Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: Lantash on 25.10.2015, Sunday, 22:33:30

Title: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: Lantash on 25.10.2015, Sunday, 22:33:30
Здраво, сакам да направам миксета со 14 канали, имам најдено кутија, имам шеми за mixer и за EQ ама немам шема за клипинг детектор. Дали некој има проверена шема за клипинг детектор и дали може да ја сподели? Фала однапред
Стефан
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: batka on 25.10.2015, Sunday, 23:30:49
Стефан,прво добро дојде на Форумов.Не знаеме колку пракса имаш да правиш една така сложена работа,која ниту е лесна  и едноставна,а и доста чини пари.Објасни која намена би требало да ја задоволи таа миксета и дали сакаш со дискретни елементи да биде или посложена,со какви перформански да биде и колку да те чини? Веке за 200-300 ЕУ имаш добри половни миксери за озвучување. Таа приказна * за да научам нешто * сум ја слушал повеќе пати и ако немаш доволно искуство не почнувај.Клипинг детектор имаме како шема поставувано на Форумот,па побарај.
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: Lantash on 26.10.2015, Monday, 07:59:51
Па вака сега, за пракса може да се рече дека сум прилично добар, се занимавам со електроника околу 7-8 години. Миксетата ќе има 14 моно канали со xlr и 3.5мм влезови за секој канал, ќе има EQ и контрола за јачина на звукот. Ќе има и уште еден канал кој ќе биде стерео и ќе ги контролира сите канали заедно. Многу делови имам дома па нема да ме кошта толку многу, а не купувам миксета половна зашто ги нема сите карактеристики што ми требаат а и проектот ми е интересен да го направам. Исто така на еден од каналите ќе има 2 MIDI влезови за да можам да пишувам музика со миди ноти. Сакам и на секој канал да има клипинг детектор на  влезот, а на главниот стерео канал ќе има клипинг детектор на излезот за да видам дали има клипинг на сите инструменти и микрофони заедно. Во миксетата ќе уклучувам микрофони, гитара, електрични тапани, бас гитара и други инструменти, а миксетата ќе биде уклучена во аудио интерфејс па интерфејсот ќе биде уклучен во компјутер.
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: Lux on 26.10.2015, Monday, 09:21:53
Еве штотуку ја завршувам и мојата 3 миксета за озвучување,еве некои спецификации ке написам за неа,но прво да ти одговорам некои работи.
-За пари незнам колку толку спремај 3-4000 денари секако за да ја направиш не очекувај се дома да имаш,и секако потенциометрите задолжително нови да бидат,после да не биде зашто отиде високотонецот или басот кога ке крцка при нивно вртење.
-Имаш ефтини миксети за озвучување,но немаат таков звук каков ние (барем јас) што сакам.(Ефтиното месо и кучињата не го јадат што викаме / made in Kina, но стварно имаат убава шминка.

Еве нешто за мојата штотуку во изградба,
-Секој влез поседува: Lin/Mic ,Volume, Bass,Treble,Efekt,-на претходните имав и Midle,и Gain,но за моја потреба не се потребни,и на овај миксер не ги вградив,шемата е од DYNAKORD Power Saund 2,и има беспрекорен мек звук,а не онај див како што е на Dynakord Powermade 2.
-Има мастер тоне контрол,и два излези са BASS BINN,два за SOLO  OUT,и два за вграденото стерео појачало во KLASS D 2X1KW,ми преостанува уште SMPS напојувањето које е во изградба, ;D еве некои сликички како изгледа. ::)
(http://i.imgur.com/AOYm6Bh.jpg)
(http://i.imgur.com/hXl5vrq.jpg)
(http://i.imgur.com/GtdhFTJ.jpg)
(http://i.imgur.com/G9vavlR.jpg)

Зборот ми е не се откажувај од изградбата,за пик лед јас многу пребарувања направив,но треба самостојно да го изградиш и повејќе да експериментираш и после да го вградиш на микерот,не очекувај некоја шема што ќе ја видиш да функционира правилно кај тебе на шемите од EQ,или барај шема каде што има пик лед или клип лед,без експериментирање да ја направиш. ;) све што треба тука сме да помогнеме само напред од мене,и не се откажувај било кој и што да напише од твојата замисла :)
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: Lantash on 26.10.2015, Monday, 09:34:20
За миксетава имам спремено 5000 денари, и јас морам да имам middle во EQ затоа што јас свирам метал и во секоја метал песна middle фреквенциите треба да се намалат затоа и ми треба. А за пик лед ќе правам и на секој канал ќе има зашто сакам секој канал точно по потреба да го намалувам или зголемувам, и сакам да гледам колку е јачината. Потенциометарот за јачина на звук ќе биде со слајдер, а сите останати ќе бидат обични.
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: Lux on 26.10.2015, Monday, 09:51:05
И јас свирам ама не метал,само по свадби и фамилијарни веселби,но стварно мене не ми требаат средни но добро е да се имаат,спрема кутијата и потребата јас ја конструирав таква према потребата,добро е да се има XLR,имам и такви,но немам со што да направам отвори на кутијата,а за лизгачи добро е но тешко се сечат прави отвори,така да поедноставно е со кружни,како за маската така и за обработка на лимот и кутијата
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: Lantash on 26.10.2015, Monday, 09:56:06
Во метал музика мора да се намалат средните фреквенции затоа што не звучи дофолно моќно со нив. За отвори за лизгачи ќе користам еден алат кој го направив и со него ќе можам прави да ги направам.
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: KiloVolt on 26.10.2015, Monday, 10:21:55
(http://www.pavouk.org/hw/clip/clip2sch.png)
Еве ти уба шема, ама оваа е за стерео, тебе каналите ќе ти бидат моно, па затоа можеш да ги испуштиш сите компоненти од зелените LED надесно, а ако сакаш и зелените сосе отпорници испушти ги, и онака тебе само клипинг диода ти треба.  ;)
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: batka on 26.10.2015, Monday, 10:29:20
Тука сте некаде,ама сепак далеку.Лукс прави миксер за разглас и свадби,а  Стефан сака миксер за домашно студио,со што концепцијата се менува.Прво миди во миксета не оди,мораш подруго да го решиш тоа.Второ,14 канали со 5000 денари тешко да направиш - еден добар лизгач е до 500-600 денари.Трето,пик метарот и не е неопходен,доволен ти е добар лед VU метар на излез на секој канал ( да го мери соло секој канал посебно ,се прави со прекинувачи) и на излез ,на мастерите.Миди влезовите треба да ги направиш специфично со оптокаплери на влез и со DA/AD koнвертер,што е мала компликација.Гејнот е неопходен ако врзуваш разни инструменти.Она за средните ,верувај, не ти треба потиснување,никој тонец тоа не го прави,доволно е да се на нула.
За половни миксети не реков дека мора кинеска да биде,има избор сега како никогаш досега.Имаш Соундкрафт спирит фолио 6 канална миксета за  4000 денари,како нова.
За Лукс - немој со СМПС миксерот,стави си класика со добо филтрирање и умасување.
Околу умасувањето - тоа е најголем проблем кај рачно правените миксери и треба добро да ја проучиш таа тематика,бидејки секоја грешка доведува до разочарување.Мој предлог - направи еден канал,напојувањето и пробај како тоа би изгледало во живо.
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: KiloVolt on 26.10.2015, Monday, 10:45:08
Друга работа, верувај ми, не сакаш во метал да ги намалиш средните тонови. Да, како соло инструмент во спална соба звучи многу моќно, но во микс, во ниските тонови има тапани и бас гитара, а твојата гитара нема да се истакни туку ќе се совпадни со тој микс на ниски фреквенции, а делот од гитарата што останува ти се високите тонови, и затоа звучи многу послабо во микс. Ти треба да ги засилиш средните во микс, верувај ми. ;) Пробај во некоја програма ако сакаш и увери се. ;)
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: batka on 26.10.2015, Monday, 11:03:32
Не го видов она*KLASS D 2X1KW* 8) ;D.Сепак миксерот нека ти биде со посебно,класично напојување и филтрирање.Киловолт она за средните стои,само не им треба засилување,доволно е да бидат * неутрални*на нула,а ефектот се додава со посебен надворешен процесор.
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: Lantash on 26.10.2015, Monday, 11:28:45
А дали може миксетата да се направи да има 2 излеза, еден USB излез, и еден XLR излез(само еден ќе биде приклучен)? Ако може дали можи да ми кажите како е за со USB? Фала однапред
Стефан
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: KiloVolt on 26.10.2015, Monday, 12:00:31
Абе можи то, ама за со USB треба да имаш некој многу добар A/D конвертор ако планираш нешто солидно да направиш, а тие се скапи.
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: Lux on 26.10.2015, Monday, 12:42:08
Батка-јас и не ги сакам SMPS-напојувањата,има разлика и во звукот и во времетрањето,класиката оди со години,но поради самата тежина за пренос вејке здравствено се пореметивме ;D знаеш што сакам да кажам,
тоа што се гледа на сликата тороидот е напојување за миксерот,и помошни извори на напон за заштитата и вентилаторите и ву метарот-класа д појачалото е може не се гледа убаво тоа е тоа на двата ладнјаци,веќе тестирано и пробано,(800w по канал извадов при мерењата) па напојувањето со смпс оди само за него,и нема никаква врска со миксерот,така и при дефект на смпс-от миксерот продолжува со свирка преку надворешен снагатор за бас биновите и сателитите за тоа се излезите кои ги имам оставено од задната страна,за бас бин (со филтер за фреквенција) и соло од мастер 
тоне контролата звучи ехтра мек звук ,а на предходните миксери средните стоеја на 0 при секоја свирка речиси и ич не ги употребуваме, па затоа оваа е тоа си ја правам по моја мерка и вкус ;)
-Да му помогнам на колегата со миксерот-ако сакаш да приклучиш флеш меморија односно усб побарај на ebay имаш такви за вградување во кутија,усб читачи по доста солидни цени еве вакво нешто зборам.
(http://imgur.com/7qI8SwA)

Споено мислење: [time]26 Октомври 2015, 13:44:00[/time]
(http://imgur.com/7qI8SwA)

Споено мислење: 26.10.2015, Monday, 12:45:43
(http://i.imgur.com/DUbUorg.jpg)
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: KiloVolt on 26.10.2015, Monday, 12:56:38
Не Лукс, го разбрав јас за тоа како мисли, тој сака аналогниот сигнал да го претвори во дигитален и да го прати во компјутер преку USB порт, нешто како екстерна звучна картичка. ;)
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: GigaWatt on 26.10.2015, Monday, 13:11:32
Исто така на еден од каналите ќе има 2 MIDI влезови за да можам да пишувам музика со миди ноти.

Многу ме интересира како ова ќе го изведеш.

А дали може миксетата да се направи да има 2 излеза, еден USB излез, и еден XLR излез(само еден ќе биде приклучен)? Ако може дали можи да ми кажите како е за со USB? Фала однапред
Стефан

Друже, очигледно немаш доволно големо искуство. Послушај го batka, ако ти е само за снимање, купи си половна, во право е, сега има прилично голем избор ;).

А да не зборуваме дека веќе има DAW USB картици по прифатливи цени, кои, во принцип се цели миксети.

-Да му помогнам на колегата со миксерот-ако сакаш да приклучиш флеш меморија односно усб побарај на ebay имаш такви за вградување во кутија,усб читачи по доста солидни цени еве

Не сум чул, така да, не можам да коментирам, но чисто се сомневам во квалитетот на звукот. Имаш datasheet од SOC-от на MP3 плеерот?
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: batka on 26.10.2015, Monday, 13:22:39
Тоа се решава на излез со екстерна звучна карта во вид на усб стик,околу 500 денари е /со 3,5 мм стерео џек на влез за микрофонот.Но. стави и посебен трафо 1:1 за раздвојување на масите. Како што реков не е толку едноставно,како миксер за обично озвучување.

Споено мислење: 26.10.2015, Monday, 13:40:11
За 5000 денари се наоѓа звучна екстерна ,4 канална со можност за миди приклучок,па со едноставен додатен миксер може чуда да  прави,размисли.
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: Lantash on 26.10.2015, Monday, 20:22:32
КилоВолт разбрал точно, сакам миксетата да има излез за да можам дирекно со USB кабел да го уклучам во компјутер
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: KiloVolt on 26.10.2015, Monday, 20:24:42
Јас лично имам пробано од тие екстерни USB звучни картички, 540 ја зедов, тотално ме разочара, кога слушам 320kbps MP3 исто како да слушам 100kbps MP3. А за тие екстерните со MIDI влез што ги спомнува батка неможам да коментирам.

Споено мислење: 26.10.2015, Monday, 20:27:02
А конкретно дали вреди работава, ако стварно ти требаат 14 канали вреди, ако ти требаат 6 негде, подобро е на старо. Ти процени. А ако ти е за да направиш нешто добро, за себе и со љубов, само напред. ;)
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: batka on 26.10.2015, Monday, 22:34:39
КилоВолт разбрал точно, сакам миксетата да има излез за да можам дирекно со USB кабел да го уклучам во компјутер
Цитирам: Миксетата ќе има 14 моно канали со xlr и 3.5мм влезови за секој канал, ќе има EQ и контрола за јачина на звукот. Ќе има и уште еден канал кој ќе биде стерео и ќе ги контролира сите канали заедно. Многу делови имам дома па нема да ме кошта толку многу, а не купувам миксета половна зашто ги нема сите карактеристики што ми требаат…Исто така на еден од каналите ќе има 2 MIDI влезови за да можам да пишувам музика со миди ноти.

Не cум сретнал миксета која има XLR  и 3,5 мм влезови за секој канал.Такво нешто немам видено.И нема миксер со канал кој ке ги контролира сите други канали – тоа е работа на мастерите.Исто така немам сретнато миксета од разгласен тип со MIDI влезови и комбинирани аналогни и дигитални излези - и сето тоа за 5000 денари ! И миди ноти не постојат.Постојат миди влезови и излези, а нотите си се музички елементи.

Малку ти се појмовите измешани ,ама да резимирам - 14  канала  миксер  + оние други додатоци кои ги сакаш могукратно ке ги надминат парите кои ги имаш.Затоа велам - најди екстерна звучна со барем два влеза и еден аналоген миксер + Кјубис и ке можеш и демо снимки да правиш.Во спротивно самоградба не верувам за тие пари да направиш.Објективно.
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: Lantash on 26.10.2015, Monday, 23:05:03
Користам Cubase 8 Pro во моментов и имам направено повеќе песни со миксетата во Cubase но сакам да имам надворешна миксета. Еве доказ дека миди ноти постојат, но сепак сфаќам што сакаш да кажиш:

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/notes.png)

За стерео каналот што спомнав, мислев мастер каналот. Јас имам пријател со миксета со миди влезови а има и XLR i 6.35mm vlezovi na koi ima adapteri za 3.5mm и сакам и во мојата да има. За парите, треба само да купам потенциометри со лизгачи, XLR џекови(женски), 3.5mm џекови, MIDI влезови, сите други делови што ги има во шемите ги имам освен едно интегрално коло што ќе го заменувам.
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: batka on 26.10.2015, Monday, 23:44:05
Тоа не се МИДИ ноти,ами нотите се прикажани со фреквенциите која ја има секоја нота.Секоја нота има своја звучна фреквенција.Ако пишуваш музика не ги пишуваш фреквенциите на нотите ами нотните симболи.За останатото мислам дека се ти напишав.Прочитај ги  добро постовите што сите ти ги пишаа,не само јас ,па одлучи што сакаш.Ако си од Скопје прошетај до Артист,Мими,Зец,ДоРеМи и види барем што се нуди.Ако пак конкретно бараш шеми,пиши освен клип-от што ти треба.
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: Lantash on 26.10.2015, Monday, 23:57:49
Јас ги разгледав сите миксети од тие продавници но сите се или многу скапи или се со малку канали. А јас и сакам да ја правам миксетата зашто ми е интересен проект а и ќе ми користи. Ке ми требаат и некои други шеми но не сега засега.
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: batka on 27.10.2015, Tuesday, 00:30:33
Јас лично имам Focusrite Saffire Pro 14 + Alto S12 и користам Кјубис 5 ( лиценциран), со  куп плагин-и  и сум задоволен.Цената  им е околу 300ЕУ. Може да се направи во домашни услови се што сакаш со нив.Да правам такво нешто во аматерски услови не ни помислувам. Во секој случај,ако имаш желба, пробај.
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: GigaWatt on 27.10.2015, Tuesday, 00:52:18
КилоВолт разбрал точно, сакам миксетата да има излез за да можам дирекно со USB кабел да го уклучам во компјутер

Ти сакаш да направиш USB звучна картичка/миксер ;D ::).

Ај малку реално да гледаме, ова е... горе долу, невозможно во аматерски услови. Барем не за квалитетот на звук кој сакаш да го постигнеш (студиски).

Еве доказ дека миди ноти постојат, но сепак сфаќам што сакаш да кажиш: ...

Друже, бркаш поими. Нота е нота, а како ќе се презентира нотата, односно како ќе биде означена е веќе сосема друга работа. Ако сакам, јас може да ги означам и со алфа, бета, гама, делта... како сакам може да ги означам и паузите и 1/2 и 1/4 и 1/8... тоа е се договор, дали ќе бидат прикажани/напишани вака или онака.

Значи, да се разбереме кратко и јасно, MIDI ноти нема. Има MIDI репрезентација на нотите, ама не постојат некакви си посебни „MIDI ноти“ ::).

Јас ги разгледав сите миксети од тие продавници но сите се или многу скапи или се со малку канали. А јас и сакам да ја правам миксетата зашто ми е интересен проект а и ќе ми користи. Ке ми требаат и некои други шеми но не сега засега.

Реално, побарувањето кое го имаш опишано, моментално спаѓа во домен на научна фантастика. Прво, за реализација на ваков проект, како што имаш опишано (USB, MIDI, аналогни влезови, A/D и D/A конверзија) потребно е многу време, второ, многу знаење, трето, многу пари и четврто, никој нема шема за вакво нешто. Ако користиш посебни модули за дел од компонентите на миксетата (конкретно USB и MIDI), можеби нешто и може да се направи, но не верувам дека ќе бидеш задоволен со квалитетот на звукот кој ќе го репродуцира овој дел од миксетата... особено не ако набавуваш Кинески модули од ebay. USB аудио картиците имаат generic драјвери, а ако успееш преку ASIO4ALL некако да направиш ASIO линк со картицата, кој знае тоа како ќе изгледа и звучи ::). А, да бидеме реални, никој не работи професионално, ниту пак полупрофесионално (барем не под Windows) без картица која нема ASIO драјвери. Ако планираш да ја тераш картицата со generic драјвер, си играш играчки.

Значи, ако ти треба за снимање и професионална/полупрофесионална продукција, подобро чувај пари и фрли ги на нешто така... по саглам. Се знае, никој кој планира сериозно да се бави со ова, не се бафта со домашно правени миксети, па кинески USB картички, па MIDI конвертори со кој знае каков кинески чип на нив ::). Си има професионални уреди за оваа намена. А ако сакаш да си играш продукција, слободно фрли се на правење на миксетава.

Советов е чисто добронамерен, за да не се разочараш. Тоа што сакаш да го изработиш, најчесто го мислат и работат тим на инженери, не еден човек.

Пиши на Google "usb audio interface mixer", да видиш што се ќе ти извади. Цените се далеку од прескапи ;).
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: KiloVolt on 27.10.2015, Tuesday, 10:02:14
Вака, само миксета е екстремно лесно за правење.
Ама после ги имаме другите опции, како:
- EQ
- VU meter/клип детектор
- MIDI влез
- USB интерфејс
Последните две го прават проблемот.
За MIDI влез, најдобро е да си најдеш некој посебен MIDI-to-USB интерфејс, затоа што за MIDI не ти треба миксета, не е возможно да се применат контролите што ги применуваш на другите аудио влезови. Добро, некои се применливи ама со многу додатни модификации а и скапо ќе те фати.

Краток одговор, без MIDI влез и USB интерфејс е изводливо и може да се добие добар квалитет. Со нив, не сум баш сигурен дали е изводливо без жртва во квалитетот.
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: batka on 29.10.2015, Thursday, 00:00:11
Да резимираме:  иако не би сакал да прорекувам,ама изгледа и овој пост ке заврши * без завршница*. Но,мислам  дека морам како Модератор да дадам експлицитен одговор  на сите поставени  реални барања и одговори.Мило ми е што сите постари членови едногласно застанавте зад еден и единствено  исправен став – реално му докажавме  на новиов член дека неговите барања ги преминуваат  можностите за самоградба. Можеби некој стои на ставот дека – се може да се направи,но да напоменам дека самоградбата ниту естетски,а ниту  ни квалитетно може да спои аналоген и дигитален сигнал на ниво кое би го нарекле *(полу)професионална изведба*.Видовме во постовите зошто е така,а понатамошно докажување би било само *удар во ѕид*.Ке повторам дека електрониката денес  е многу напредната и евтина ( за нас не знам дали е толку евтина!),па ни во светски рамки не гледам некој да се зафаќа со правење на дигитални ( или некоја комбинација Д/А)уреди ,кога може лесно да ги набави на и-беј или друг   референтен извор.Значи колега,нереално е за 5000 денари да направиш миксета со 14 канали и карактеристики кои ги посакуваш.Сето тоа теоретски изгледа лесно остварливо,ама во пракса  тоа не е баш така.Да не помислиш дека сме спремни само да критикуваме на Форумов – сакаме да помогнеме секому,ама со реално остварливи барања.Доколку мислиш дека грешиме,докажи ни со финален проект кој е функционален  и како таков представи го на Форумов.
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: Zan on 29.10.2015, Thursday, 00:04:57
14 канали по 5 потенциометри = 70 потенциометри
70 потенциометри по 100 денари = 7000 денари

 ???
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: batka on 29.10.2015, Thursday, 00:28:41
Не рачунај така,членот рече дека има  некој материјал дома,па не  знаеме дали 3 или 30 потенциометри ке купи.Но ,друг пример - да речеме - еден миди кабел in midi/out midi to USB port чини отприлика 50ЕУ.Од искуство пример јас врзувам аналоген миксер на екстерна звучна и снимам на РС со Кјубисот.Софтверот има можност за наснимување,доснимување и обработка на сигналите на поедините инструменти и вокали.Јас никогаш се сум употребил повеќе од 4-5 канали за еден инструмент,макар тоа бил  и голем комплет тапани.Значи,мајсторијата е не во тоа да употребиш максимално 12 канала,ами снимените сигнали квалитетно да ги споиш ,спрема замислата.Со екстерна звучна од 100 ЕУ и барем 6 канален аудио миксер кој чини околу 200 ЕУ може да се направи домашно демо студио и да се прават квалитетни снимки.Останува уште 300-400 ЕУ за добра РС машина со барем I 5 процесор 8 Гб РАМ итн. Остатокот би бил : неколку микрофона,сталки,евентуално сет за тапани,клавијатура .... Се на се  инвестицијата би била некои 1000 ЕУ.Е,сега колку пари -толку музика,Тоа е минимумот,а се под таа цифра не поминува.Во музиката може да си одличен пример гитариста,ама ако немаш добра гитара,појачувач,неколку ефекти на педалата,бадијата ти е талентот.Не можеш на метла да свириш и да си добар!! :) 8) И во случајов е така - еден добар шибер е некаде 300 денари,а само копчето за него е доплнително 1 ЕУ.А колку е цената на еден XLR конектор?? Да не ви кажувам...
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: Lantash on 29.10.2015, Thursday, 08:03:06
Zan, не ми требаат по 5 потенциометри на секој канал зашто ќе има само 3 за EQ и еден со слајдер за јачина на звук, и друго треба само 14 со слајдер да купам и XLR конектори другото се имам.

Batka, јас имам добра клавијатура, имам добра гитара и појачало, на компјутер имам Inter Core i7-4790k, 16 gb ram, Nvidia Geforce GTX980 иако не ми е потребна за аудио продукција, исто така се занимавам со моделирање и правам игри. Имам 3 микрофони но ќе купувам уште зашто ми се потребни. Тапани не купувам сега засега зашто ги снимам кај еден пријател. А сега да ти кажам за јас како снимам за каналите. На 2 канали имам ритам гитари што ги прави по-полни да звучат. На друг канал снимам соло гитара, потоа пет канал за тапани, еден за бас гитара, еден за вокали, еден за виолина, и еден за хор, зашто јас снимам Power, Viking, Speed Metal и ми требаат сите за да звучи така како што сакам. Па затоа и сакам миксета со повеке канали. Сега ке купувам и екстерна звучна карта ама незнам каква точно па ако знаеш некоја дали може да ми препорачаш? А за Midi-to-USB вујко ми има и не го користи ама сакав да биди вграден во миксетата ама ако велите сите дека неможи тогаш неправам.
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: triology on 29.10.2015, Thursday, 13:53:31
за звучна прво само кажи што очекуваш од неа и која цена и ке ти предложам нешто во тој опсег.
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: batka on 29.10.2015, Thursday, 15:53:39
Стефан,јас пишав што имам моментално.Онака, за занимација ја купив и не ја користам многу често таа комбинација,односно  не снимам премногу и господ знае колку  ми треба! Но, задоволство ни е со пријателите понекогаш да седнеме и да направиме нешто.Никогаш не користам и не снимам повеќе од 2 инструмента или вокала.Нема потреба да снимаш истовремено две ритам гитари,за да биде пополн звукот- имаш плагини  во Кјубисот и можеш да добиеш и со една снимка звук на две гитари,да додадеш октава погоре,двогласно,со ехо,ефекти итн.Значи ,софтверот понатаму делува.Во домашни услови процесот на снимање не оди како во М1 пример,каде цела филхармонија се снима.Се користи секвенцер сега доста,се лепат и додаваат инструменти,се терцира итд.Значи,дома  за малку пари можеш демо снимки да  си правиш,ама права продукција имаш само во студио,со музичари кои знаат да одсвират се што ке замислиш!А,за такво нешто треба многу пари.Колку пари,само небото е граница.. ;D
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: KiloVolt on 29.10.2015, Thursday, 19:15:03
Мене батка единствено ми е разбирлива примена на толку канали во два случаи:
1. Жива свирка.
2. Да ги претвори во 7 стерео канали.
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: Lantash on 29.10.2015, Thursday, 20:31:33
Епа за цена до кај 5-6000 денари некоја ексерна звучна карта.
Batka, ќе ти пратам 2 фајлови да слушниш на што мислам со по-полн звук на гитарата со 2 канали и ако е само со еден.
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: batka on 29.10.2015, Thursday, 21:28:53
Не мора ништо да праќаш.Знам на што мислиш,ама и  еден снимен траг на гитара ,во Кјубисот имаш можност да го реплицираш на 5 канали и на секој да му додаваш ефекти колку сакаш.Имаш и функција * октавер* па следниот траг можеш даго подигнеш софтверски за една октава и да добиеш полн звук на две гитари,кои дословно ќе бидат идентично одсвирани.Потоа можеш софтверски миди фајловите од клавијатура да ги претвориш пример во дувачки и да ги обработиш со милион ефекти,да звучат од позадина,да истакнеш некој пасаж.За тоа се тука и секвенцерите кои чуда прават. Не знам само колку го владееш програмот и  какви се плагини користиш.За звучните карти- имаш интересни двоканални Steinberg со попусти и до 4500 денари.Во комплетот имаш и микрофон и слушалки,кабли итд.Само вклучи,инсталирај софтвер  ( Кјубис некоја верзија со лиценца!!) и снимај! Види по Скопје,имаш повеќе модели,цени..Не знам моментално што се имаат на лагер,треба да разгледаш и пратиш.Обично околу Нова година има и големи попусти. ;D
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: Lantash on 29.10.2015, Thursday, 21:34:25
Тоа што ти го мислиш за гитарата не е баш така, двата канали од гитарата се посебно свирени не се скроз идентични и едниот канал го балансирам само на лев канал а другиот на десен, и кога ќе се спои сето тоа во микс звучи многу подобро отколку ако ја дуплицирам истата снимка и да ја направам на лев и десен канал посебно.
Title: Одг: Изведба на миксета со 14 канали
Post by: batka on 30.10.2015, Friday, 13:46:47
Тоа ти што го мислиш е пробано,снимано,не само од мене ами и од иљадници други ентузијасти. Се е тоа само работа на поимањето на звукот,ама јас велам дека е доволно само еднаш ритам гитарата да ја снимиш,па со секвенцерот и со други ефекти можеш да направиш синфониски оркестар да свири.Тоа е друга работа ,околу техниката на снимањето,за тоа секој по свој вкус.Екстерната звучна има два /четири влеза (поевтиниве) на кои се вклучува микрофон или линиски влез .За тоа на секој канал има обично гејн и клип индикатор.На овие два влеза поврзи ги излезите  на аналогниот миксер.Овој  аналоген миксер може да биде 4/6/8/12/...48 канален и на него врзувај што и колку сакаш.Ке го подесиш нивото на каналите,бојата,ефектите итн.- две ,три гитари,зурли,тапани и снимај. Ке добиеш на снимката во Кјубисот еден стерео канал (така ке си го направиш да снима!).Потоа правиш нова снимка со пример тапани,па друга снимка со вокали,терци....Можеш да додаваш и ефекти,да доснимуваш звуци итн.Е,потоа седнуваш и ги склопуваш каналите,упадите, потивко, појако некој канал ,сечеш,лепиш и на крај добиваш некоја снимка.
Тоа е таа техника на снимање ( евтината варијанта), а рековме добра снимка само во студио со уште поквалитетна опрема ( од глува соба,микрофони,панели за звукот,филтри,ефекти...).Сепак,да  знаеш дека многу песни што се вртат на ТВ се направени на сличен начин,со слична апаратура.И на крај - не е само до апаратурата,сепак треба да знаеш и да свириш на инструментот. 8)