Author Topic: Stellaris LaunchPad (LM4F120) Evaluation Kit  (Read 1222 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Stellaris LaunchPad (LM4F120) Evaluation Kit
« Opened on 22.11.2012, Thursday, 00:34:14 »
Во претходната тема за MSP430 напоменав дека очекувам развојна со ARM јадро, развојнава околина конечно пристигна. Малку требаше да се матретираат овие од TI оти задоцнија со испораката, ама ок имаше голем број нарачки на плочава (претпоставувам).

 

____________________________________

одам јас така среќен, насмеан до уши, во федекс да си ја земам пратката, очекувам мало кутивче колку тоа од MSP430-та, иди овај од федекс и ми дава пакет (медиум од федекс ~40цм голем)  па го молкнам в раце до дома оти во ранец не ми го бери ...

Кога отворам пакетче колку тоа претходното, ставено во пакет со воздушни перничиња кој е 4 пати поголем, ама ако.

Изглед на кутијата :D



Израдуван јас од тоа што добив ARM платформа за мизерни 4.99$ (сега е 12$), со големи очекувања од искуството со претходните развојни системи, набргу бев разочаран.

Пакетот содржи само плоча и кабел (плочата е комплет се што треба), ни тие лепенките не ги дадоа овај пат (претходниот имаше 2 лепенчиња :D).

За разлика од минатиот пат, во овај пакет и упатството кое иди е мизерно, многу малку корисни информации за доколку е некој нов во оваа област веднаш да започне со работа, доколку не е упатен ни демо тест кодот кој е на плоча тешко ќе му е да го стартова оти бара драјвери на компјутер и софтвер и што уште не, а тоа на листот не го пишува, него има линкче за да појдеш да си сименш од интернет, таму пак 5 различни софтвери и за никој ништо повеќе информации сите те редиректуваат на една страна каде што се толку не јасно објаснети за тоа која треба да си ја симнеш!



Што има во пакетот



Плочава на прв поглед вака изгледа малку чудно и не многу интересна, се додека не ја поврзите со компјутер :D, ако се убаво направите ќе ви се уклучи демо програмата, на плочава има RGB лед диода која почнува да свети во сите можни бои :D!
Исто има и некоја демо програма за тоа како работи Hibernation методот на јадрово.

Кој можности има ова (перформанси :D)

Цел систем е базиран на ARM Cortex-M4F микроконтролер, спакуван во куќиште на TI под име LM4F120H5QR.
Микроконтролеров работи на 80MHz, јадрото му е 32 bit-но ARM Cortex-M4F со floating point.
Има 256kbytes флеш меморија, 32kB RAM, 2kB EEPROM, 43GPIO (општо наменски влезно излезни порти), има ADC со брзина од 1MSPS, 8 порти за сериска комуникација (UART), 4 SPI модули и 4 I2C модули, USB модул и до 27 тајмери кој можат да се конфигурираат до 64 бита.
Ова е околу јадрото.


Плочата уште содржи (стандардно за развојните од TI) ICDI (In-Circuit Debug Interface) дебагер и емулатор. Ова е многу добро затоа што не ви се потребни никакви надворешни алатки за да си го испрограмирате и истестирате кодот, доволно е само да ја имате плочата до вас и компјутерот :D.

Нови измени на плочава му се новиот dual-layer систем на пинови (кај претходникот беше SIL (single in line)) Но и покрај тоа ги поддржува сите претходни Booster-додатоци, но и некои нови (од типот на WiFi плочи, разни плочи за Х комуникации, плочи за сензори и што уште не).

Плочава е изработена така што на неколку места има пинови на кои со мултиметар можете да ја мерите моменталната потрошувачка на енергија (колку струја ви влечи проектот), има само 1 џампер (на претходната имаше многу повеќе :D), 3 тастери, 1 ресет и 2 општо наменски, преку кои се контролираат тест програмите.

Има два осцилатори еден од  32,768kHz кој се користи како извор на такт за Hibernate модулот и еден кристал од 16MHz како главен извор за такт при нормална работа, подоцна овај такт од 16MHz Преку внатрешно PLL (phase locked loop (фазно затворена јамка)) се зголемува повеќекратно.

Има 2 USB 2.0 порти, едната е за дебагерот, а другата е поврзана директно со јадрото така да можете да ја користите зашто и да ви текне (ако знаете да испрограмирате се разбира) и да си ја конфигурирате за комуникација со друг уред кој има исто USB порта.

На плочава има и еден прекинувач кој служи за тоа кога ќе го уклучите уредов преку портот за дебагер да можете да го вклучувате или исклучувате, пр. програмирате нешто го вклучувате, го дебагирате го исклучувате гледате како се одвива процесот на хардверот, не ви се допаѓа, уклучувате наново бришите препрограмирате и тн..

На плочава усте останува една RGB лед диода која е толку мала скоро и да не се заприметува дека има такво нешто (помала е од 1мм х 1мм) но толку свети кога е уклучена едноставно ти иди да залепиш креп трака преку неа за да не оќориш :D

Изглед на плочата (горна и долна страна)



на сликава горе десно под првиот тастер се гледа едно местенце D1 кај што пишува, е тука под тоа има едно мало зелено џиџе, тоа е RGB лед диода :D



Долна страна



Во горниот лев ќош се гледаат едни 10 микро пинови, тоа незнам што е, претпоставувам дека тоа им е JTAG интерфејс за дебагерот

Софтвер кој би се користел

На страната од TI, и на ова ливчето што доаѓа со пакетот има линк од каде да се симне софтверот. Пробав да го симнувам, некој виде некој не, имав поставено слики во темата за слики со која брзина ги симнуваше фајловите, за на крај да откријам дека има некој баг во инсталацијата кој не ми дозволи да го инсталирам софтверот.

Мака ми беше да ги чекам другите пакети да се симнуваат пошто сите се од исти сервер со ограничена брзина од 45kbps!!! (зае*ани), барав некоја алтернатива

Несакајќи налетав на линкови од mikroElektronika, која ги поддржува плочиве, си имаат нивни компајлер со убаво јузер френдли мени лесно за снаоѓање со богати библиотеки и се останато, имаат и програматор за овај тип на микроконтролери, ама откако излезе плочава ја имаат додадено во софтверот од програматорот па ја препознава и неа и не треба надворешен програматор.

Со софтверот од TI е добро тоа што уредов работи и како dongle со тоа што кога ви е на компјутер уклучен софтверот го препознава и ви е неограничен, без него  е некој отепан триал, тоа не е случај со софтверот на микроелектроника, ама па затоа има кракови колку сакаш на интернет :D


Линк до главна страна од плочката


Code: [Select]
http://www.ti.com/ww/en/launchpad/stellaris_head.html?DCMP=stellaris-launchpad&HQS=stellaris-launchpad-b
Од тука симнете си ги само драјверите за плочава ништо друго нема многу да ви користи :D

 
Линк до пакетите од микроЕлектроника за софтверот

µC

Code: [Select]
http://www.mikroe.com/mikroc/arm/
µBasic

Code: [Select]
http://www.mikroe.com/mikrobasic/arm/
µPascal

Code: [Select]
http://www.mikroe.com/mikropascal/arm/
Програматор (софтверот од mikroE)

Code: [Select]
http://www.mikroe.com/mikroprog/stellaris/
Симнете си го софтверот и драјверите

 



Во некоја наредна прилика ќе продолжам, односно ко ќе не ми е мака и ко ќе имам време :D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!