Е така Atanas, ова се убави фотографии
.
Не се разликува премногу од мојата (Кинеската копија на Dremel 100). Скоро исти се, со таа разлика што мислам дека статорот кај мојата е малку по плоснат и подолг, а кај твојата е малку поширок и пократок... но, можно е да грешам, можно е и исти да се
. Роторите изгледа како да се буквално исти. Можно е евентуално да се разликува дебелината и одот на навојот, на мојата дебелината на навојот е 8mm со 1mm од на навојот (милиметарски винт, не цоловен, на оригиналот Dremel се цоловни, во инчи).
Исто така се разликува и должината на телото самата гравирка, мојата е релативно пократка. Практично завршува два или три сантима по лагерот од страната на четкиците. Затоа и не сакав да земам гравирка од тука. Сите кои ми ги нудеа беа вакви, долги, а јас претходно се навикнав да работам на оригинал Dremel 300, а тие се пократки, со димензии скоро исти како Кинеските копи на Dremel 100, така да, не ми одговараа за држење во рака како пенкало :S... пробав, ама не ми одеше, многу од тежината ми одеше наназад и ми пречеше, не можев да ја држам стабилно гравирката како пенкало :S.
Гига ја имаш истренирано раката, ако знаеш да сечиш и осет ако имаш и со нај кинеска ќе сечиш.
Гледам и други, дали не знаат како, дали така им е по згодно
... ја држат со целата рака, како нож
. Јас на сите клипови кои ги имам гледно, сите ја држат како пенкало, и јас така ја држам
. За голема рака, не е проблем така да ја држиш (очигледно јас имам голема рака
). Ако имаш мала рака и не ти е згодно така да ја држиш, ќе си купиш една од оние сајлите, тие имаат помал напречен пресек и терај така
. Губиш малку на вртежи, но далеку од многу, на пример, без сајла има 30.000 во празен од, со сајла ќе има 25.000, големо чудо
.
Инаку ме има брусалка поткачено, али и не е толку опако, каменот не зафаќа како сечилата со запци. Запците се сташна работа дури и кога врти од инерција машината, па макар и 2000рпм да се на 50w.
А, и мене така ме има поткачено брусилка... па и оваа гравиркава така ме има поткачено мнооогу пати со камче за брусење (најмногу и го користам тоа... иако често сечам и пластика, ме мрзи да менувам камчиња, да ставам мало циркуларче
)... нема проблем
, малку само кожата ќе ти ја одере, далеку од многу
.
Ама пази се од циркулари :S... можеби една од причините поради која ретко го користам малото циркуларче за гравирката е токму таа... не знам, можеби е и потсвесно... мене „као демек“ ме мрзи го менувам камчето со пиличка, а всушност нема везе, најверојатно страв ми е да работам со тоа :S. Ме поткачи еднаш, не сакам втор пат да има. Работам и со циркуларчето, ама само ако имам многу за сечење... не поради друго побрзо се работи и не мириса (ако сечеш со камче за железо, практично ја топи пластиката и смрди, корне
)... ама генерално земено, не го користам често.
Ете гледаш, да не пишев за ова, немаше да сватам дека ми е страв од циркуларчето
.
Атанас вака, прво лагетите обложи ги со слој-два изолир-трака, потоа и статорот кај што се потпира. Пробај стегни така како ќе биде.
Е, добро ти пиша bicikle Atanas, баш сакав ова да го предложам
. Баш така, стави неколку слоја изолир трака околу лагерите и околу целиот статор, склопи и види како ќе работи
.
План б, лежиштата за лагерите обложи ги со санитарен силикон, така да влезат со малце зорт, но сепак да може да влезат со умерена сила, а не со прекумерна сила. Исто и кај лежиштето на статорот, само поентата е рамномерно да ставаш силикон. Може и внатрешна гума да ти збрка работа. Ќе оставиш да се исуши силиконот ден два, па кога ќе склапаш рабовите треба да зеат 2-3мм, што ќе ти биде луфта за стегање.
Јас повеќе би одел со оваа опција, со внатершна гума... не поради друго, ако нашибам силикон или ми влезе некаде кај што не треба, ај потоа оди извади го
. Не дека е премногу тешко, ќе чепкаш со шрафцигерче или нешто друго, ама па зошто да му ја мислам како ќе го вадам потоа
. Вака, со гума, чиста работа е
.
Како сакаш изборот е твој Atanas
.