Author Topic: Дали може да им се верува на тестовите во списанијата?  (Read 23785 times)

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
еве, јас се интересирам за скоро секоја, ако не и секоја област од електроника, се итнересирам за автомобили, мотори, авиони, моделарсто, и триста други глупости, па не сум многу заинтересиран за часописи, значи мене не ме интересира што некој мисли за некој производ мене ме интересира што јас ке мислам, истото е и кај аудио делот. секој личност е различна од грото на луге.
Kure je kupio novog BMW-a

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
За да имаш некое свое мислење за некој уред,ти требаат информации за тој уред,ваљда тоа се вика интересирање.Како доаѓаш до информации за тоа што те интересира за аутомобили,авиони или аудио електроника ако не читаш часописи?
Објасни ми како тоа се интересираш за аудио, за аутомобили или за авиони,ако не читаш часописи?Киснеш по аеродроми и кога ќе слета некој Airbus A360 или Boeing 767 авион го демонтираш набрзина да видиш што мотори има,пошто тоа те интересира?   :D  Или стоиш на аутопут па кога ќе пројде некој Bugati Veyron,стопираш,го исфрлаш возачот за да можеш на раат да погледнеш под хауба,па после си седнуваш да си повозиш малце,да си изградиш свое мислење за тој аутомобил без некој друг да ти кажува?  :D   :D

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
друже има нешто друго поразично од списанија и часописи не киснам јас и не чекам некој boeing да слета бидејки пистата кај нашите аеродроми е прекратка во смисла на безбедно слетување. погледни ја несреката од tenerife  за пример. и не не го демонтираш туку се знае дека одреден модел на авион ги има тие мотори, не ти е тоа лада, па да приврзуваш со жици  ;). а информации имаш еден куп од книги па се до енцилкопедии. а она со бугатито, да за да изградам мое мислење во врска со автомобилот или било што, треба сам да го испробам, од причини што секој нема да има ист вкус, и може да се случи оној што пишувал во часописот да му се допадне но на мене да не ми се допадне.
Kure je kupio novog BMW-a

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
За да имаш некое свое мислење за некој уред,ти требаат информации за тој уред,ваљда тоа се вика интересирање.Како доаѓаш до информации за тоа што те интересира за аутомобили,авиони или аудио електроника ако не читаш часописи?
Објасни ми како тоа се интересираш за аудио, за аутомобили или за авиони,ако не читаш часописи?Киснеш по аеродроми и кога ќе слета некој Airbus A360 или Boeing 767 авион го демонтираш набрзина да видиш што мотори има,пошто тоа те интересира?   :D  Или стоиш на аутопут па кога ќе пројде некој Bugati Veyron,стопираш,го исфрлаш возачот за да можеш на раат да погледнеш под хауба,па после си седнуваш да си повозиш малце,да си изградиш свое мислење за тој аутомобил без некој друг да ти кажува?  :D   :D

Maki, веќе толку многу информации има online, веќе не ни мора да се купуваат списанија. Еве, јас на пример, престанав да купувам списајнија, уште многу одамна. Нема поента. Повеќето од информациите кои ме интересираа во тие списанија, веќе може да се најдат online... а често пати, и многу повеќе информации од тоа што е напишано во списанието. Зошто да го купувам кога истото може да го начекам online бесплатно ;D? А да не почнам да зборувам и за warez и за сите останати начини да се стигне до саканата информација ;). Тоа е веќе сосема друга тема ;). Би дал пари за да купам нешто (било што, не само списание) само ако итно ми треба и не можам да го заменам со ништо друго. Ако знам дека можам бесплатно да го најдам, но не можам да го добијам во моментов, а не ми е итно, ќе почекам, не ми е проблем ;).

А искрено, не читам списанија за аудиофили. Порано по нешто подчитнував, онака... од време на време, ама сега веќе не. Џабе ќе ги читам, ништо од тоа не можам да купам ;D. А и да можам, не би го купил. Сметам дека 90% од аудио опремата која се рецензира, презентира, итн. во тие списанија е преценета и штом немам намера да купам ништо од тоа, немам ни причина да го читам ;D. Убава споредба даде, тоа е исто како да читам списание со рецензии за патнички авиони ;D. Џабе ќе го читам ;D. Не можам да купам ниеден од нив ;D. Е сега пак, од друг аспект, ако работам во таа област (на пример, работам во списание за рецензија на аудио уреди), и те како ќе ги купувам сите списанија од таа област и ќе ги читам детално ;). Морам, тоа ми е работа ;). А дали ќе ми биде ќеиф да го правам тоа... не знам, да почнам да работам во такво списание па ќе пишам ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
па добро зависи  ;D не дека ке купувам авион, али кога пример конструираш некоја едрилица, одредени добри делови од повеке авиони ке ги комбинираш и ке направиш еден, значи може доста добри работи да се извлечат. :D али како што рече ти зошто да го купувам кога го имам онлине и во библиотеката  ;)
Kure je kupio novog BMW-a

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
E,мој МАКИ,јас велам дека ти не ги читаш ни твоите постови,а другите ги прозиваш.Ти темава сам си ја наслови:  Дали може да им се верува на тестовите во списанијата? Е,тоа е многу широк поим!!!! Можеше да пишеш -тестови на аудио уреди - Вака поентата е сосема друга. И тоа не е проблем ако не се фаќаш за некои работи кои  спаѓаат во сверата на фантазијата.Како што рекоа и Металика и Гига и јас лично не би читал за некој си таму звучни кутии од 15.000 долари ,кои во живот нема ни да ги чујам и да ги видам,а не да ги позајмувам од * другари* и да споредувам дали мерењата биле точни!??Ало.во Македонија живееме! Батка.на Балканов! Друго,еден од факторите зошто замираат и кај нас и во светот ваквите списанија ( дали си сигурен дека твојот преценет часопис навистина во 70.000 примероци се троши во светот ? Или и за тоа не треба и не смееме да се сомневаме?) се точно за тоа - веке од интернет имаш многу  бесплатни податоци. Во се треба батка да се сомневаш бидејки помина времето на некаква си *ренесанса* ,*човекољубие*,*универзална вистина*.Тие појмови и останаа само на религијата.Светот е батка мој отиден предалеку за да се враќаме во времето на бајките,принцовите и заспаните принцези.Бизнисот си е бизнис.
Очигледно боинг,бугати и другиве примери се далеку од логиката на сегашноста.Ми се смачи од темава и пишувањево.Одиме во некои апсурди и млатиме празна слама,одамна.

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Дали може да им се верува на тестовите во списанијата?
« Reply #96 on 07.08.2013, Wednesday, 09:31:11 (Edited 07.08.2013, Wednesday, 12:40:11) »
Уште повеќе се запрепастив од анкетата,сега процентот на оние кои не читаат часописи се покачи на 33%.. Трагедија..

Maki, веќе толку многу информации има online, веќе не ни мора да се купуваат списанија. Еве, јас на пример, престанав да купувам списајнија, уште многу одамна. Нема поента. Повеќето од информациите кои ме интересираа во тие списанија, веќе може да се најдат online... а често пати, и многу повеќе информации од тоа што е напишано во списанието. Зошто да го купувам кога истото може да го начекам online бесплатно ;D? А да не почнам да зборувам и за warez и за сите останати начини да се стигне до саканата информација ;).

GigaWatt,мешаш поими,некој може да чита часописи чак и ако не ги купи ,преку warez или ако го позајмиш часописот од комшијата да го читаш.Ако не го купиш часописот а ипак прочиташ позајмен часопис од комшијата,онда според тебе тоа не е читање часописи??  ???  Има и online бесплатни часописи,тоа пример е Soundstage,ако го прочиташ онда тоа не е читање пошто е бесплатно??   ???  Некои од тестовите Stereophile бесплатно ги постира на нивниот сајт.

А многу сумњиво е другите извори на информации од интернет каков квалитет на информации даваат.Да го цитирам batka - никој не е будала да си го троши времето и да напише нешто ако нема ќар од тоа! Зашто не му веруваш на автор потпишан со име и презиме у часопис,а му веруваш на некој анонимен од интернет? Ја тоа би го нарекол наивност.

А искрено, не читам списанија за аудиофили. Порано по нешто подчитнував, онака... од време на време, ама сега веќе не. Џабе ќе ги читам, ништо од тоа не можам да купам ;D. А и да можам, не би го купил. Сметам дека 90% од аудио опремата која се рецензира, презентира, итн. во тие списанија е преценета
 и штом немам намера да купам ништо од тоа, немам ни причина да го читам ;D. Убава споредба даде, тоа е исто како да читам списание со рецензии за патнички авиони ;D. Џабе ќе го читам ;D. Не можам да купам ниеден од нив ;

 ???
Аман бе GigaWatt,какво размислување ти е ова?? Па не се часописите само каталози за купување,има у часописите разни интересни информации и новост,објаснување на разни нови и стари технологии и многу други ствари што не можеш да ги најдеш на интернет.А ако си спаднал на тоа да читаш само ако треба да купиш нешто ново,онда..
Опремата што се тестира у часописите често е ефтина и уопште не е преценета,дадов пример со тест од Stereophile за звучници што коштаат 40 долари пар
Code: [Select]
http://www.stereophile.com/content/dayton-audio-b652-loudspeaker
Споено мислење: [time]07 Август 2013, 09:43:47[/time]
Нов трагичен рекорд на анкетата: часписи не читаат 37% од луѓето кои се интересираат за електроника.Жити интрересот..

Друго,еден од факторите зошто замираат и кај нас и во светот ваквите списанија ( дали си сигурен дека твојот преценет часопис навистина во 70.000 примероци се троши во светот ? Или и за тоа не треба и не смееме да се сомневаме?) се точно за тоа - веке од интернет имаш многу  бесплатни податоци. Во се треба батка да се сомневаш

Да,сигурен сум дека Stereophile продава више од 70000 примероци месечно,USA е тоа batka,таму господ е IRS,секој часопис е должен еднаш у годината јавно да објави у часописот извештај од независна ревисорска куќа колку примероци одштампале и колку примероци продале.Ова ќе го знаеше,да отвореше понекогаш некој часпис и да го прочиташе..
Како тоа сумњаш на све она што пишува у часописите,а не сумњаш у она од интернет?Па нели треба у све да сумњаш?
Ево податоци од интернет дека Stereophile продава више од 70000 примероци месечно
Code: [Select]
http://magazine.findthebest.com/q/306/516/What-is-the-magazine-Stereophile-s-circulation
Code: [Select]
http://www.gaebler.com/Stereophile-magazine-advertising-costs++31127Е сеа пошто овие податоци се од интернет,онда мораш да признаеш дека Sterеophile продава више од 70000 примероци месечно.  8)

Споено мислење: 07.08.2013, Wednesday, 12:40:11
не киснам јас и не чекам некој boeing да слета бидејки пистата кај нашите аеродроми е прекратка

Не реков дека киснеш на нашите аеродроми,има аеродроми у Виена и Франкфурт каде безбедно слетуваат Боинзи..  :D

а информации имаш еден куп од книги па се до енцилкопедии. а она со бугатито, да за да изградам мое мислење во врска со автомобилот или било што, треба сам да го испробам, од причини што секој нема да има ист вкус, и може да се случи оној што пишувал во часописот да му се допадне но на мене да не ми се допадне.

MetallicA,авторот ја пишува книгата неколку месеци. Енциклопедии се пишуваат неколку години.Башка, книги и енциклопедии се штампаат еднаш,па можда тек после неколку години ново допунето издание. Откако ќе се појави некој нов авион, нов аутомобил, нова аудио електроника или нова технологија,ќе мораш да чекаш неколку години да се појави у книга или енциклопедија.
Значи све она што си прочитал досега од книги и енциклопедии е старо неколку години и немаш појма што све нови ствари се појавиле.За такви навремени информации служат часописите.

А за Бугати,стварно ме интересира твоето мислење откако ќе го повозиш Bugati Veyron.  :D   :D

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
maki  па има многу автори, кои што ги издаваат нивните книги во различен временски период, немора стриктно од еден автор да читаш книги и енциклопедии. така да можеш да бидеш во тек со времето.

Quote
А за Бугати,стварно ме интересира твоето мислење откако ќе го повозиш Bugati Veyron.  Cheesy   Cheesy

па што знам може еден ден и тоа да се случи, како што вели еден мој другар, "се си бива." иднината е пред нас така да, може голем број на работи да се доживеат, патем и јас не сум многу по овие новите псортски коли повеке сум по оние  muscle cars. како мустангот и камарото.
Kure je kupio novog BMW-a

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Дали може да им се верува на тестовите во списанијата?
« Reply #98 on 07.08.2013, Wednesday, 15:22:02 (Edited 07.08.2013, Wednesday, 15:50:47) »
maki  па има многу автори, кои што ги издаваат нивните книги во различен временски период, немора стриктно од еден автор да читаш книги и енциклопедии. така да можеш да бидеш во тек со времето.

 ???   ???
Абе MetallicA, стварно пак сумњам дека намерно ме зезаш,логикава ти е..

Види вака,пример денес се појавува нов аутомобил или ново појачало со потпуно нова технологија..
Е сеа на 10 различити автори истовремено им текнува идеја да напишат своја книга или енциклопедија у врска со тоа..
Тие 10 различити автори ќе почнат да ја пишуваат книгата кој денес, кој утре,па ќе ја завршат за едно 5 месеци,некому и цела година ќе треба.Знаеш,книга не се пишува за недела или за месец дена..
Книгата додека се одпечати и испрати до книжарниците,ќе пројде уште месец дена.Значи укупно ќе пројдат минимум 6 месеци,а вероватно и година,додека не отвориш книга од некој од тие 10 различити автори со „најновата технологија“.У тие книги информациите за таа најнова технологија каснат минимум 6 месеци или година дена,према тоа и ти касниш минимум 6 месеци или година дена со дознавање на тие информации..
Е сеа на некои други 20 автори по една недела од денес (појавата на новата технологија) им текнува да напишат книга за истата работа.Пример,тие нови 20 автори не се знаат со претходните 10 автори и не знаат што прават тие у својот живот и не знаат дека тие веќе почнале да пишуваат книга за истото.Книгите од тие 20 нови автори ќе се појават у книжарниците по 6 месеци плус една недела или по една година плус една недела.Према тоа,независно од тоа колку има нови книги од нови автори,информацијата за таа најнова технологија ти ќе ја дознаеш тек после 6 месеци или една година,па ти и никад нема да можеш да бидеш у тек со најновите информации и технологии само со читање книги и енциклопедии..Ти текнува сега?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Алоооо,каде отидовте-рецензии за Бугати и 60 автори? Абе во аут сте одамна,темата беше друга.А,за тиражите Маки вистината е друга,ама не сакам да се допишувам и за тоа надолж и нашироко.Докажано е веке одамна дека наскоро е-книгите и часописите ке владеат во светот и  полека ке ги снема печатените изданија.Тоа е непобитен факт и за тоа нема дискусија.Големите веке одамна се спремаат за тоа.Да ставам на гласање:да се затвара ли трафикава за весници- односно темава?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Дали може да им се верува на тестовите во списанијата?
« Reply #100 on 07.08.2013, Wednesday, 18:57:38 (Edited 08.08.2013, Thursday, 01:14:05) »
Уште повеќе се запрепастив од анкетата,сега процентот на оние кои не читаат часописи се покачи на 33%.. Трагедија..

Maki, луѓето одговараат на анкетата во контекст на аудиофилски списанија бидејќи во тој контекст почна целата тема ;). Не ја земај оваа бројка глобално, за сите списанија. Не секој сака да чита аудиофилски списанија. Некој се интересира повеќе за микроконтролери и дигитална електроника, тоа не значи дека не чита списанија од таа област ;). Едноставно не го интересира аудио техниката ;).

GigaWatt,мешаш поими,некој може да чита часописи чак и ако не ги купи ,преку warez или ако го позајмиш часописот од комшијата да го читаш.Ако не го купиш часописот а ипак прочиташ позајмен часопис од комшијата,онда според тебе тоа не е читање часописи??  ???  Има и online бесплатни часописи,тоа пример е Soundstage,ако го прочиташ онда тоа не е читање пошто е бесплатно??   ???  Некои од тестовите Stereophile бесплатно ги постира на нивниот сајт.

Добро, ако гледаш вака на работите, да, во тој случај, повремено читам списанија или ако не повеќе, барем ги разлистувам или читам делови од нив (определени написи кои ме интересираат) ;). Но не аудиофилски, пред се бидејќи, според сите мои досегашни анализи и критики од страна на други лица, не сум аудиофил ;D. Задоволен сум со тоа што го имам (од аудио опрема, а ова по дефиниција не е црта на аудиофилски карактер ;D) и интересите веќе не ми се толку насочени во таа свера, така да, веќе воопшто не читам аудиофилски списанија ;). Како што пишав, порано по малку подчитнував по нешто од аудиофилските списанија, сега веќе ништо ;).

A многу сумњиво е другите извори на информации од интернет каков квалитет на информации даваат.Да го цитирам batka - никој не е будала да си го троши времето и да напише нешто ако нема ќар од тоа! Зашто не му веруваш на автор потпишан со име и презиме у часопис,а му веруваш на некој анонимен од интернет? Ја тоа би го нарекол наивност.

Да, и ова е апсолутно точно. На интернет може да се начека се и сешто. Многу од информациите може и намерно да се невистинити. Затоа се користи проста логика и разграничување на лажните од вистинитите написи и информации кои може да се најдат online. На пример, повеќето од оние информации кои се лажни и невистинити, лесно може да се провери (дознае) дека не се бидејќи најчесто се некои глупости (зезанции) кои се навистина нелогични и за некој кој има познавање од егзактните науки „од километар“ се гледа дека „ова е чиста измислица“. Како пример ќе го наведам оној „звучникот“ и „појачалото“ направени од алуминиумска фолија и патика ;D. Што е најинтересно, во коментарите на youtube, се гледаше дека определена група на луѓе верува дека ова може да функционира бидејќи го направиле и се чуделе зошто не им функционирало и прашуваа каде грешат ;D. За луѓе кои имаат познавања од егзактните науки, уште кога ќе го пуштат клипот, ќе им стане јасно дека станува збор за prank, зезанција ;D ;). Затоа, треба да имаш „филтер“ за вакви работи ;). И во принцип, повеќето од невистинитите работи кои може да се начекаат online спаѓаат во оваа група, pranks ;). А оние кои се навистина напишани научно и „теоретски издржани“, но со цел да се дезинформира определена група на луѓе, се навистина ретки ;). Да не речам, скоро и ги нема ;). А и за нив лесно се „прави филтер“ ;). Читај коментари ;). Јас често повеќе информации имам „собрано“ од коментарите отколку од самите статии/написи ;). Некој, некаде, со поголемо познавање од таа област (бидејќи јас можеби и немам големо познавање од таа област која ја читам), сигурно ќе ја „провали“ финтата ;).

Околу тоа, „не му веруваш на потпишан автор во списание, а му веруваш на некој анонимен од интернет“, да, му верувам, но токму од истите причини кои ги наведе. Да, он не зема пари за тоа што ќе го пише, но нема ни причина да лаже токму од причината која ја пиша ;). Никој не го плаќа за тоа што го пишува ;). Зошто би имал причина да лажам за нешто, кога не добивам пари за тоа, згора на тоа, може да останам анонимен. Совршена комбинација ;D. Можам да пишувам за тајни за кои никој не знае ;), а да не сносам никаква одговорност за тоа што сум го пишал ;). Се разбира, ако сака некој да дознае кој сум и навистина се потруди, ќе се најде начин ;). Поентата ми е дека под таа „капа на анонимност“, луѓето осеќаат голема слобода... некои ја искажуваат на деструктивен начин (на пример, шират дезинформации и лаги), но поголемиот дел сепак ја искажуваат на позитивен начин ;), односно поставуваат информации кои можеби ниедно списание не би ги издало официјално ;). Од моето досегашно искуство со информациите презентирани online, ова е апсолутно точно ;). Бидејќи, статистички гледано, од моето искуство, ова е апсолутно точно, одлучувам во поголемиот дел, да им верувам на информациите презентирани online, а не на оние напишани во печатени медиуми (официјални изданија) ;). Многу честа е и ситуацијата кога баш оние луѓе кои имаат издадено определен напис или статија во некое списание, да имаат свои сајтови, блогови или форуми и таму да презентираат информации кои не се достапни во нивните написи за списанието ;). Можеби и не можеш „официјално“ да докажеш дека станува збор за истите луѓе, но по стилот на пишување, познавањата од определена област и некои други социолошки фактори, со прилично голема сигурност можеш да кажеш дека „тој е тој“. А зошто пишуваат работи кои нормално не се достапни во списанијата, тоа е веќе сосема друго прашање ;). Сметам дека има многу фактори меѓу кои како два, барем според мене, најважни би ги издвоил: прво, печатењето на списанието е долготраен процес, на некои луѓе им треба информацијата веднаш, не му врши работа по еден месец или два месеци, па зошто да чекаат, кога веќе ја имаш информацијата, спремен си да ја споредлиш, сега барем е тоа лесно ;); и второ, после поминување низ сите административно-лекторско-правни корекции, твојот напис може да личи на се, само не на тоа што си го замислил... односно, да биде осакатен, па на крајот дури да ти биде и криво што воопшто си се одлучил да го објавиш тој твој труд во списание, а не online, каде ќе си ја имал слободата да го пишеш ти како што сакаш (анонимно или под псевдоним, но без разлика, поентата е во точноста на информацијата и слободата на изразување нели, а не толку кој стои зад неа ;)), без некој лектор, адвокат и административец од списанието да ти „дише во врат“ ;).

???
Аман бе GigaWatt,какво размислување ти е ова?? Па не се часописите само каталози за купување,има у часописите разни интересни информации и новост,објаснување на разни нови и стари технологии и многу други ствари што не можеш да ги најдеш на интернет.А ако си спаднал на тоа да читаш само ако треба да купиш нешто ново,онда..
Опремата што се тестира у часописите често е ефтина и уопште не е преценета,дадов пример со тест од Stereophile за звучници што коштаат 40 долари пар
Code: [Select]
http://www.stereophile.com/content/dayton-audio-b652-loudspeaker

Не викам дека нема корисни информации, има ;). Затоа и сеуште читам определени написи од некои списанија (како стигнувам до нив, тоа е веќе сосема друга тема ;D и затоа и пишав дека „не купувам списанија“, што не значи дека не читам определени делови од нив, а понекогаш и цели ;)... како кога, не често, но ако ме заинтересира нешто, да, знам да почнам да читам и да се зачитам... ова зборувам општо за научно-популарни списанија, не за аудиофилски, за кои и се дискутира во темава, аудиофилски списанија веќе скоро и да не читам) кои често може да се најдат и online на определени блогови или на самиот официјален сајт на списанието ;). А дури и да го нема официјално online презентирано написот, секогаш се наоѓаат „други извори“ ;D од кои може да се најде истиот напис/статија ;).

А инаку, никогаш не се ослонувам на рецензии во списанија, за било што, не само за купување на нова опрема, и тоа не само аудио, било каква опрема. Прво што правам е барам online за можни проблеми со уредот (кварови) ;D. Има луѓе кои купиле нешто на база на рецензија или цена (поскапото е секогаш подобро, така барем вика „правилото“, но ова не мора секогаш да е точно ;)), па се „изгореле“ и сакам и јас да знам дали имам шанси да се „изгорам“ ;). Во денешно време, повеќето луѓе, веќе одговорите за нивните прашања и проблеми ги бараат и искажуваат скоро исклучиво online ;). Зошто? Па веќе наведов неколку причини ;). Лесно е, брзо е и шансите да добиеш точен одговор се прилично големи ;). Не дека нема шанси да добиеш точен одговор и од некое списание, има, но дури и да е точен, прецизен и детално објаснет одговорот, ќе стигне дури по еден месец, па треба да го купиш списанието, па треба да прочиташ, па ако имаш нешто нејасно пак да пишеш... едноставно е многу долг овој процес. Немам време јас да се „бафтам“ со преписки со месеци кога одговорот на моето прашање ми треба сега, не по три месеци ;). Шансите да добијам брз одговор (а прилично често, и точен) се многу поголеми ако го поставам прашањето online ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Дали може да им се верува на тестовите во списанијата?
« Reply #101 on 08.08.2013, Thursday, 01:05:37 (Edited 08.08.2013, Thursday, 01:15:25) »
Ајде кога веке заринкавме во темава едно мое мислење.Кога велам - мислење- тоа не значи дека барам безусловно сите да го прифатите.Не инсистирам сите како мене да размислувате.Што се однесува до тоа - дали се поголемите вистини во списание или онлајн - сметам дека нема никаква разлика.Јас лично читам и литература,но и мислења и написи на некој луѓе и он лајн.И не верувам никому 100%.Ако трагам по решение на некој проблем,јас сум во состојба да прочитам цела книга ,но  и десетина постови на таа тема.Потоа формирам свое мислење и пробам да дојдам до резултат.После ќе кажам - книгата е добра ,ми помогна....,но и *тој и тој* пост ми укажа на пропуст,грешка или превид.И во книгите и часописите има * утки* и тоа неретко и не баш за занемарување.
Информацијата денес е пара,а дозирањето информации голема наука.Он-лајн сервисите дозираат информации побрзо отколку часописите.Во Македонија ,каде има само еден часопис за електроника,астронаутика,макетарство,информатика,автоматика,хоби итн и кој се вика Емитер,информациите за жал стасуваат покасно од оние кои јас редовно ги добивам на интернет.Нешто покушаваат да направат,ама секоја добра вест (читај превземен напис!) се плаќа.За жал.Во последно време и часописите со светско реноме,за аудио - видео проблематика многу дозирано ги пласираат информациите.И кај нив новостите се дозирани,онака како што сакаат производителите на некој уред,опрена ,технологија.
Значи.со оглед на тоа каде живееме,он лајн информациите ни се сепак побрзи до нас,Впрочем ,за тоа е направен Форумов- за размена на информации,за ставање на информации,користење на информации.

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Дали може да им се верува на тестовите во списанијата?
« Reply #102 on 08.08.2013, Thursday, 11:59:11 (Edited 08.08.2013, Thursday, 12:32:46) »
Уште повеќе се запрепастив од анкетата,сега процентот на оние кои не читаат часописи се покачи на 33%.. Трагедија..
Maki, луѓето одговараат на анкетата во контекст на аудиофилски списанија бидејќи во тој контекст почна целата тема ;). Не ја земај оваа бројка глобално, за сите списанија. Не секој сака да чита аудиофилски списанија. Некој се интересира повеќе за микроконтролери и дигитална електроника, тоа не значи дека не чита списанија од таа област ;). Едноставно не го интересира аудио техниката ;).

Хмм..нешто не ти чини логикава..Анкетата е поставена у тема за аудио техника,према тоа тука треба да гласаат луѓе што ги интересира аудио техника.Некого пример ако не го интересира радио техника,не би ја отварал уопште темата за радио техника,па не би ни видел дека таму има анкета за пример антени.Зашто би гласал на анкета за антени,ако не го интересира радио техника?Што се разбира од тоа?

Околу тоа, „не му веруваш на потпишан автор во списание, а му веруваш на некој анонимен од интернет“, да, му верувам, но токму од истите причини кои ги наведе. Да, он не зема пари за тоа што ќе го пише, но нема ни причина да лаже токму од причината која ја пиша ;). Никој не го плаќа за тоа што го пишува ;). Зошто би имал причина да лажам за нешто, кога не добивам пари за тоа, згора на тоа, може да останам анонимен. Совршена комбинација ;D.


У грешка си,а и самиот си го знаеш тоа:
Поентата ми е дека под таа „капа на анонимност“, луѓето осеќаат голема слобода... некои ја искажуваат на деструктивен начин (на пример, шират дезинформации и лаги)

За да одвоиш дезинформација од права информација,треба да имаш познавања барем еднакви на тој што ја шири дезинформацијата,иначе како би препознал?А рачунај дека секогаш постои некој што знае више од тебе..па уште ако му плаќаат да шири дезинформации..
Закључок: немој да си наивен. Американците имаат една многу добра поговорка: There is no free lunch! У сллободен превод: Нема ништо бесплатно,стално има некоја гадна финта у тоа.

Споено мислење: 08.08.2013, Thursday, 12:32:46
А,за тиражите Маки вистината е друга,ама не сакам да се допишувам и за тоа надолж и нашироко.

batka,ти стално кога ќе се најдеш у тесно кажуваш „вистината е друга,али сега нешто нејќам да пишувам..“ па никад не ја дознаваме таа твоја „вистина“.Тиражите на штампаните часописи у глобала се намалуваат на сметка на онлајн часописите,али и тие онлајн часописи не се бесплатни.
Ево ја вистината за тиражот на штампаниот часопис Stereophile


( дали си сигурен дека твојот преценет часопис навистина во 70.000 примероци се троши во светот ?

Да,сигурен сум дека Stereophile продава више од 70000 примероци месечно,USA е тоа batka,таму господ е IRS,секој часопис е должен еднаш у годината јавно да објави у часописот извештај од независна ревисорска куќа колку примероци одштампале и колку примероци продале.

Ево податоци од интернет дека Stereophile продава више од 70000 примероци месечно
Code: [Select]
http://magazine.findthebest.com/q/306/516/What-is-the-magazine-Stereophile-s-circulation
Code: [Select]
http://www.gaebler.com/Stereophile-magazine-advertising-costs++31127Е сеа пошто овие податоци се од интернет,онда мораш да признаеш дека Sterеophile продава више од 70000 примероци месечно.  8)

Дали наредната година часописот Stereophile ќе има помал тираж не знаеме,али за прошлата година со сигурност знаеме дека продавале више од 70000 примероци месечно.Осим ако batka конечно ја каже и докаже таа своја друкчија вистина.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Дали може да им се верува на тестовите во списанијата?
« Reply #103 on 08.08.2013, Thursday, 14:15:48 (Edited 08.08.2013, Thursday, 14:40:43) »
Де бре  Маки,ти како на друга планета да живееш: еве пример земи го пак ЕМИТЕР .Ајде реално мислење  од сите - дали мислите дека за последниве година-две тиражот им опадна за 30%?? Јас сум уверен,иако тоа не ме радува апсолутно.Тоа е таа вистина за која не се зборува.Ако се земе дека еден европски (светски) часопис како ЕЛЕКТОР признава дека тиражот и приходите од реклами се намалени скоро 35%,поради светската економска криза во  последниве 2-3 години,секако Стереофил кој има уште потесен круг на читатели ,не може да  има  константен тираж или некакво покачување на тиражот.Тоа е апсурд да го тврдиш.И најголема бизнис тајна е тиражот.Не се базирај на некои таму статистики.Статистиката е наука за прикривањена вистината -тргни од бројот  на невработени кај нас-види ја статистиката - види ја реалноста .Треба да бидеш слеп и ќорав за да видиш дека реалноста има друга математика.
И  не гледам зошто да те запрепасти анкетата!?Јас не знам што ти очекуваше? Ако очекуваше  дека  сите ке кажат-да,безусловно веруваме,оти Маки вика така,тогаш ти си очигледно  далеку од реалноста.И зошто те чуди што 30% не  читаат часописи? Ете погоре ти ги објаснив причините.Читај ги и анализирај ги постовите,а не во секој твој пост да почнуваш - е,у грешка си !!!! Очигледно ти си во дебела грешка,само реално или не сакаш тоа да го признаеш   или немаш капацитет тоа да го увидиш.

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Стереофил кој има уште потесен круг на читатели ,не може да  има  константен тираж или некакво покачување на тиражот.Тоа е апсурд да го тврдиш.И најголема бизнис тајна е тиражот.


Очекувано,batka поново не даде ни еден доказ за своето тврдење дека Stereophile нема тираж 70000,па непотребно дискутираше за тиражот на часописите Електор и Емитер,што нема везе со Sterophile.

Тиражот не е најголема бизнис тајна,барем не е у USA. Пошто не читаш часописи,не ни знаеш дека у USA законска обврска е часописите еднаш у годината да објават у својот часопис годишен извештај од независна ревисорска фирма колкав им е тиражот,колку одштампале и колку продале.Тоа е основа за даночната пријава у IRS,тоа е америчката Управа за приходи,а таа е многу пострашна од нашата.