Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Сè останато => Topic started by: ljup4o on 05.05.2011, Thursday, 23:06:41
-
Дали некој го има изработено 100W гитарскиот засолувач од емитер 1,2,3,4/07 зошто сакам да го изработа па да ми кажит дали е добар. И да прасам дали можит да ставам слика од емитер да ја видат шемата па да дадат коментар?
-
И да прасам дали можит да ставам слика од емитер да ја видат шемата па да дадат коментар?
Не, не е дозволено ставање на скенови од Емитер на форумот.
-
Oд она што го видов тоа е обичен појачувач со контроли на боја на тонот и пп прилагоден за гитара.Проблемот е што кај нас има (односно нема!!) добри звучници кои одговараат на потребите на комбо појачувачите.И она што се нуди во рубриките -огласи на Емитер,сепак не е најдобро решение,туку решение од немај каде.Има по сајтовите доста добри конструкции ,почнувајки од Бора Омега во Србија до неколку други сајтови кои се занимаваат со ова проблематика.Ако има потреба ке ставиме неколку предлози за ова намена.Мислам дека веке ставив една шема на гитарско појачалце 6 вати со ТДА2003 во излез.моментално сум во фаза на правење на ова комбо изведба за домашнаупотреба.
-
смао предпојачалото го има напрајно, на друго појачало го има ставно, функционира, но звукот е премногу чист за гитара, па не е лошо со некоја дистрозија да го надоградиш, исто така потенциометрите треба да се гвалитетни и метални.
-
Еве една проверена,изработена и пофалена шема од Бора Омега. Стварно добро звучи!
-
Колку вати е ова појацало и дали ке можиш да ми препорачаш некој звучник за да видам колку пари ке е и дали ке можам да ја искористам истата кутија од емитер
-
Зависи колку пари ти се даваат.Кај нас во МК може да се најде Еминенс,каков препорачуваат и од Емитер,потоа Селекшн,Има добри Биема 10-ки и 12-ки,РЦФ,тие се малку поскапи,а за кутија е лесно,можеш и истата,а можеш и да ја зголемиш ,нема некое значење.Се е до вкус и нијанси
-
А да не знаеш случајно како одат цените. И зошти има 2 влеза in low level и in high level
-
Едниот е поосетлив,другиот е помалку осетлив,а цените одат од некој 40-50 ЕУ до 80-100 ЕУ зависи од марката и квалитетот.
-
И зошти има 2 влеза in low level и in high level
Затоа што различните магнети на различните гитари даваат различен напон, обично гитарите со дупли магнети (humbucker) даваат повисок напон и овие треба да се приклучат во High Level влезот, оти овој влез е помалку осетлив (му треба повисок напон за да го побуди засилувачот).
Ама ова и не ни толку важно, ако приклучиш во Low Level ќе има малку посилна дистрозија, тоа е се. Но некои гитаристи сакаат почист звук затоа има дава влеза.
-
ај да видам првин што звучник ке најдам да видам со пари како ке е па после ке видам за засилувачот да видам низ охридов дали ке можам нешто да најдам ;D
-
Го знаеш ли Љупчо од ММ електроника,охриѓанец? Ако не си ти тој,побарај го него ,веројатно ке најде нешто!! :D ;)
-
Знам еден Лјупчо што поправа телевизори ама незнам дали е тој ај ке видам ке побарам ;D
-
Јас само што го завршив предзасилувачот...ќе може некој да ми прати како изгледа излезниот за да знам дали ми е добра кутијата во која што го правам.....колку ве кошташе излезното? :)
-
Имаш дадено веке шема за излезот ( Од Бора) ,даден е и изгледот на печатена плоча на симни ја и нацртај си ја.Иначе не треба од 1000 ден да те чини излезот без трафото