Да пробам да одговорам на сите !?
Според цертификатите за квалитет на секој материјал што го добив од производителите , а ги вградувам во панелите , рокот на траење на панелите е голем !!!
Јас давам 3 годишна фабричка гаранција на изработката и употребениот материјал , а според гаранциите за квалитет на употребениот материјал , панелите ЌЕ ТРААТ НАЈМАЛКУ 10 -12 години со 100%снага , потоа 15 години со снага од 90% и над 20 години со давање на снага од 80 % .Тоа се светските искуства со панелите . Ги употребувам истите материјали кои ги употребувва било кој светски производител на панели и затоа очекувам и долг век на траење.Инаку тие ќе работат и после 20тата година , а се исплаќаат пред истекот на 10тата година, гарантирано !!! Значи сето над тие 10 години е добивка .ИНаку во стварноста траат барем 30-40 години ... За загревањето е точно дека многу се загреваат , но со вградени прскалки и големини 3х3 метри немам сретнато.Обично се со големина од 2 м квадратни и моќност до 250 - 280 вати ... Без разлика дали позадината е црна, бела и прозирна , самите келии се темни и на нив се генерира топлина.Се греат обично до кај 60-70 степени , која пак температура е далеку под точката на топење на калајот ( 190 -200 степени ) , така да од таа страна не е проблем дека ќе се одлемат.Кај ТВ се создаваат ладни лемови , но таму се повисоки температурите , кои идат и до кај 100 степени .Но сепак , во приклучните кутии се ставени неколку т.н. бајпас диоди , кои ќе ги преспојат неисправните делови ( колони ) од панелот и тој ќе функционира пак , додуше со намалена снага. МОнокрситалните ќелии имаат подобри карактеристики од поликристалните според откажувањето .Не е точно дека тие траат 2-3 години , ами многу подолго..Што е проблемот со ќелиите ?! Составени од еден или повеќе кристали , тие дење се загреваат , ноќе се ладат .Ако при процесот на производство на келиите и панелот се појавиле микроскопски мали пукнатини , кои понатаму предизвикуваат намалена струја , а зголемен отпор,Бидејќи се сите келии во серија врзани , тече една струја низ нив , и ако некоја келија има поголем отпор , ке се загрева повеќе од другите ( т.н. HOT SPOT ) . Тоа ќе предизвика не пукање на ќелијата ,ами поради поголемото загревање на тоа место , ќе се смени бојата на прозирната фолија , па дури и може и тој дел да се одлепи од стаклото. Но , со внимателна изработка и проверка после изработувањето , сето се сведува на минимум .Ако панелот , кога е готов, се изложи на сонце , со едноставен допир на секоја ќелија , преку стаклото , ќе се осети дали некоја има зголемена температура , тоа е таа „жешка точка“ .Ова се прави и со термо -камера , која патем , дали некој сретнал од каде може да се набави , бидејќи сакам и таква да купам за проверка на панелите... Се надевам дека бев доволно јасен..