Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: RoCk-Er on 03.12.2015, Thursday, 16:13:11

Title: Изолација на звукот од слушалките од околината
Post by: RoCk-Er on 03.12.2015, Thursday, 16:13:11
Едно прашање поврзано со слушалки - имам некои евтини слушалки и сакам некако да ги изолирам (внатрешно) со цел звукот да не се слуша надвор, т.е. да слуша само слушателот, а не и останатите. Станува збор за оние поголемите слушалки што одат преку главата (headphones). Има некој идеја?
Title: Одг: Изолација на звукот од слушалките од околината
Post by: GigaWatt on 04.12.2015, Friday, 08:17:25
Поделена е темата.

Може да додадеш тенок сунѓер од внатрешната страна на слушалките, често знаат со вакви сунѓери да пакуваат пратки. Не знам колку простор има за маневрација во внатрешноста на слушалките (колкава е големината на слушалката), така да, не знам дали може да се изведе вакво нешто. Сликај па да видиме.