Author Topic: Засилувач за 50/60 Hz е пронајдок на годината во Македонија  (Read 7700 times)

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Како што кажува и самиот наслов еве го линкот со текстот

Code: [Select]
http://www.tocka.com.mk/index5.php?ID=28293

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
да и мислам дека во странство негде добија признание и некој медал за ова :)

гледате луѓе не е тошко да се направи засилувач :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Засилувач за 50/60 Hz е пронајдок на годината во Македонија

Владимир Филевски со изумот засилувач за 50/60 Hz на електрични аудиосигнали наменет за нискотонски звучници, е прогласен за патент на годината во Македонија.
 
Церемонијата на прогласување на „Патент на годината 2010“, се одржа денеска во Скопје, во организација на Државниот завод за индустриска сопственост.

Засилувачот за 50/60 Hz работи во класата Б и има конструкција на излезниот степен на засилувачот на моќност иста како и секој класичен засилувач, но се разликува во напојувачката секција на засилувачот, бидејќи не е потребен еднонасочен напон на напојување, туку синусоиден, односно директно мрежен напон.

Доколку овој пронајдок би се користел во оние земји во кои се користи понизок напон на мрежно напојување и ако се користат транзистори кои може да го издржат тој мрежен напон и притоа да дадат доволно струја, тогаш не е потребен ниту мрежен трансформатор, што драстично ја намалува цената на целиот засилувач.

„Добивањето на оваа награда за мене претставува голем предизвик за да продолжам во истражувањето и иновативноста“, изјави Филевски.

Во најтесен избор за пронајдок на годината влегоа и пронајдувачите Андреј Тасев со изумот „Едносмерен хидрауличен телескопски амортизер“, Кочо Мојсов со пронајдокот „Држач за запалки со можност за закачување на кутија од цигари“, Димитар Рибески со пронајдокот „Дренажна преграда“ и Звонко Кузмановски со изумот „Двотактен дизел мотор со продолжена експанзија“

На денешната манифестација им беше оддадено признание и на македонските пронаоѓачи, кои што во 2010 година биле наградени во странство.

Директорот на Заводот за индустриска сопственост Сафет Емрули информираше за активностите што оваа државна институција ги имала во 2011 година, најавувајќи дека стратегијата за интелектуална сопственост треба да биде реализирани до крајот на 2011 година.

„Државниот завод за индустриска сопственост има капацитет и е подготвен заедно со другите органи на државната управа да го преземе товарот на иницијатива и реализација на овој приоритет“, изјави Емрули.

Тој информираше дека меѓу приоритетите ќе бидат дадени на зајакнување на развојната компонента на индустриската сопственост и зајакнување на релациите бизнис заедница-држава-универзитет.

Изворот е наведен во први пост
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Супер што постави и слика и текст јас не знаев дали е дозволено да се поставууваат статии од друг извор  ;)

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Колку што сфатив,форава е дека се напојува директива на 220V?Епа ако е така,тоа е стварно изум,у која сака класа нека е,ваков засилувач нема да најдете хах,ни со ламби,ни транзистори,интегрални,ни хибриди ништо,на сите тие им треба DC,а чикава нашол изум да работи на AC...Само ме интересира шемата и која е јачината? :) ;)
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Супер што постави и слика и текст јас не знаев дали е дозволено да се поставууваат статии од друг извор  ;)
Смее да се стави, впрочем така прават сите (точка, идивиди, кајгана, оннет, ит, и кој друг не) само што пишуват извор од каде е превземена информацијата а некои пак не ни пишуваат ниту извор... ние бар да си се држиме до правилата :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Quote
Колку што сфатив,форава е дека се напојува директива на 220V?Епа ако е така,тоа е стварно изум,у која сака класа нека е,ваков засилувач нема да најдете хах,ни со ламби,ни транзистори,интегрални,ни хибриди ништо,на сите тие им треба DC,а чикава нашол изум да работи на AC...Само ме интересира шемата и која е јачината?

Не е наведено ама ако некој најде може да постави па да се развие дискусија би било супер нели  :D

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Засилувач за 50/60 Hz е пронајдок на годината во Македонија
« Reply #7 on 21.12.2010, Tuesday, 17:02:50 (Edited 21.12.2010, Tuesday, 17:05:11) »
тешко за шема, сепак е патент ова
може да се побара плус инфо нешто да објасни човекот ( ако нејде некој ) како работи ..

Code: [Select]
http://www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=3211инаку емитерциве од време на време знаат да украдат идеа за тема  ;) :D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Quote
Колку што сфатив,форава е дека се напојува директива на 220V?Епа ако е така,тоа е стварно изум,у која сака класа нека е,ваков засилувач нема да најдете хах,ни со ламби,ни транзистори,интегрални,ни хибриди ништо,на сите тие им треба DC,а чикава нашол изум да работи на AC...Само ме интересира шемата и која е јачината?

Не е наведено ама ако некој најде може да постави па да се развие дискусија би било супер нели  :D
Eхеее уште првиот ден кога ќе се постави шемата има едно 10 души да го направат хах :D.Глеам и малце делови има,ама кузне тоа транзисторите по колку се,негде 300 ден. еден ;D.А го има ли во некој број од емитер?
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
читај погоре има линкче од емитер
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
овој изум беше претставен на "Рано ден" утринската програма,и видов интересни работи.
Кажа дека работи на 110/220 волти и овој изум сите го барале,односно чим го прикажал
големи фирми одма контактирале да се развие овој македонски пронајдок.

Интересно,ај ако не ќе им пишам на емитер,да видиме дали ќе ни дадат шема и спецификации ;D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
тој нив не им ја дава па на нас! :-X ;D ;D
Може спецификација,колку е ватно-тоа да,а ова друго тешко да ти дадат

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
тој нив не им ја дава па на нас! :-X ;D ;D
Може спецификација,колку е ватно-тоа да,а ова друго тешко да ти дадат
Ќути сега...Сеа тој ќе се нафура со проектот па ванте танте...Кузне колку ќе бара за да биде објавен во емитер,вие што мислите,некој предлог колку би барал?А од прилика знае некој колку делови содржи колото,ја колку што гледам содржи 3 транзистори и некои отпорници 5-11W друго не гледам. ;D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
може во рубриката Еурека да се објави. ;D