Ке изгледа чудно ,ама нема каде да ставам една ваква конструкција ,па ја ставив во тема - *звучници*.Ова е уред,всушност музички инструмент - една звучна кутија со бас рефлекс со отвор на предната страна. На него се свири со ударање на предната страница.Некои монтираат и бас педала ( за бас тапан ) на него па држат ритам со нога, а со рака удираат *прелази*. Имав барање да направан еден * кајон* за пријател, па побарав димензии и испадна одлична кутија. Држете се по димензии - 20 мм медијапан и 6 мм шпер плоча за предната страница.Може да се проба и со 8мм тополова ( бела) шпер плоча ,ама не знам како ке звучи.Ова 6 мм беше некоја грчка шпер плоча, не знам од каде набавена.Еве ги димензиите на * кајонот*.Ставете повеќе штрафови за стегање на страниците, доста дрвофикс и удрете!