Бидејќи обеќав дека ќе напишам нешто како оди сето ова, да си го исполнам ветувањето.
Прво да нема забуни PLL и FLL не е исто
PLL е фазно затворена јамка, а
FLL е фреквенциско затворена јамка
( кај му текна на македонциве за ова затворена јамка незнам )
Значи принципот на работа е сличен.
Како работи..
Принципот на работа на FLL то е многу прост, има еден бројач кој ја мери/брое фреквенцијата на VFO-то ( variable frequency oscillator ( променлив фреквенциски осцилатор )), со што новото отчитување на фреквенцијата се споредува со претходното и врз основа на споредбата се пресметува колку и како треба да се реагира односно да се поправи фреквенцијата.
Во минатото ова се изведувало со неколку TTL кола но сега е можно да се изведува и со еден микроконтролер.
Значи принципот на ова е да го контролира напонот во варикап диодите за да фреквенцијата остане иста, е сега некој може да речи оти да не е PLL, бидејќи изведбата на ова е многу поедноставна и до негде поефтинаа од таа за PLL-то.
Кај ова се овозможува да фреквенцијата се поправа само кога е потребно, кога ќе забега вредноста до некое одредено ниво ( најчесто изнесува неколку Hz ).
ова можеби би можело да се изведе со некој флип флоп или регистар ..?
VFO некаде е претставено и како високофреквентен осцилатор