Фала за информацијата...
Еве неколку информации до кои дојдов , за жал на потежок начин ,преку сопствен пример .
Елементите од кои ги правам соларните панели ,секој посебно не се царинети со никаква повластена царинска стапка .Напротив , царината е различна и се движи од 0-15% , и на сето тоа ДДВ од 18% ( на сето тоа , значи производ + царина и на тоа вкупно 18% ДДВ, а не само на производот ) .Врв на сето е што плаќам 18 % ддв на транспорт што го извршила најчесто странска транспортна компанија ... .
Иако декларативно соларните панели треба да се со повластена стапка , сепак јас не успеав тоа да го спроведам во дело. Секој кој сака да увезува , мора стоката да е под 50-80 евра , како приватно лице или НЕ МОЖЕ да увезе , мора како правно лице, регистрирано за увоз - извоз...
Плаќаш и на шпедитерската компанија ,ако оди преку друга фирма транспортот освен ако оди преку македонски пошти.Шпедитерот наплаќа по 50-65 евра за услугата..
Ниските цени од Кина се само мамка . Подобро се поминува со материјалите од ЕУ и САД
Секој кој пробал да донесе од Кина , знае дека транспортот и царината чинат повеќе од 2 до 4 пати од цената на производот , ако оди по пошта , а бродскиот товар е друга приказна, таму се работи за огромни порачани количини..
Засега балансирам , на пат е нова голема количина на материјал и баш да видам како ќе поминам овој пат со давачките ..Само да не биде како минатиот пат
И нема шанса да се произведат и да бидат евтини инверторите и контролерите .Кинезите прават дар-мар со цените
Поздрав
П.С. Една работа, кај може да се најдат тие нови закони , јас го имам прирачникот за царинење од 2012 , таму нема ништо за ослободување на соларните панели