Македонски форум за електроника
Останато => Софтвер => Topic started by: Zdravkovski on 23.10.2010, Saturday, 12:51:39
-
еве еден линк од каде може да се симне упатство за Eagle на Српски јазик
https://www.scribd.com/document/202048171/Eagle-Uputstvo
https://www.asuswebstorage.com/navigate/s/26E0030C94E341A9B0C9E5D8B7419C47W
-
http://www.cadsoftusa.com/
definitivno podobra programa od ovaa nema ali pak za toa e malku komplicirana za rabota
Кодирај линкови и пишувај на кирилица !!!
-
друже кодирај си линкот, и пишувај на кирилица...
-
Незнам ама за мене Sprint Layout 5 е најдобра и мн едноставна е.
-
Од eagle подобра програма нема да има, за кој знае да ја работ, во споредба со Layout 5 како прво цената за оргинал да ја купиш е со голема разлика.
-
од eagle и те како подобри има :), eagle е аматерска програма, за профи употреба имаш многу подобри програми
-
од eagle и те како подобри има :), eagle е аматерска програма, за профи употреба имаш многу подобри програми
Најпрофесионална е за аматерите, така некако ќе му дојде ;).
-
ги разбирам оние кои велат дека е аматерски софтвер поради тоа шо за тие истата е спанско село
-
а од кај знаеш дека е шпанско село за нив...што ако работеле тие во таа програма па не им се свиѓала па почнале во друга програма да цртаат???
-
ги разбирам оние кои велат дека е аматерски софтвер поради тоа шо за тие истата е спанско село
а од кај знаеш дека е шпанско село за нив...што ако работеле тие во таа програма па не им се свиѓала па почнале во друга програма да цртаат???
дел Бојан ти одговори дел јас ќе ти одговорам
или пак ти немаш во друга програма работено и оваа ја извишуваш :)
едно од двете ќе да е :)
-
или пак ти немаш во друга програма работено и оваа ја извишуваш :)
едно од двете ќе да е :)
Баш така... ај иди кажи им на мултимилијардерските компании за изработка на матични плочи да работат во Eagle ;D.
-
ЏемсБонд и јас се слагам дека Еагле е 8 веке видена * програма ,по малку застарена и подзаборавена.Има веке на пазарот поедноставни програми и полесни за работа,за аматери.За професионалци постојат повеке програми ,кои за жал,сепак треба да се платат.
-
ок е секој има свое мислење а шо се однесува на тоа дека била застарена не би рекол доколку ги имаш видено измените на новите верзии секако тие се недостапни поради цената
-
Ги имам видено сите можни верзии,ако сакаш имам и туторијали на српски итн., ама ако прошеташ по Гугле ке видиш дека има цел куп слични или веке понапредни ( читај - поедноставни!!) софтверски решенија.Твоето мислење е во ред,ама твое е.Добро е да чуеш и други мислења и да видиш што и други работат:Тоа е и целта на ваквите Форуми.
-
Баш ме интересира и дали некој работи од форумот на еагле ?
-
Баш ме интересира и дали некој работи од форумот на еагле ?
Работи си на Sprint-Layout полрсно е, а и мислам дека подобри испаѓаат плочките ;)
-
Баш ме интересира и дали некој работи од форумот на еагле ?
Да. Можеби има и подобри програми, но Eagle мислам дека е единствена што има поддршка за Линукс, па затоа и ја користам. Не е многу комплицирана за работа, како што мислите, а слободно може да се користи за големи и професионални проекти.
А тоа во која програма подобро испаѓаат плочките, мислам дека не е до програмите туку од тоа како ќе ја нацрташ :)
-
Баш ме интересира и дали некој работи од форумот на еагле ?
Кога немам потреба од симулација туку само цртање на плочката еагле е “верна“ и лесна програма. + таа е првата што ја научив ;D
Програмата ОДЛИЧНО си ја брка работата.
-
А има и програми и за симулација откако ке ја нацрташ за на плоча ?
-
има на Target 3001 во комплет со него идеше и Tina (мислам дека така се вика) програма која служи како ауторутер ама мислам дека има и можност за проверка на финалниот продукт
кај поновите програми откако ќе кликнеш за од шемата да ти префрли во плоча, најчесто водовите се споени со ластици (така се викаат rubber bands) и откако ќе направиш конекција со водот, тој се губи, така да се изббегнува проблемот, само што проблем е ако ја нацрташ погрешно шемата
погрешно и плочата ќе ти е
-
Исис професионал, има мошне добар симулатор + може и плочка да се црта. А воедно и воркбенч и другите “понови“ симулатори имаат можност за ПЦБ дизајн.
-
кај поновите програми откако ќе кликнеш за од шемата да ти префрли во плоча, најчесто водовите се споени со ластици (така се викаат rubber bands) и откако ќе направиш конекција со водот, тој се губи, така да се изббегнува проблемот, само што проблем е ако ја нацрташ погрешно шемата
погрешно и плочата ќе ти е
Тоа со rubber bands го имаат сите понови програми, вклучувајќи го и OrCAD пакетот ;).
-
јас си го користам Protel и Eagle 5.11.0.Секој си има свој вкус,исто така,кој почнал со некоја програма и му се покажала добра,продолжил со нејзе и сега затоа го служи цел работен век.Нема најдобра програма за цртање на плочки,секоја има различни предности и изостатоци.Знам дека фабриката за плочки во Скопје,користи Eagle и други програми за цртање на плочки.Тие само ги користат за да ги направат CAM библиотеките.
-
Работава се развлече до безкрај! Едно резиме - никој не вика дека Eagle е лоша програма,ама не сваќам зошто беше поставена темата - со идеа да се фаворизира или брани програмата???? Констатација на повекето е дека иако таа програма е добра,сепак има некои ограничувања кои се надминати кај некои понови програми.Па кој како сака!! Не видов некој да побара Eagle за да види како работи и макар туторијал,па затоа не би одел повеке во некои констатации кои некој ги прифаќа- некој не!! Ова е за да не се доведеме во ситуација да застанеме едни контра други и да докажуваме нешто што не е за докажување.Секој нека види и проба,па нека одбере што му одговара .Одамна рекле- * за вкусовите не се разговара...*
-
Јас имам пробано неколку програми и моментално си работам во спринт 6 ама мислам дека оваа програма е нешто феноменално само да може да се најде лиценца:
http://kov.com/Default.aspx
Ова ми е прва објава по моето регистрирање на форумов Поздрав до сите што работат на форумот помагаат едни на други,оти само така можеме да постигниме напредок ако си помагаме.Ви благодарам на сите поздрав.
Од администрација: Кодирај линкови.
-
Ке може ли некој да ми помогне со оваа плочка бидејќи јас оваа програма ја немам користено и неможам да се снајдам, иначе плочкава мене ми ја јавува само како водови а го немам заземјувањето кое иначе е низ целата плочка. Доколку може некој да помогне многу му благодарам :)
-
Оди во Tools, кликни на Ratsnest, ќе ти се појави масата... ;)
-
Да. Можеби има и подобри програми, но Eagle мислам дека е единствена што има поддршка за Линукс, па затоа и ја користам.
Обиди се со KiCAD, јас тој софтверски пакет го користам (од секогаш) и многу сум задоволен.
-
Да. Можеби има и подобри програми, но Eagle мислам дека е единствена што има поддршка за Линукс, па затоа и ја користам.
Обиди се со KiCAD, јас тој софтверски пакет го користам (од секогаш) и многу сум задоволен.
Ја имам пробано KiCAD, но според мене EAGLE е многу подобра. Последната верзија има доста нови алатки. Исто така, во најновата верзија, може директно да се отвори ел. шема од eagle во LTspice и да се симулира.
-
Најновата верзија на CadSoft Eagle 6.5.0
(http://4.bp.blogspot.com/-Hy52LAV7AF8/T1vyaF6KKhI/AAAAAAAAA4w/fqhkOf85DMo/s1600/eagle+6.1.0.jpeg)
Линк за симнување trial verzija:
ftp://ftp.cadsoft.de/eagle/program/6.5/eagle-win-6.5.0.exe
Кој сака крак за програмата пишете ми во порака.
-
Мене ми треба кракот за овој програм, ќе може да го добијам.
Однапред ти благодарам.
-
Да не знае некој како можам да испринтам двослојна плочка наовој програм, како да го одстранам едниот слој за да можам да го испринтам првин едниот па после другиот. Сега ми ги дава еден врз друг, незнам како да го средам само еден да се покажува. Ако може помош, фала однапред :D
-
Еве едно упатство за принтање што го имам правено за еден друг форум на латиница со српски јазик, но ако е потребно ке го преправам на Македонски јазик.
-
Излезе новата верзија на CadSoft Eagle 7.1.0 а еве и кои нови работи ги има истата
http://www.cadsoftusa.com/neu-in-v7/
Симнување на инсталациата на линкот подолу на кој му треба крак по ПП.
https://www.mediafire.com/folder/661xxy85v2dly/CadSoft_Eagle_7.1.0
-
Во архивата има 3 фајлови што ги направив за Cadsoft Eagle кој се ставаат во фолдерот cam на Ealge и со повикување на еден од фајловите преку менито CAM можите да креирате фајлови со изгледот на вашата ППК плочка во postscript формат кој е векторски и е со точни димензи. Вака изработение фајлови потоа се печатат за да можи да изработите ППК.
Фајловите се креираат во вашиот фолдер каде што се наоѓа проектот и се со исто име како отворениот фајл само со <име на отворениот фајл>_B.PS за долната страна на ППК и <име на отворениот фајл>_T.PS за горната страна на ППК.
PS Bottom.cam За изработка на долната површина од плочката.
PS Top.cam За горната површина на плочката доколку има водови.
PS Double.cam За двослојни ППК плочки, каде има водови од двете страни.
Тестирани се фајловите на 6.3 и 7.2 верзија од програмот но би требало да работат на сите верзии 6 и 7.