И јас ќе пишам еден off topic post. Знам, не треба, ако продолжи дускусијава, ќе се префрли дел од темава во „Случајни муабети“ или некој друга тема.
Ретко на кој форум се развива шема во која се дел сите членови на форумот или дел од нив. Најчеста ситуација е следнава: некој член решил нешто да направи, го направил, ја презентирал шемата, некој друг ја подобрил, некој трет ја подобрил на вториов шемата, итн. Заедничка координација на трудот е многу тешка работа, пред се поради обврските кои ги имаат членовите и се разбира, фактот што не сите членови се слободни (имаат слободно време) во ист период. Најчеста ситуација е таа: се зема некоја идеја од некој член и се доработува од еден, од друг, од трет член, итн. Ова можно е и да не се случува на ист форум. Можно е и некој на блог да ја post-ирал шемата, некој член од некој форум ја post-ирал на форумот, потоа некој трет член ја видел и видел дека може да се подобри, итн.
Да не давам уште примери, мислам дека е јасно што сакам да кажам: координиран напор од повеќе членови на еден форум е скоро невозможно да се изведе.
Ова е до некаде изводливо само во софтверските проекти од една проста причина што членовите може од било каде да работат. Кај и да има PC/лаптоп, а нив веќе скоро секаде ги има, особено на работните места, може да биде нивна „работилница“, така да, во слободно време, кога немаат работа, може да се работи и од работното место. Затоа и овие координирани проекти често знаат да бидат успешни, но исто така, морам да наведам дека и овие проекти најчесто имаат „лидер“ кој го почнал проектот или го наследил од некој, така да, ако лидерот се откаже, најчесто и останатите членови, дел од проектот, се откажуваат и проектот пропаѓа. Има многу примери за вакви „пропаднати“ (no longer updated) проекти.
Сепак, најчеста ситуација кај скоро сите технички науки, без разлика дали е развој на софтер, хардвер или било што друго, е работа на една индивидуа. Земете ги сите open source или freeware софтвери кои сте ги симнале. Најчесто еден човек стои зад целиот проект. Слично е и во електрониката, најчеста ситуација е: некој решил нешто да направи (дизајнира), го направил, го презентирал и тоа е тоа.
Како заклучок, право на секој е што сака да прави, дали ќе го презентира тоа што го направил или не, но да бидам искрен, и јас не се сложувам со ставот на Lux.