Македонски форум за електроника

Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: Buli on 24.05.2011, Tuesday, 11:26:55

Title: Лед диоди на веспа :)
Post by: Buli on 24.05.2011, Tuesday, 11:26:55
Сакам да местам лед диоди на веспата од долната страна кај што седат нозете. ;D Малце е глупа идеа ама нема што да прам. Дајте некој совет од кај да повлечам жици.Дали можи паралелно од некој од прекинувачите за светлата да земам како прекинувач и дали има нешто опасност за трошење на акомулаторот. Дали да му наредам 4 лед во серија или подобро 3 со некое отпорниче?
Title: Одг: Лед диоди на веспа :)
Post by: SKOLS_OLD on 24.05.2011, Tuesday, 11:35:38
јас им направив на другарите од улица(моторџии се) и им земав 500 денари за модул.Ставив 4 пара ЛЕД диоди.Сега да објаснам,еден пар диоди има 3-4 ЛЕД диоди сериски поврзани со еден отпорник од 330 до 470 оми,и сите така се поврзани сериски со отпорник на плусот од напојувањето.Има и заштита со една диода(СМД)  1Н4007 која ги штити диодите ако напојувањето се поврзе обратно. :D ете ти мој предлог јас како ги правам,за поврзување ги поврзува тој другарот кој си го има моторот.Треба да го прашам и да ти пишам.Ќе ти пратам и шема и плочка но треба да го најдам.Плочката е 20*1цм,лента која се става под акомулаторот(колку што јас знам таму тој ги поврзува).
Ја најдов шемата,барам плочка еве ја подоле во ПДФ фајл
искористи ти СМД делови,ова ти е најефтина варијанта,ако имам слика од другарот ќе ти ја покажам
Title: Одг: Лед диоди на веспа :)
Post by: Bojan on 24.05.2011, Tuesday, 11:57:37
за жици можеш да извадиш после контакт клучот, па кога ке дадеш контакт да почнат да ти светат... и за трошење на акумулаторот нема многу да се потроши дека ептен мала струја влечат тие...