Storage јадрото наједноставно се зима од самиот АТХ, но има и да се купат некои поголеми, за подобро зачувување на енергија, макар мислам нема потреба.
Околу м
отањето на Storage Core, најубаво е да се избројат намотките за 12В кои веке ги има на торусот од самиот АТХ, а потоа да се направи едноставна пресметка колку навио по волт би оделе. Мотањето се прави со лак жица барем 0.8мм за да има многу мал отпор, а скин ефект нема да има бидејки имаме исправена струја DC, после диодите оди ова јадро.
Мотањето следи со 2 жици, една за - и една за +, na торусното јадро од АТХ
СЕ мотаат паралелно заедно, но на крај се заменуваат излезите (уредно мотање и стрпение-спасение!
)
+ин----------+оут
-оут---------- -ин
Доколку забележите поголема разлика меѓу + и - према маса, веројатно не сте ги завртеле изводите за -
Трафото мора да биде мотано бифиларно (самите фабрички се бифиларно со 2х0.6мм лак жица). Тука навистина треба да не загрижи скин ефектот, но со оглед на тоа дека не ја ставив преголема фреквенцијата туку некоја златна средина од 75кХз, нема да има проблем со фабрички намотаното трафо.
Досега не ми се случило да ми се скрши јадрото, имам искуство со 4 ЕИ33, ЕИ35, ЕД35 и нз други. На интернет мислам ке најдат поубав начин за одлепување на трафото, а назад се лепи со цијанокол.
При работа највеке се греат диодите, тие треба да имаат поголем ладилнк, додека IRF840 не се греат нешто баш ни оптеретени.
Отпорникот од 27к 5W е нормално да стига и 60 степени!. Во мојот случај, пар диоди и еден транзистор се ставени на еден ладилник, а на другиот исто таква конфигурација. Измерив околу 35 степени целзјусови при оптеретување од 100W без форсирано ладење.
Кулер всушност и не треба, ама во мојот случај беше пожелно заради друга причина.
Како ладилници искористете ги од АТХот, сосема доволни се.
Споено мислење: [time]27 Август 2014, 02:42:05[/time]
Пред проверка дали работи обавезно се приклучува сериски ламба на влезот од СМПСво. Едноставна е шемата, работи од прва, но доколку има
и најмал спој меѓу излезните + 0 -, СМПСто завршува со работа прилично спектакуларно!При горење, најчесто горат 2та транзистори, а поретко самиот ИР чип. Затоа и ставив подножје, а 2та транзистори да бидат на достапно место, за едноставна замена.