На 5 километри од мене се наоѓа аеродромот петровец па сигурен сум дека можам да го слушам нивниот разговор ако направам таков приемник А и мислам дека е дозволено да се слуша
http://www.circuitstoday.com/aircraft-radio-circuit
Дали е можно наместо 2N918 да употребам BC109C , BC547 , BC558 ?
Не знам во каква финансиска состојба си, но чим имаш интернет дома значи плаќаш по најмалце 500 денари месечно за него. Ако имаш кабелска, интернет и телефон плаќаш најмалце 1000 ден. месечно. Не е можно да немаш 30 денари за транзистор па да импровизираш со BC транзистор од аудио класа.
Иначе како и да е, нема да можеш да ги слушаш разговорите од контролната кула бидејки си во близина на аеродромот бидејки од реонот на аеродромот Александар Велики не се емитува сигнал (разговор) меѓу контрола на летање и пилотите. Сигналот се емитува од една планина во централна Македонија. Од аеродромот во Петровец едино се емитува еден сигнал на 108,х MHz ФМ (не памтам добро која децимала беше) каде компјутер со човечки генериран глас кажува некои координати, моментална температура на воздухот и некои сл. податоци. Не знам за што точно им е потебно тоа на пилотите.
Иначе имам слушано и радио сигнали од авиони и контрола на летање од Марково Крувче од Водно, нај интересно ми беше кога слушнав еден пилот рече: Добар ден Тирана. До ден денес не ми е јасно како е ова возможно
Иначе најчесто се слушаат сигналите од Петровец и авионите кои транзиткираат кроз Македонија. Не сум сигурен но мислам дека го фатив сигналот на аеродромот во Софија и Косово.