Значи секој човек заборава по нешто.Нема човек кој не заборавил нешто кое му било неопходно во некој момент, но што ако некој си го заборавил пасвордот на биосот кој го ставил ??
Во овај туторијал ќе ви објаснам како на најлесни начини можете да го отстраните пасвордот од биосот ( Напоменувам дека не преземам никаква одговорност при можни настанати штети ).
Пред да ви објаснам како оди постапката малку вовед, значи сите оние што мислат дека нема да можат сами да го поправат подобро нека не гибаат, сите оние кој мислат дека можат да го поправат својот систем ( се разбира на свој ризик (пошто не сакам после некој со прст на мене да покажува и да вели дека јас сум му рекол така да прави ) нека се фаќаат на работа.
Има повеќе начини како да го оттргнете пасвордот од биосот и тоа :
* Со користење на backdoor password кој е зададен од производителот
* Со користење на софтвер за „хакирање “ на биосот
* Со ресетирање на CMOS чипот со премостување на џамперите на матичната плоча
* Со вадење на CMOS батеријата за најмалку 10 минути
* Со оптеретување на баферот од тастатурата
* Или нај едноставен начин да го однесете кај некој сервисер кој се занимава со тоа
Запомнете дека повеќето од пасвордите на биосот не го штитат и хард дискот, значи ако сакате да ги извадите податоците од хардот едноставно преместете го во друга машина.
Може да се случи да пасвордот од биосот го заклучува и хардот, ова особено е случај кај лаптопите од IBM , кај овие ако не се отклучи и пасвордот на хардот а притоа да е отклучен на биосот не ќе можете да си ги извадете своите податоци.
* Отклучување со помош на backdoor password :
Повеќето од производителите на биоси создаваат и така наречени backdoor со чија помош може да се отстране пасвордот кој што сте го заборавиле, едноставно се логирате со овај пасворд и го отстранувате вашиот
ВНИМАНИЕ: некои од производителите на биоси своите производи ги заштитуваат со тоа што им додаваат функција да откако ќе се згреши пасвордот 3 пати ви го блокираат цел систем .
Во продолжение еве некои backdoor password за неколку фирми :
Award BIOS backdoor passwords:
ALFAROME, ALLy ,aLLy, aLLY, ALLY, aPAf _award, AWARD_SW, AWARD?SW,
AWARD SW, AWARD PW, AWKWARD, awkward
AMI BIOS backdoor passwords
AMI, AAAMMMIII, BIOS, PASSWORD, HEWITT, RAND, AMI?SW, AMI_SW ,
LKWPETER, A.M.I., CONDO
PHOENIX BIOS backdoor passwords:
phoenix, PHOENIX, CMOS, BIOS
Manufacturer Password (пасворди во зависнос од производителот )
Dell Dell
Biostar Biostar
Compaq Compaq
Enox xo11nE
Epox central
Freetech Posterie
IWill iwill
Jetway spooml
Packard Bell bell9
QDI QDI
Siemens SKY_FOX
TMC BIGO
Toshiba Toshiba
Повеќето лаптопи и некои десктоп системи прават бајпаас на пасвордот ако се притисне левиот Shift додека се бутира системот.
* Софтвер за хакување на биосот
----- овај дел отпаѓа бидејќи софтверот кој се користи е мн. тешко да се пронајде, а и повеќето биоси не дозволуваат да се користи флопи ( на кое ќе биде снимен потребниот софтвер) значи ваквиот дел не може.
* Ресетирање на CMOS чипот со помош на џампери:
Скоро сите матични плочи имаат вакви џампери кој се наменети за бришење на CMOS чипот, со ова бришење не значи дека ќе се избрише и самиот биос кој е снимен во EPROM-от ( EPROM- ова ви е нешто слично на усб флешот но со поинакви карактеристики( електронско впишување и читање кај PROM мемори (поранешните биоси користе бришење кое се изведуваше со помош на UV светлина, ама ова не е мн. битно ), туку дека се бришат сите опции кој се накнадно поставени значи и самиот пасвор кој е наместен.
Најдобар начин да го најде овој џампер е ако го имате упатството од самата матична плоча , кое би требало да ви го дадат кога го купувате ПЦ-то, ако немате вакво упатство тогаш треба да ги барате на матичната плоча сл. ознаки : CLEAR , CLEAR CMOS, CLR, CLRPWD, PWD..
Најчесто овај џампер се наоѓа или до самиот биос на матичната или покрај таа батеријата. А кај лаптопите е под тастатурата негде
Откако ќе го најдите овај џампер го премостувате ( најесто е со три пина од кој 2 во нормална работа се премостени ) значи му ја менувате положбата. Откако ќе му ја промените положбата треба да го вклучите компијутерот за да проверите дали сеуште го има пасвордот, ако го нема го исклучувате копијутерот и џамперот го враќате на неговото поранешно место, бидејќи ако го оставите така при секое ново бутирање ќе ви ги брише претходно внесените податоци.
* Бришење на CMOS чипот со вадење на CMOS батеријата.
Ја ваите батеријата за најмалу 10 минути па после тоа ја ставате наново и се е избришано .. вака би требало да биде во идеален случај ама не е секогаш ова.
Најчесто овие батерии или се залемени или пак има кондензатори кои се полни и не дозволуваат да CMOS чипо има некаква штета, поради тоа што оваа техника CMOS не троши мн. струја вака со ови кондензатори чипот би издржал подого време и без батерија
Најдобар начин е да се изваде самиот чип од лежиштето и да се остави така подолго време ( 24 часа), но и покрај ова пасвордот може пак да остане.
* Со помош на преоптеретување на баферот од тастатурата
Оваа постапка фаќа само кај постари системи и тоа треба најмалку 100 пати да се притисне копчето ESC при бутирање на системот