm/r1-40469935.jpg?ts=1347958245)

Значи ништо специјално, класика на радиокасетофон од Блаупункт со можност за надоградба со ЦД шаржер...

(http://www.keepandshare.com/userpics/s/a/l/e/sk/2012-09/sm/r2-4872659.jpg?ts=1347958245)

Првата постапка е проверка на комплетната електроника и лоцирање на местото каде се наоѓа информацијата за кодот...На некој РК таа информација се наоѓа на неколку места, односно MCU+ eeprom, на некој е само во MCU-то, кај некој е само во eeprom-от...Таков е случајот со ова радио, односно информацијата за кодот е содржана само во еепромот. За таа цел тој треба внимателно да се извади, да се стави на ПЦ со цел да се исчита информацијата, за да потоа да може да се исчита и кодот.

(http://www.keepandshare.com/userpics/s/a/l/e/sk/2012-09/sm/r3-78874797.jpg?ts=1347958246)

За полесно вадење се премачкуваат контактите со флукс, народски кажано течен калафониум.

(http://www.keepandshare.com/userpics/s/a/l/e/sk/2012-09/sm/r4-97878481.jpg?ts=1347958246)

По вадењето на еепромот, се пристапува кон чистење на плочата со "десолдеринг" жица, која има улога да го собере вишокот од калај, а потоа плочата фино лепо а се исчисти од секаков вид на нечистотија, калафониум итн.

(http://www.keepandshare.com/userpics/s/a/l/e/sk/2012-09/sm/r5-40067070.jpg?ts=1347958247)

(http://www.keepandshare.com/userpics/s/a/l/e/sk/2012-09/sm/r6-99849833.jpg?ts=1347958247)

Така исчистената плоча ни е спремна за враќање на еепромот на своето место одкако ке се исчита фајлот со податоци од него...
Следен чекор е поставување на еепромот на лежиште за исчитување, кое јас во целиот хаос никако не можев да го најдам, па морав да импровизирам со жици, а притоа и да ги доправам ситните преправки на програматорот.  ;D За среќа успеав во тоа без никаков проблем, па целиот хаос изгледаше овака:

(http://www.keepandshare.com/userpics/s/a/l/e/sk/2012-09/sm/r7-97992286.jpg?ts=1347958248)

За да после го вклучам програмот и се да тргне како што треба. Тие што работат со оваква проблематика сигурно ке го препознаат програматорот кој може да се најде по интернет и да се изработи по потреба. Комплетно со цела документација, шеми и упатства...Не е воопшто сложен и комплициран, па така да кој има малку желба и знаење, може да си го направи...

(http://www.keepandshare.com/userpics/s/a/l/e/sk/2012-09/sm/r8-53550260.jpg?ts=1347958248)

Исчитаниот фајл имаме можност да го снимиме во неколку различни формати. Во случајов јас ке одберам екстензијата да биде *.bin како би можел да извршам исчитување на кодот од дадената и дефинирана локација на самиот фајл.

(http://www.keepandshare.com/userpics/s/a/l/e/sk/2012-09/sm/r9-62835496.jpg?ts=1347958249)

Исчитаниот код фино лепо си го запишуваме на ливче хартија. :) И повторно се враќаме на хардверот, односно на лемење на еепромот назад на плочата... Плочата фино се чисти за да не останат траги од калафониум и прљавштини, нормално и за да изгледа културно и пристојно.  Исто како што било и пред заХфатот :)

(http://www.keepandshare.com/userpics/s/a/l/e/sk/2012-09/sm/r10-60613395.jpg?ts=1347958249)

(http://www.keepandshare.com/userpics/s/a/l/e/sk/2012-09/sm/r11-15072303.jpg?ts=1347958250)

Овакво задоволство по мајстори би ве чинело од прилике колку што имам инфо за цените од 5 евра па нагоре...Конкретниов случај околу 500 денари вообичаено.
Доколку се потрудите сами да си го изработите уредот и се ова сами да го направите, ке ве чини дури 200 денари поефтино, а + и ке си научите нешто... :)

Се надевам дека се уште има ентузијасти кои ги интересираат овакви работи, а не само калкулирање на кодови со готови програми...Најчесто во пракса, кога се декодира некое радио, се менува постоечкиот код со друг код, нормално за заштита од пиратерија, такозвана во случајов :)))

За повеќе инфо, слободно прашајте :)
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: batka on 19.09.2012, Wednesday, 00:20:28
Добар туторијал Сале.Порано го работевме ова- уште кога еепромот беше 27Схх ;D,ама добро би било да ја ставиш и шемата на програматорот и програмчето за читање,па да биде комплет.Некаде го имав тоа ,ама сум малку во *реконструкција* на серверите ,па ми е малку збркан пристапот до шеми и програми кои ги имам складирано 8) Јас имав еден програматор со МАХ 232 ,а ако имаш нешто поново да видиме. ;D
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: SaleSk on 19.09.2012, Wednesday, 00:57:00
Ова е најпростиот што постои  ;D
Понипрог, да не го линкувам го има на гугл од старт со комплетна шема и објаснување  ;)
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: GigaWatt on 19.09.2012, Wednesday, 01:36:41
Одличен туториал, само што, кога веќе си ги правел сликите од мониторот, си можел да тераш со Screen Shot-ови ;D. Нема везе, во секој случај, одличен туториал ;).

Инаку, може софтверот (програмот, кодот) и да се patch-ува, никогаш да не бара код или кој код и да се внесе (било кој) да биде „точен“ ;). Само за ова, ќе ви треба debugger, disassembler, симулатор, познавање на асемблерскиот јазик на MCU-то (документација за ова може да се најде online, за скоро било кој MCU), така да, малку покомплицирано е ова ;).
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: batka on 19.09.2012, Wednesday, 02:26:02
Го има веќе сето тоа направено,сум го сретнал и сум работел со него,ама ова одамна не ми затребало ;D ;D Имаше готов програм со впишани четири единици,мислам дека го имам некаде ;D ;D
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: bicikle on 19.09.2012, Wednesday, 06:26:28
Сето тоа е во ред, да знаете да декодирате, како наука, меѓутоа, кодот е ставен од безбедносни причини, па ако нема кој да го декодира радиото, никој не би го украл. Јас се извинувам, не велам дека тие што се занимаваат со декодирање треба да работат, ама може да побараат некоја потврда дека радиото е од оној што бара да го декодира. Ова го велам бидејќи ми имаат украдено 2 радија за во кола, не дека нешто ми грешиле тие што декодираат...
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: GigaWatt on 19.09.2012, Wednesday, 08:08:39
Сето тоа е во ред, да знаете да декодирате, како наука, меѓутоа, кодот е ставен од безбедносни причини, па ако нема кој да го декодира радиото, никој не би го украл. Јас се извинувам, не велам дека тие што се занимаваат со декодирање треба да работат, ама може да побараат некоја потврда дека радиото е од оној што бара да го декодира. Ова го велам бидејќи ми имаат украдено 2 радија за во кола, не дека нешто ми грешиле тие што декодираат...

Тоа е веќе сосема друга филозофско-морална тематика. Не спаѓа во рамките на оваа тема ;). Доменот на темата е околу самото декодирање.
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: SaleSk on 19.09.2012, Wednesday, 08:20:35
Точно. Инаку морав моето сопствено радио да го декодирам бидејќи ми цркна акумулаторот, а никаде ја немаше картичката со кодот  ;D
Можев и со скриншотови, ама апаратот ми беше при рака и све одеднаш штракав  ;D
Одамна не сум го правел ова со декодирањево па ми беше интересно да го поставам...
А и она што го спомна со тоа да нема код, да се нули или било кој друг број е интересно па може да се развие и некоја дискусија на таа тема :))

Сето тоа е во ред, да знаете да декодирате, како наука

хахаха...Ме изнасмеа ова, пошто ме присети на еден филм - Ране, во кој Чика Куре зборува за науката па вели вака: Карање је наука..... (а не декодирање на касетофон да се надоврзам) :)))
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: bicikle on 19.09.2012, Wednesday, 10:48:57
Закон филм ;D (извинете за оф топик, не можев да останам рамнодушен на "rane")
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: Devil on 19.09.2012, Wednesday, 11:07:39
На почетокот најгоре спомна дека кодот може да е во MCU- то, доколку бил таму дали има начин да се прочита ?
поточно, дали досега си сретнал такво радио и дали си успеал да го исчиташ и да видиш што код е и слично ?
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: GigaWatt on 19.09.2012, Wednesday, 17:47:51
А и она што го спомна со тоа да нема код, да се нули или било кој друг број е интересно па може да се развие и некоја дискусија на таа тема :))

Па, се разбира дека може ;). Причината зошто за некои модели нема калкулатор е тоа што кодот им е „хардверски запишан“ (imprinted) во EEPROM-от или MCU-то и кога ќе се внесе кодот преку тастатурата на радиото, само се споредува внесениот код со оној кој е во меморијата и радиото одлучува дали се пушти или не ;). А кодот, можно е и да е некоја секвенца на бројки кои се калкулираат со некој калкулатор, но од страна на самиот производител (на пример, се калкулираат на обичен PC, цела серија, и само се вметнуваат во EEPROM мемориите, а во исто време, производителот има база на податоци во која е запишано кој barcode на која серија и модел кој код го користи). Во вакви ситуации, не може да се напраи калкулатор за „таа и таа“ серија или модел на радио-касетофон бидејќи не ни достапен алгоритмот по кој се пресметува кодот, тој го има само производителот, а не е вметнат во самиот радио-касетофон. А инаку, има модели и кои го калкулираат својот код врз база на серијата (barcode, дел од barcode или нешто трето), па затоа може за нив да се направи калкулатор.

На пример, има модели во кои во EEPROM меморијата (или во MCU-то, ако има EEPROM меморија самото MCU) е зачуван само barcode-от или дел од barcode-от и има и алгоритам за калкулација напишано во истиот EEPROM, така да, они само проверуваат дали со внесување на кодот преку тастатурата, ќе се добие оригиналниот barcode (или, како што спомнав, дел од него) кој е веќе ставен во меморијата. Кај овие радио касетофони, генерално земено, има три пристапи на решавање на проблемот:

1) Може да го исчитате алгоритмот од EEPROM меморијата или MCU-от, заедно со уште еден куп други податоци (значи, во принцип, ќе ви треба debuger или disassembler за тој тип на MCU, за да знаете каде во кодот да го барате она што ви треба ;)) и ќе треба да го reverse-увате алгоритмот, односно да видите како се пресметува кодот за отклучување на радиото врз база на barcode-от ;). Алгоритмите за пресметка не се прекомплицирани (помножи го barcode-от со некоја константа, потоа одземи или додади на тој број некоја константа, направи XOR на ова со некоја друга константа или некоја претходна пресметка, земи ја првата, третата, петтата и седмата цифра од тој број и го добиваш кодот за отклучување... или нешто слично на ова ;)), но сепак, треба да се најдат ;). Во таков случај, можете да направите калкулатор за „тој и тој“ радио-касетофон ;).

2) Да го „натерате“ радиото да „мисли“ дека сте му го погодиле кодот ;). Не мора да му правите reversing на алгоритмот. Програмот се „симулиура“ дека работи во некој debugger, или (уште поедоставно) гледате (преку алгоритмот) што им „прави“ алгоритмот на цифрите од кодот откако ќе се внесат ;). Повторно, ова бара малку reversing, но не мора да знаете како алгоритмот работи, доволно е само да видите што им се случува на цифрите ;). Ако веќе го симулирате програмот, само ќе видите кој код програмот го споредува со barcode-от и ќе ги смените вредностите на barcode-от (во самиот EEPROM) да бидат токму оние кои ги искалкулирал програмот ;). На пример, внесувате 1234 на дисплејот (виртуелно е се ова, најверојатно, во самиот симулатор, ќе треба да го најдете местото во кодот во кој се впишуваат овие четири цифри и да ги внесете „мануелно“, односно, да ги внесете преку некој hex едитор во EEPROM-от), да видите што ќе искалкулира пограмата со stepping низ debugger-от, и да го смените кодот кој сте го добиле со оној со кој се споредува (бидејќи во овој случај, искалкулираниот код нема да биде ист со, на пример, barcode-от со кој се споредува), односно, да испадне на крајот дека „сте го добиле правилниот код“, односно програмот да не го бара веќе кодот ;).

3) Да го преправите кодот во EEPROM-от воопшто да не бара код за отклучување ;). Ова се вика patching и се прави и кај обични софтвери за PC (попознато како crack ;D). Значи, што всушност прави кодот (програмата во EEPROM-от, бидејќи и тоа е програма, само е наменета за друг процесор/MCU, не за Intel-ов ;D, и е многу поедноставна од програмите наменети за PC), во некој дел од програмот, софтверот проверува некој регистер во кој е запишано дали радиото се пушта за прв пат (бидејќи, ако снема струја, односно ако го исклучите радиото од акумулатор, тоа е за него „прв пат“, целата меморија е избришана, clock, date (ако има), па треба се да се подесува од почеток), па при иницијализација на програмата (за „прв пат“) истата проверува некаде (најверојатно прво овие податоци се исчитуваат од некој дел во dump-от, па се запишуваат во некој регистер, привремено, колку за проверка, а можно е проверката да се прави и директно со некоја мемориска адреса во dump-от) дали „е прво пуштање“. Ако радиото се пушта „за прв пат“, препрати ја програмата до дел во кој треба да се внесе кодот, па повторно врати се назад кон извршување на програмата (ова е најчеста „структура“, иако и оваа „структура“ варира од модел до модел). Пред да „рпине“ програмата до некој друг дел од кодот, се врши проверката „дали се пуштам за прв пат“ (споредба, најчесто со некоја константа) и ако оваа споредба е „точна“ (некој flag од регистрите во MCU-то/процесорот ќе ја смени својата вредност), „рипни“ (ова се изведува со асемблерски команди наменети за „тоа и тоа“ MCU) до делот од кодот на програмата во кој се бара внесување на „кодот“. Ова „рипање“ (оваа команда) едноставно може да се пополни со код за „не извршувај никакви операции“ (под Intel-овите процесори, врендоста која означува No Operation, односно NOP, е 90, односно 0x90 хексадецимално, но за различни структури, различен е и кодот ;)), и програмата едноставно ќе си продолжи со нејзиното извршување, односно, пуштање на радиото во употреба ;). Можни се и варијации на оваа структура. На пример, програмата никаде не рипа, едноставно си извршува инструкција по инструкција при првото пуштање и „нормално“ си го извршува и делот од кодот во кој се бара „внеси код“. Во тој случај, треба да го најдете делот од кодот на прграмата во кој се врши проверка на внесениот код и истиот се споредува со некој вантершно внесен, некој пресметан според некој алгоритам или нешто слично, и да ја препратите програмата да „рипне“, од местото во кое се бара внесување на кодот, до некое место (најчесто, наредната инструкција) по кое се извршува верификацијата на кодот ;). На овој начин, делот од кодот во кој се врши верификација на кодот сте го рипнале и програмата си продолжува со нејзиното извршување, односно со пуштањето на радиото во употреба ;).

Знам дека се ова изгледа многу чудно... „хмммм... како може се ова да се случува... мене радиото ми се пушта веднаш, не му треба ни секунда да се пушти“. Епа, во таа една секунда (или половина, колку и да е), може да се извршат милиони инструкции, а на алгоритмот за проверка на код, да не му требаат ни неколку милисекунди за да се изврши. „Темпото“ со кое работат програмите ние не можеме да го видиме ;). Но, за среќа, постојат алатки со кои можеме „да го успориме темпото“ на извршување на програмата на темпо кое нас ни одговара, за да можеме полесно да видиме „што точно се случува тука“ ;).
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: SaleSk on 19.09.2012, Wednesday, 21:58:52
На почетокот најгоре спомна дека кодот може да е во MCU- то, доколку бил таму дали има начин да се прочита ?
поточно, дали досега си сретнал такво радио и дали си успеал да го исчиташ и да видиш што код е и слично ?

Да...Има еден куп радија на кои кодот им е во МЦУ-то...Најчесто тие знаат да се Блаупункт или Грундиг..На времето додека го имав сервисот имав и таква опција, да исчитувам од моторолите, најчесто таму беа информациите, но одкако го затворив, програматорот остана кај другиот дечко и така. Сеа го имам само понито...

@Giga
Секоја чест :)
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: GigaWatt on 19.09.2012, Wednesday, 22:33:58
@Giga
Секоја чест :)

Се што имам пишано погоре, во претходниот пост, е бааги голема зезанција ;D. Ама па, може многу работи да се научат од тоа ;). Некој ќе рече „абе не се исплати“... финансиски, да, ама па не би го правел ова па баш за секого ;D.
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: SaleSk on 19.09.2012, Wednesday, 22:37:46
Ама па, може многу работи да се научат од тоа ;). Некој ќе рече „абе не се исплати“... финансиски, да, ама па не би го правел ова па баш за секого ;D.

Па тоа е многу изгубено време, практично за ич пари...Ова е мое радио, поточно на женами, па и затоа си поиграв, а и споделив на форумов...Ми се виде интересно...
А и во право си...Некогаш работите не се прават за секого..
:)
Или па се прават од чиста љубопитност :))
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: GigaWatt on 19.09.2012, Wednesday, 23:09:42
Па тоа е многу изгубено време, практично за ич пари...Ова е мое радио, поточно на женами, па и затоа си поиграв, а и споделив на форумов...Ми се виде интересно...
А и во право си...Некогаш работите не се прават за секого..
:)
Или па се прават од чиста љубопитност :))

Да да, се разбира ;). Можеби и би го направил за „било кого“, ама само првиот пат ;D, како што рече, од чиста љубопитност ;).

Убаво што си го споделил ;). Сигурно ќе му се најде на некого ;).
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: Steff_Maja on 19.09.2012, Wednesday, 23:28:03
Браво за туторијалов.
Инаку и јас би го правел ова од љубопитност, ама пусто не знаење :D
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: SaleSk on 20.09.2012, Thursday, 00:14:20
Никој не се родил учен...Прво се пишува од а до ш како оди постапката...Второ, програмите се слободни и можеш да ги симнеш од нет. Имаш комплетни шеми како е и што е, само треба неколку саати се тоа добро да го скоцкаш и да проработи...
За да вежбаш, можам да ти испратам фајлови кои сум ги исчитал, па да ги снимаш на еепроми, да си вежбаш...
А ако нешто не ти е јасно, можеш да прашаш...Сигурно ке ти се каже... :)
Само треба да имаш желба и љубов...
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: Steff_Maja on 21.09.2012, Friday, 01:48:26
Желба имам, љубов исто така. Немам ''мајстор'' кој да ме поттурне со лемењето, редоследот и сл. во електрониката. Во Куманово сите се скржави околу овие работи.
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: GigaWatt on 21.09.2012, Friday, 03:45:34
Желба имам, љубов исто така. Немам ''мајстор'' кој да ме поттурне со лемењето, редоследот и сл. во електрониката. Во Куманово сите се скржави околу овие работи.

Пробај сам ;D. Мислам дека повеќето на форумов се самоуки ;D. Порано немаше форуми ;D.
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: batka on 21.09.2012, Friday, 04:19:13
Е,батка,како дојде нашево образование -мораш сам да инвестираш во себе.Ова е скап * спорт* ама се враќа секоја вложена пара!Само ако имаш желба.Форумот е да прашаш и да добиеш одговор.Ваква школа со пари не се плаќа.Важи за сите кои сакаат да учат *занает*- викаат,тој се краде,а не се учи 8).Затоа ,учете,работете,бидете практичари повеке од колку теоретичари ;D ;D
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: SaleSk on 21.09.2012, Friday, 08:23:53
Порано ова никој немаше да ти го каже, а па камоли да ти го слика, и напише детално што треба да направиш...Но бидејќи нема леб повеќе од декодирање на касетофони, не гледам причинма зошто би го криел или не би го споделил...
Исто како и еден куп туторијали кои ги имам напишано за некој работи...
Но никој нема да ти го каже она актуелното како оди...Во тоа биди сигурен :)
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: SKOLS_OLD on 11.01.2013, Friday, 11:23:04
@SaleSK,дали може да се најде хекс фајлот за да можам да го декодирам авторадио касетофонот,за Мерцедес Бенц,Sound 4000?Го купив од бувлјакот за 100 денари,само што е некодиран.
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: Devil on 11.01.2013, Friday, 11:42:59
а ко ќе го вклучиш радиото што ти покажува на дисплејот ?
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: SKOLS_OLD on 11.01.2013, Friday, 11:52:36
дисплејот само свети.
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: Zan on 11.01.2013, Friday, 13:37:21
На дисплејот треба да пишува CODE или 1000 или ---- (4 цртички), во спротивно, радиото е погрешно поврзано или неисправно.
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: SKOLS_OLD on 11.01.2013, Friday, 13:39:01
после ќе го поврзам,но дали може некој да го најде кодот,ако му го дадам серискиот број(или што и да треба?)
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: Zan on 11.01.2013, Friday, 14:52:48
А кој е производител на радиото? Becker, Blaupunkt или др.?
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: SKOLS_OLD on 11.01.2013, Friday, 14:58:53
Grunding е. Сега го пуштив и на дисплејот пишува 'save ' и да надополнам, сега го бара 4 џигерниот код
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: Zan on 11.01.2013, Friday, 15:02:44
Напиши точно кој модел е, сериски број и се друго што пишува на него, па да видиме што може да се направи.
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: SKOLS_OLD on 11.01.2013, Friday, 15:16:10
Grunding (на него пишува mercedes benz sound 4000) serial number: DB1160W1186262  одпозади пишува sound 4000a (тоа малце буни)
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: GigaWatt on 11.01.2013, Friday, 19:23:20
Сними ја содржината EEPROM-от од радиото и отвори ја во hex едитор. Постави го hex едиторот да ја пркажува содржината на .bin фајлот во ASCII код, барај низ кодот, има шанси да најдеш 4 цифрен код некаде, провери дали ќе функционира, ако не бараш уште ;).
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: Devil on 11.01.2013, Friday, 19:43:29
јас колку што прочитав користи микроконтролер на моторола, во него бил сместен кодот наводно, незнам можеби има такво нешто
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: Zan on 12.01.2013, Saturday, 11:14:47
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/s4000a.jpg)

Дали е радиото како ова на сликата? Ако е тоа, тогаш кодот се наоѓа во моторола процесор MC68HC11KA4. За да се дознае кодот, треба да се прочита содржината од процесорот.
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: SKOLS_OLD on 12.01.2013, Saturday, 12:13:00
дисплејот е со портокалаво боја,но,мислам ова е Sound 4000a,а мојов е 4000 (без а).Треба datasheet да симнам за него,па како што се програмира да го исчитам(наместо да го програмирам) и со каков програматор?Јас имам PICKIT 2 clone и други програматори.
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: Zan on 12.01.2013, Saturday, 12:35:33
Не може со PICkit2, треба посебен програматор за моторола процесори. Побарај нешто повеќе на google за xprog-m програматор.
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: SKOLS_OLD on 12.01.2013, Saturday, 14:04:28
дали може некој ако има програматор,да му платам и да го проработам авторадиото?
Или пак,ако е ефтино,а,се исплати,да направам програматор за овие микроконтролери
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: GigaWatt on 12.01.2013, Saturday, 17:54:41
Ај вака направи. Исчитај го dump-от од 24C04 меморијата, зачувај го (за секој случај) и запиши го овој dump во неа ;).

Code: [Select]
http://dump.elektroda.pl/download9811.html
За овој dump кодот е даден, така да, само ќе го внесеш тој код и готово ;).

ПС: Еве го и како attachment ;).
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: Zan on 12.01.2013, Saturday, 18:01:33
Ова радио нема 24C04 меморија, а и тој dump е за моторолата  ;)
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: GigaWatt on 12.01.2013, Saturday, 18:06:36
Ова радио нема 24C04 меморија, а и тој dump е за моторолата  ;)

Хмммм... јас пак online прочитав дека има 24C04 меморија. Ај нека отвори, нека види.

А инаку, зачуван е во некој чуден формат, eep. Најверојатно кратенка од EEPROM. Можно е PonyProg да го отвори.

Како и да е, дел од работата е завршена, сега само треба да најде начин да го исчита MCHC11KA4 и тој dump да го замени со овој ;).
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: Zan on 12.01.2013, Saturday, 18:11:22
Не сум сигурен, но мислам дека eep екстензија користи некој од програматорите на ETL, а тие се најчесто за моторола микроконтролери.

Code: [Select]
http://etlweb.net
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: Devil on 12.01.2013, Saturday, 18:15:48
еве еден bin фајл, од elektroda.pl, имаше некоја дискусија таму за ова радио

Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: SaleSk on 13.01.2013, Sunday, 09:21:07
Motorola се малку проблематични за исчитување, уствари не се проблематични само треба да се има алатка...
:)
А и покрај тоа што има 2404 у комбинација со некој мотороли, кодот не се наоѓа во нив, туку се наоѓа во моторолата, а има и случаеви каде што пола од кодот е во моторолата а пола во еепромот...
Инаку за декодирање на радијава експерт е ТР Електроник, Трајче, кој уште од времето си ги работеше само тие работи...Околу 500 денари е декодирањето...
Инаку јас ги избегнував тие работи, освен за свои лични потреби кога имав желба за тоа...

За конкретново радио треба да се провери со која комбинација на чип и еепром е изведено..Во моментов не можам да го најдам фајлот, пошто ми е на друго ПЦ, па ке проверам и видам дали има некаква информација за истото..
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: SKOLS_OLD on 13.01.2013, Sunday, 15:13:36
Кодот го најдов,се приклучив на форум,им пишав и ми вратија.Сега работи авторадиото  :)
Еве го форумот,има многу работи за автоелектроника,мобилна телефонија итн.
Code: [Select]
http://www.gsm-forum.eu/
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: BOBAN on 18.04.2013, Thursday, 19:46:35
Се заинтересирав за ова декодирање на поновите радија и буквално ништо незнам, дали треба некоја посебна опрема за оваа работа или слично еве тука пишувајте кој знае нека помогне :)
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: Zan on 18.04.2013, Thursday, 19:59:42
Има нешто на таа тема на следниот линк

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=9348.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=9348.0)
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: GigaWatt on 19.04.2013, Friday, 06:10:04
Инаку, само колку да знаеш, бидејќи темата ти беше поставена во секцијата „Радио техника“, под радио техника не се подразбира радиа за автомобили (или општо, радиа), туку високофреквентна техника ;D. Значи, и ТВ техника (примо-предавање на телевизиски сигнали) би спаѓала во радио техника ;). Чисто колку за информација ;).

Е сега, да се навратам на темата. Кажи прво што знаеш за дигитална електроника, па ќе видиме што можеме да објасниме ;). Ако знаеш нешто за EEPROM-и и микроконтролери, hex едитори, debuggers, disassemblers, можеби и ќе успееме да објасниме што како ;). Во секој случај, прво треба да се отвори радиото ;D.
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: BOBAN on 23.04.2013, Tuesday, 21:26:08
Темава заклучете ја / избришете ја.
Не знаев дека постои тема за тоа или сум ја заборавил.. како и да е таму ќе прашам, но прво да ја исчитам :)
Title: Одг: Начин на декодирање на авторадио касетофон или цд (тут.)
Post by: Devil on 23.04.2013, Tuesday, 21:51:06
Ви ги споев темите