Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Предзасилувачи => Topic started by: ZekoZekic on 02.03.2014, Sunday, 13:12:34
-
Ми треба помош во врска со предпојачало со ТДА 4292 кое што го најдов на форумов:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=6829.msg59513#msg59513 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=6829.msg59513#msg59513)
Го имам изработено за да го користам како предпојачало за појачало со TDA7560, но имам еден проблем, односно предпојачалото се си работи во ред само има една мана потенциометарот што е за гласот додека го вртам до пола не се попушта звукот воопшто а после тоа се попушта.Инаку на влез носам сигнал од мп3 плеер.
Еве слики од предпојачалото(се извинувам за лошиот квалитет толку ми е добра кам. на мобилниот):
(http://imageshack.com/a/img42/2373/vxw6.jpg)
(http://imageshack.com/a/img191/5573/fcps.jpg)
За напојување користам регулиран напон од 15в:
(http://imageshack.com/a/img844/1184/0zaf.jpg)
-
Проблем е потенциометарот - има голема вредност и е линеарен.На тоа место ти треба логаритамски и одприлика 10-22К.
-
На тоа место ти треба логаритамски и одприлика 10-22К
Па и таму е 22к само што е линеарен, и не, не треба логаритамски бидејки контролата се врши во самото коло а не на влез. ;)
-
па и јас прво помислив на тоа па пробав со еден 25к логаритамски, 10к линиски и 100к линиски(што имав на располагање) ама со логаритамскиот дури полошо беше а со другите два слично како со овај што е 22к па затоа сега друго не знам што би можело да е?
Споено мислење: [time]02 Март 2014, 19:49:55[/time]
На друга шема што ја најдов на интернет гледам има +елементи кои што ги немаше во таа шема по која го изработив јас па ме интересира да не е потребно и тоа да се додаде за да се реши проблемот?
(http://imageshack.com/a/img191/3766/dy2v.jpg)
-
Во ред е, не ја видов воопшто шемата (дека е 22К лин. тој потенциометар).Види најди даташит за колото и види дали има податок кој напон му доаѓа на пин 24.Потоа може проблем е оној 10мФ електролит паралелно со регулациите.Трета варијанта може да биде да ставиш тример 22к лин.место потенциометарот,да го ставиш некаде на максимум,а на излез да врзеш стерео потенциометар 2х10-22к лог помеѓу предпојачалото и излезното појачало.Дали другите регулации се во ред,односно дали регулираат правилно?
-
да да се друго е во ред само потенциометарот за гласот е проблемот, до пола кога го вртам никаков звук не дава после тоа се попушта нормално.
-
пробано и на компјутер на звучна го поврзав пак исто, ако не ке пробам ке го сменам тој кондензатор од 10мф ако пак не бива таа варијанта со тример и пот. на излез изгледа како оптимална.
-
Пробај смени го потенциометарот за глас со некој од другите, дали нешто ќе се смени. Можно е и интегралецот да е некој фалсификат и да не работи како што треба...
-
Смени потенциометар,мери напони,па ако не е во ред,можеби ИК не е во ред.Ако не бива поинаку,стави потенциометар стерео на излез од пп.
-
па да интегралното не е од сименс туку најверојатно е некое кинеско можно е тоа да е целиот проблем
Споено мислење: 02.03.2014, Sunday, 21:04:20
Сепак таа опција ке ја направам со потенциометар на излез и тример на местото на пот. за гласот и тоа ке му е, да не комплицирам повеке 8)