Македонски форум за електроника
Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: MarkoMK on 20.06.2010, Sunday, 13:53:41
-
Дали има некој шема за полнач на акумулатор што може по потреба и директно да го стартува моторот (ако нема време за полнење)? Треба да дава голема струја за стартување.
-
За тое ќе ти треба трафо што може да даде 100-150А, ако најдеш такво може да си направиш полнач/стартер.
-
ќе ги засукаш ракавите и ќе туркаш :)
поубав стартер од ова нема
значи тој трансформатор ќе те фати ептем многу, ако може некако некој швајц апарат да се преправи :)
-
фабричките стартети за автомобил имаат вградено батерија односно акумулатор со кој се стартува моторот кога имаш потреба.Најчесто има вградено фенер и трепкач.а за да се направи само со трансформатор и со грц ке ти треба мн. мокен трафо и грец за големи стуи а тоа е доста скапо
-
Имам швајц апарат, на излез дава околу 50 - 70 V зависи на која ампеража е стаено. Ако може со некаква електроника да го симнам напонот на 12 V или мора да се премота трафото.
-
ќе треба да го премотуваш...дека ептен голема струја ке ти треба, а и па убаво ти викаат, направи си полнач еден со акумулатор мал некој, супер ке си врши функцијата а и па поевтино ке те фати...
-
А колку мал треба да биде тој помошен акумулатор? И дали може да ја даде потребната струја во еден момент?
-
мислам дека и најмалиот акумулатор од 12 в мозе да ти заврши работа.На пример некој кои е наменет за мотор.бидејки тој ке се користи само во итни случаи,нема постојано да се користи.
-
абе ти реков јас на туркање најубаво е :)
( се зафркавам не ми замерувајте )
инаку може да земеш некој таму 10Аh или колку се од моторите, и да направиш нешто помал полнач ( со 100W трафо ) и да е во кутија сето тоа, кога треба да се пали уклучуваш на акомулаторчето, а кога не е потребно го ставаш да си се полни :)
-
и да си вгради и мало светло бидејки најчесто дефекти настануваат ноке
-
Па искрено, не е лошо да се носи и фазла акумулатор во кола, би требало барем година дена (ако е нов) да држи струја колку да запали колата, и еден пар клеми, да не мора да го вадиш стариот ;).
-
Може да си носиш акумулатор од мотор 7 до 12Ah и клеми во багажникот и да го чуваш полн додека не ти притреба. И сега значи нема директно да палиш од него туку ќе го приклучиш на големиот, ќе го оставиш така пола саат да го принаполне големиот и после палиш со двата заедно бидејќи само малиот ќе нема доволно ампери за да ја запали колата сам.
-
Да, ова е најисплатливо решение, нов акумулатор не знам која тоно цена е (порано сум гледал цени од 1500 денари па нагоре), ама да градиш ваков уред ќе те кошта сигурно повеќе од тоа ;).
-
Можно е ова да го направам.
Да не знаете колкава струја може да даде акумулатор, од на пример, 10 Аh, без да се оштети?
На акумулаторите го нема тој податок..
-
Јас имам тестирано, акумулаторче од 12Ah може да даде максимум 120A но не подолго од 30 секунди, после тоа се топи внатрешно клемата. Мислам 30 секунди е сосема доволно но 120А за дизел не се доволни, за палење на дизел се потребни барем 200 до 250А, иначе за бензинец со помала кубикажа може и ќе завергла но напонот ќе биде многу мал (3-4 волти) така да мора да ја правиш „финтата“ со дополнување на големиот акумулатор од малиот (да чекаш) за да може после двата заедно да дадат струја за палење.
-
Јас имам тестирано, акумулаторче од 12Ah може да даде максимум 120A но не подолго од 30 секунди, после тоа се топи внатрешно клемата. Мислам 30 секунди е сосема доволно но 120А за дизел не се доволни, за палење на дизел се потребни барем 200 до 250А, иначе за бензинец со помала кубикажа може и ќе завергла но напонот ќе биде многу мал (3-4 волти) така да мора да ја правиш „финтата“ со дополнување на големиот акумулатор од малиот (да чекаш) за да може после двата заедно да дадат струја за палење.
немозе така со 4екање затоа што тој малиот кога ке го оставис да го полни другиот за поласат тој малиот ке се истроси а другиот пак нема да пиде пол и нема да запали едноставно ке си го турнес афтомобилот како сто каза девил
-
може така, но како што ти спомна борче за некој со помала кубикажа, нема да може за багер или грејдер, ама пегле сигурно ќе запали ;D
ахахах
-
немозе така со 4екање затоа што тој малиот кога ке го оставис да го полни другиот за поласат тој малиот ке се истроси а другиот пак нема да пиде пол и нема да запали едноставно ке си го турнес афтомобилот како сто каза девил
Колега дај бре пишувај ги ш,ж,ч,ќ нека не те мрзи,ова го мислам добро намерно и за сите членови да важи. ;)
Еве преведено од моја страна:
Неможе така со чекање затоа што тој малиот кога ќе го оставиш да го полни другиот за поласаат тој малиот ќе се истроши а другиот пак нема да биде полн и нема да запали едноставно ќе си го турнеш аВто мобилот како што кажа девил. :)
Извинете за офф топик... ;D
-
Не, баш убаво што спомна, и јас имам приметено ваква појава во последно време, дај корегирајте се за да нема после санкции!
-
ок одсега повеќе ќе внимавам на ова :-[
-
добро ајде по некогаш к и ќ се случува да се помешаат за тоа нема многу да важи, ама избегнувајте бројки да пишувате наместо букви
имаме супер азбука не мора да ја расипуваме :)
-
се е под контрола девил ахахаххах мислам со фонтот на азбуката
-
добро ајде по некогаш к и ќ се случува да се помешаат за тоа нема многу да важи, ама избегнувајте бројки да пишувате наместо букви
имаме супер азбука не мора да ја расипуваме :)
ја ептен малце користам Ќ....зашто не сум сигурен кај се користи.. ::)
-
малце одд топик оти во др теми не ми одговорија колку пари е лед диода од тие не со фарбано стакло тие со прозирно од внатре бојата со ја даваат во алфа електроник
-
А зошто да неможи дирекно на 220в,само две трафа од по 25-30А па сериски врзани така при вергланје и до кај 70А ќе креват. Инаку за диоди имам 600А да можи да искрепи ќе сликам и ке видите што диоди се :).
-
пошто ако врзиш сериски ќе ти се крени напонот, паралелно се поврзува за струјата, ама проблем тоа што ако едно трафо за малку ти е појако од другото ќе го оштети :)
-
70А малце ти се за стартер...
-
мисла не може туку така да се врзуваат трафоа... остај тоа, грец за ова не ми се верува дека може со диоди, требаат тиристори и управувачки дел за нив сосе заштита. Башка тоа треба огромни кондензатори, мада ај на 15волти и не се многу скапи, ама сепак требаат минимум 10 по 10к ..Имаше во емитерон некој си таков исправјач со тиристори мада беше наменет за швајцапарат, поднесуваше 250 ампери, но може да се искористи и за трафо од 9 волти.
-
Нема потреба од кондезатрои доволно е само со диоди ако одиш преку акумулатор ако одиш дирекно на клеми без акумулатор тогаш ќе журниш се од електронка од новите коли што се, а за овие постарите нема проблем.
Само паралелно ке се поврзат трансторматорите и за да се исти сам ке ги моташ ако имаш моталица нема да имаш проблем иако се со мала вредност различни нема да има проблем.
-
да не мора да има ама не се наодмет, зависи и акѕмулаторото ако е скроз заминат не е лосо да имат мислам.
-
За трансформаторот направивме пресметки со помош на програма Protran 1.0, која се покажа дека е стварно точна, трансформаторот сега дава струја од 100 ампери и напон од 14 волти.
Се испробано и работи супер...
А линк за програмот?
-
Пробај да го симнеш од овој линк
http://www.box.net/shared/dfscx6hnzs
Ако не успееш јави?
Кодирај линкови !!!
-
која ватажа се трафата и зошто имаш 2 поставено ??
-
Најверојатно за појачување на струјата од 10 на 20 А или колку и да е.
-
Двете трафа се планирани да даваат струја по 100 Ампера, и у празен од имаат 15.3 Волти. Тоа би дошло околу 1500 вати. Поврзани се во паралелна работа на еден исправувач. Значи стартерот дава струја од 200 ампера. Кола запали и без акумулатор.
Испробан е стартерот да запали машина која има алансер од 2.4 Kw, и успешно беше запалена, не е баш како со акумулатор, али битно е да запали.