Имав проблем со една АСУС плоча која имаше многу слаба звучна карта,односно очаен микрофонски влез! Си купи човекот еден,па уште еден микрофон(поскап се разбира!) а на СКАЈП едвај го слушаа.Не беше проблем до подесувањата(се на максимум!) туку во тоа што он-борд звучната беше очајна.За да пробам *склепав * набрзина на универална плочка еден оваков степен за предпојачување на мик.сигнал и добив супер резултати.Плочката е уградена во Ал кутија со влез и излаз и потенциометар на горна страна за одредување на појачувањето.Нема посебно напојување,бидејки го користи напојувањето 5в од микрофонскиот влез.Значи ,на женскиот утикач кој се врзува со стерео кабел на мик. влез на звучната од компјутерот,двата вруки влеза Л и Р се споени заедно.