Идеата ми дојде на најголемата мака кога ја барав еден сат изгубената скиа. За оние што не знаат кога скијаш на газен снег ти се одкачи скијата ќе пролизга тро и ќе застани ама ќе се гледа, а ако скијаш по негазен снег и ти се одкачи можи да биди во радиус од 20 метри од местото кај што падна. Уште потешко е што скиата се закопва внатре, а одењето низ длабок снег и не е баш лесно.
Па така ми дојде ова на памет, едно апаратче кај мене во џеб и по едно на двете скии. Додека скијам моето е изгаснато а другите две се вклучени, ако паднам и загинам една скија го вклучвам моето и го гасам од скијата што е со мене (ако веќе имам таква ), и како се приближам до ските да почни да свири се побрзо и побрзо. За обсегот не треба многу, едно 10 до 20 метри доволно е. За напојувањето мислам дека најдобро е 9V батерија, но ако мислите можи и со друга.
Од вас барам да ми кажите дали е можно се ова да се склопи и да се направи помало од кутија цигари. И ако можи нешто шема. На итернет многу многу слабо, не знам како да пребарам за ова а кога барам за пронаоѓање на скија со радио ми излегва SkiRetriever, ова година е излезено изгледа и не е распространето уште по продавници.
http://skiretriever.com