Имам вакви експерименти правено уште во 2007 со антена како во првата слика, само помала беше мојата и немаше којзнае какви сигнали, само од мрежата (50 херци и хармоници) и еден сигнал на 15 625 херци од високо напонските трафоа на телевизорите. Исто самиот компјутер и монитор ствараат огромни пречки во ELF и VLF подрачјето. Еднаш имаше еден сигнал на 17,6 килохерци ама незнам дали беше вистински сигнал или пречка од мониторот.
Исто вакви сигнали многу тешко се ловат во град поради сите домашни апарати и компјутери кои ги ствараат пречките. Најдобро е со лаптоп да се појде во некоја пустелија.
Ти како ја поврза антената со приемникот, мислам што беше приемникот, дали звучна карта или нешто друго? Ако е звучна карта, дали двете жички од антената директно ги поврза на звучната карта на Line in или mic ?
Директно на Line In ја поврзав, има и предпојачала за тоа, ама пак се зависи од местото, ако имаш пречки претпојачалото не помага многу, оти тоа ги појачува и нив.
Има еден софтвер се вика Spectrum Lab,
http://www.qsl.net/dl4yhf/spectra1.html
во него има еден куп DSP филтери со кој може да се отстранат некои од пречките. Исто така овој софтвер има и еден куп други опции, Hum филтер, AGC (Automatic Gain Control), мешач, дури има и опција со две антени да се прави RDF (Radio Direction Finding).