Најчесто од жештината во компјутерите први страдаат електролитските кондензатори во напојувањето и во матичната плоча. Во овој пост ќе видиме промена на електролитските кондензатори во напојувањето.
Симптоми: необично зуење, свирење на напојувањето или поекстремно: компјутерот сам се гаси по одредено време (кога ке загрее), трепери индикаторот за вклученост на компјутерот, нестабилна работа и понекогаш воошто не сака да се вклучи.
Решение: промена на електролитските филтер кондензатори на излезот од напојувањето.
На долната слика можете да видите отворено квалитетно напојување. Кондензаторите се лоцирани десно горе блиску каде што излегува снопот на жици (излезот).
Кондензатори најчесто има два типа: од 1000uF (микрофаради) и од 2200uF (микрофаради). Колку и да бил нивниот напон (10V или 16V (волти)) на оригиналите вие од продавница за електронски компоненти си купувате неколку парчиња од 1000uF/16V и неколку парчиња од 2200uF/16V.
Ги одлемувате еден по еден кондензаторите кои се 1000uF, 1500uF или 2200uF и на нивно место ставате нови кондензатори (наместо 1500uF ставате 2200uF).
Многу битно! Електролитските кондензатори се поларизирани, имаат плус и минус. Минусот е обележан со црна линија на куќиштето на кондензаторот од страната на минус изводот. Многу е битно кога го ставате новиот кондензатор наместо стариот да го погодите плусот и минусот како што треба, во спротивно напојувањето нема да работи.