Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Сè останато => Topic started by: Devil on 03.01.2011, Monday, 12:17:12
-
Еве една шемичка, сега ја цртав за лајт шоу со 3 лед диоди, за на микрофон е ама со мали измени може и за на појачало да се направи :)
(http://pic.mk/thumbs/lightshow.gif) (http://pic.mk/?v=lightshow.gif)
со мали измени и експериментирање може да додадете колку сакате лед диоди :)
-
ја проба работи ?
-
не ја имам пробао, ама би требало да работи
-
Значи еве ја шемата, ја најдов на форумов постирана од batka. Прееска отидов да купам делови и купив се освен еден кондензатор па сеа утре или треба да земам од еден другар или па да идам да го купам за да го доправам. Земав све да лемам но ми цркна леткомот (изгледа имаше кракот спој нешо пукна и светна па со тато треба да видиме утре), но ми треба да ве прашам како реагираат лед диодите? Преку микрофонот (каков микрофон треба?) или дали се пруклучува директно на компјутер???
-
Ти треба ваков кондензаторски микрофон:
http://rocky.digikey.com/weblib/Horn/Web%20Photos/EM9745P-442-G.jpg
Како работи...
Звукот доаѓа на микрофонот, се засилува и потоа оди до филтрите.
Секој филтер е подесен за одредена фреквенција, за високи, средни и ниски фреквенции.
Значи на ниските фреквенции ќе се пали едната диода, на средните другата и на високите третата.
Тримерите служат да се подеси осетливоста на палењето на диодите.
На пример, кога пушташ музика погласно, и ако некоја диода нон-стоп свети а ретко се гаси, тогаш ќе треба да ја намалиш осетливоста.
-
шемава е на Девил(не е на Батка).Микрофонот е кондензаторски(најобичен) во продавница кошта околу 20-30 денари.За директно на компјутер можеш да го поврзеш,но имаш голема опасност да не изгореш нешто.Затоа,земи обично со микрофонот провери го склопот,па после ќе видиш дали да го поврзеш на излез од компјутерот.Твоето искуство ќе го каже своето.
-
Ок фала што ми објаснивте :) Утре ќе одам да купам микрофон и кондензатор па ќе го доправам и ќе ставам видео како работи ;D
Споено мислење: 03.04.2012, Tuesday, 19:43:59
Може некој да ми каже зашто не ми трепкаат лед диодите кога се ми е добро поврзано и ги вртам тие потенциометрите и само на едната диода ќе се намали светлината а на друга ќе се појача???
-
каков проблем имаш дај појасни подобро што се случува што работи што не работи
-
Значи ги имам сите лед диоди поврзано како што треба според шемата и сега кога ја гледаш шемата првата и втората лед диода од лево кон десно ми светат, а последната не свети! првата ми е црвена втората сина а третата бела, епа таа белата не свети. Ја сменив белата и ставив исто бела и пак нејќе да свети. Сеа тие првите две (црвената и сината) светат, но не светат со цела сила но кога ќе го свртам потенциометарот на едната од тие две едната свети јако а другата ич не свети.. Се надевам ме разбра и ќе ми помогнеш ти или некој друг.
Споено мислење: 03.04.2012, Tuesday, 23:43:49
И заборавив да кажам дека и микрофонот не ми работи т.е. не ми трепкаат лед диодите како што треба па бидејќи незнаев како се поврзува микрофонот не пишува на него + - па го залемив од едната страна па од другата страна и не работеше
-
минусот на микрофонот е споен со куќиштето, со металниот оклоп, сругото ноџе е плус :)
лед диодите се уклучуваат во зависност од фреквенцијата, потребен ти е на влез да имаш некој извор кој дава променлива фреквенција, вклучи го на местото на микрофонот, со ова ќе симулираш сигнал од микрофон или што било, па полека со вртење на тримерите и со промена на фреквенцијата на влез ќе видиш која диода кога уклучува и на која фреквенција, во зависност дали сакаш повисока или пониска фреквенција ќе ги промениш кондензаторирите кај лед диодите, за да испиташ дали работаат сите диоди и како работаат краткоспој ги кондензаторите C2, C4 и C5, на местото од микрофонот пушти некој напон помал од 5V (негде до кај 3V нека е максимално) и со вртење на потенциометрите види што се случува, би требало во зависност од положбата на потенциометарот да се менува и јачината на светење или да вклучува и исклучува диодата ..
-
Окк.. Фалаа.... Утре кога ќе се вратам од школо ќе седнам да видам дали ќе го опраам па ќе пишам тука! ;D
-
А зошто не пиша во темата каде што е post-ирана шемата?
-
Па.. Незнам. Извинете ако згрешив.
Но, сега да ви кажам што направив:
Кондензаторот C4 го заменив со кондензатор од 47u/10V, а кондензаторот C5 со друг кондезатор од 47u/6.3V. Го пруклучив уредот на акумулаторче од 12V и светеа едно време LED1 и LED2 и појако од порано, но по некое време, кога пуштив музика на звучници од PC сијаличките веќе не светеа, Сеа незнам дали е поради музиката или друго ама ги пробував лед диодите посебно и тие се рикнати више треба нови да купам. Иначе таа LED3 откако го направив уредот не светна ниту еднаш
-
Најверојатно имаш грешка во шемата. Провери да не ти е врзана дирекно на +, па одма да не изгорила, штом воопшто не светнала, ИЛИ тримерот ти е до крај наместен и не свети диодата. Види тримерот како ти е наместен ;)
-
Темите се споени.
-
а некој начин наместо диоди да се стават Новогодишни сијалици ? Би било поинтересно..
-
Наместо ЛЕД стави оптокаплер и триак и ке погони рефлектори до 1000 W ако има потреба.
-
Наместо ЛЕД стави оптокаплер и триак и ке погони рефлектори до 1000 W ако има потреба.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3563.msg83699#new (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3563.msg83699#new) Го најдов ова како подобра идеа :)
-
E,само ова е плагин за програм.Ако сакаш лајт шоу на микрофон или како посебен уред без РС,тогаш мораш повеке да се порудиш,ама ке имаш уред со повеке можности.