@GigaWatt Доколку ги заборавиш credentials може да пробаш да ги вратиш преку e-mail (освен ако и тој не ти е заборавен). Доколку тоа не успее ги контактираш Apple му ги кажуваш податоците од гаранцијата, од каде ти е купен телефонот и такви работи и ти го отклучуваат. Такс што, доколку телефонот е украден нема начин некој да го отклучи, можеби има нешто по интернетов но тоа не е целосно отклучување, му прават Bybass.
Добро, ајде еве, телефон од пријател кој, поради X причини, не можам да го исконтактирам. Можеби починал, можеби е некој online познаник кој повеќе не ми враќа на пораки, mail-ови, што и да е... а можно е и он/она да не ги помни, нели се е ставено на auto logon и „обични смртници“ обично не помнат вакви работи, ниту пак им текнува да ги запишат некаде. Ни гаранција имам, ни ништо, само така ми го дал и ми рекол, бујрум друже, еве, мене веќе не ми треба.
Во ваква ситуација, заглавен сум. А имам начекано вакви ситуации еднаш или два пати (луѓе побарале помош од мене... само им кажувам дека не се бафтам со телефони и од друг да бараат помош). Телефоните ни биле крадени, ни продавани по пазари... едноставно сите податоци повразни со тоа парче опрема, поради една или друга причина, се изгубени.
Е сега, од друга страна, ако некој ми даде лаптоп или PC за подарок, не ми треба ни документација, ни password, ни ова, ни она. Апсолутно употреблив е и можам како сакам јас да си го подесам и средам.
Една од многуте причини поради која не ги сакам smart уредите и одбивам да ги користам.