Епа еве, нека биде локацијата Скопје, сега само уште место и време да договориме. Јас не би препорачал кафичи или дискотеки од следните две причини.
1. Во Скопје пијачките во дискотетеките и кафичите се изгор скапи (тоа го знаат сите Скопјани, па и тие што не живеат во Скопје се чуделе на цените). На пример, една сечена водка во кафич во центарот на Скопје варира од 80 до 100 денари, додека во Крушево имам пиено сечена водка и за 40 денари, што е релативно евтино (ова беше пред едно 2, 3 години, не знам дали сеуште се исти цените). Слична е ситуацијата и за безалкохолните пијалоци (за тие штоне пијат алкохол
).
2. Во дискотеките и кафичите што сакаат да бидат дискотеки (преку ден кафичи, навечер дискотеки) има релативно гласна музика, па ако се собираме навече или приквечер, нема да можеме асален муабет да си направиме, ќе мораме да се дереме за да се разбереме, и на крај пак нема да се разбереме :S.
Јас би предложил да се собереме во некое позапуштено кафанче каде што можеме да побараме од газдата да се стиша музиката
(што врти на радио или CD плеер најчесто, таквите канчиња немаат жива музика). Исто така би предложил и некаде надвор да се најдеме, ама не знам колку луѓе ќе бидат расположени за таа идеја :S. Башка што сите знаеме како стои ситуацијата во државава со пиење алкохол на јавно место, така да не сакам да ставам луѓе во незгодна ситуација и на крај да си отидат дома со ливче на кое пишува дека должите 50 евра на државата :S.
Темата е отворена за предлози за локација, мене што ми текна пишав
.