Почитувани форумаши!
На помладите им го представувам а постарите радиоаматери ги потсетувам на својот долгогодишен пријател,колега,соработник и бард на Македонските радио-аматери - покојниот Петар Крајчев од Велес,мој сограѓанин,страстен радиоаматер,конструктор и електроничар-ентузијаст,кому ништо не можеше да му биде недостапно и кој успеа да направи се што ке помислеше да направи.Како радио-аматер постигна се што можеше да се освои,беше во рангот на стоте најдобри телеграфисти на светот во аматерски рамки,а неговиот позивен знак во Јапонија беше знак за распознавање на Република Македонија. Тоа го видов и чув,не верував,ама Јапонците го вреднуваа Велес и Македонија
со успесите и високите критериуми кои нашиот чичко ПЕПИ ги постави.Се ближи ми се чини седум годишнината од неговата смрт,па по тој повод би сакал да се навратам и да се подсетам на него.
Секогаш и во секое време беше спремен да помогне,поготово на младите. Еве една негова фотографија,единствената која ја имам од овој скромен човек.