Author Topic: Проблем со машината за перење алишта Beko WMD 77107  (Read 2422 times)

Offline mickoskimiki

  • Нов член
  • *
  • Posts: 3
Проблем со машината за перење алишта Beko WMD 77107
« Opened on 28.08.2014, Thursday, 16:49:25 (Edited 29.08.2014, Friday, 02:55:35) »
Здраво,

Ми треба помош. Проблемот е следен. Сабалје начекав паднат осигурач од wc-то. Почнав со изолирање на проблемот и дојдов до заклучок дека веднаш штом машината за перење алишта ќе биде уклучена во струја успева да го собори соодветниот осигурач. Уклучена во струја значи напонскиот кабел влегува во штекот. Не ни стигам до PowerON копчето. Значи осигурачот и штекот се изолирани, не е кај нив проблемот, проблемот лежи во машината за перење алишта.

Може ли мислење што проблем кај машината за перење алишта доведува до паѓање на осигурач. Претпоставувам дека е нешто околу струјниот кабел внатре во пералната, може нешто се има откачено. Од надвор е добар, не е прецвикан.

Благодарам,

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Проблем со пералната, го бутка осигурачот
« Reply #1 on 28.08.2014, Thursday, 16:58:14 (Edited 28.08.2014, Thursday, 17:00:36) »
Провери го прво РСО филтерот, на самиот влез на кабелот за напон.Второ,иако си нов член ,сепак прво прочитај ги правилата - насловот може да биде Проблем со машината за перење.Тоа * перална * е веројатно локален сленг,а она* го бутка осигурачот * нека не стои во насловот.Тоа го опиша во побарувањето.Преправи го насловот.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
пиши барем дали е со програматор или со процесор...
Претпоставува дека е од поновите со процесор, па почни од напојувачкиот дел, најверојатно има прво некое смпс на влезот со иц или транзистор, провери го трафото и еми филтерот, па потоа оди натака

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Добро е, го поправи насловот.Сега,уште една замерка - не пиша воопшто ниту марка,модел,производител на машината за перење.Ако е постара машината чест квар е во филтерот за РСО,во метално кукиште како електролитски кондензатор со 4 изводи.Често знае и да пукне како петарда. 8).Извади го кабелот од штек и со омметар провери дали дали  е во краток спој.Тргни од кабелот, иако изгледа цел и во ред.Потоа отвори ја машината и оди по ред.Ако е со процесор и СМПС ,господ на помош и носи ја во сервис.

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
батка е во право. Провери го тој филтерот, 99% е до него. Кај мене дома го имав истиот проблем, а исто така и на уште 2 машини што ги поправав. Беше експлодиран :) сега незнам точно за што служи, претпоставувам да не прави пречки назад во мрежа кога уклучува/исклучува моторот. Јас го извадив кај мене и си работи без него  ;D ;D (го преспоив директно)
Life is too short to remove USB safely ..

Offline mickoskimiki

  • Нов член
  • *
  • Posts: 3
Фала на помошта момци, моделот е Беко WMD 77107 од 2010 година, според сите работи кои ги прочитав по форуми 90% се работи за тој РСО филтер, а може да е и некој позфркнат проблем со електрониката. Утре ќе пробам да направам нешто сам, ако е нешто просто да пробам да го поправам, ако не ќе барам мајстор. Ќе пишам feedback.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
МаркоМК ти кажа одлично.За почеток - универзален инструмент врзан како ом-метар и допри го утикачот на кабелот ,па ако е во краток спој види каде оди во машината ,па барај го филтерот,преспој го и пробај така дали ке паѓа осигурувачот.Мој совет-најдобро извади го,па врши преспојување.

Offline mickoskimiki

  • Нов член
  • *
  • Posts: 3
Одг: Проблем со машината за перење алишта Beko WMD 77107
« Reply #7 on 29.08.2014, Friday, 13:17:32 (Edited 29.08.2014, Friday, 14:44:50) »
Здраво,

Ја отворив машината и не видов некој видлив проблем што би можел сам да го решам. РСО филтерот е прва работа после кабелот и нема видливи оштетувања. Се е врзано како што треба.

Е, сега има ли некој од форумов што работи по дома како мајстор за машини за перење. Ако има, ми треба инфо колку чини дијагностика на проблем и колку чини РСО филтер за овој тип на машина за перење алишта со работна рака. Може и препорака да ми пишете од некој добар мајстор. Живеам на почеток на Ѓорче кај пазарчето.



Споено мислење: 29.08.2014, Friday, 14:44:50
Проблемот е решен. Како што кажа batka така излезе. Заменет е РСО филтерот и машината поново си работи.

Благодарам на помошта и поздрав.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Можеш да пробаш дали работи и без филтер, извади го. Но не ја користит така, колку за проба.