Книгава е над деценија стара, Камилоски прашање дали е жив...а професориве без авторски права и бутур ни ја даваат во пдф да ја копираме на факс. Така да не сметам дека би имало проблем..ама како што ќе речите . Ако ми дозволите ќе ја постирам, ако не за секој случај по меил најдобро
Мислам дека е жив и дека уште предава... дали е редовен професор или вонреден сега, не знам, ама знам дека ми беше во комисија на дипломска, а дипломирав пред... 4 години, така нешто, 2013-та.
И да, даваат да се копира бидејќи и онака само по 500 копии се прават од книгата, не ни можеш да ја најдеш во оригинална верзија, се печати... колку да се испечати бидејќи е поднесено барање до УКИМ за издавање на академска литература, бла бла бла, и мора некако да се оправдаат тие средства.
А сега ги дваат така бидејќи ем не им одобруваат средства веќе (сега веќе им бараат да имаат идадено написи во некои странски академски списанија или нешто трето, не бараат да имаат издадено своја книга, тоа беше еден краток период и го укинаа тоа кога видоа дека ќе треба барем 2/3 од професорите да ги бркаат од работа бидејќи дали 20% нив си ја знаат работата и проблематиката како што треба
), ем поради тоа што мислам дека е задолжително во електронска форма да ги има материјалите, а опционално е дали ќе бидат во печатена. Кога видоа дека 10% од оваа академска литература не можат да ја продадат во книжарници... си рекоа, за*би, ова е само трошење на време и хартија, дај во електронска и готово
. Искрено, паметна одлука
. Исто е со стручната литература на многу други факултети под УКИМ... Машински, Шумарски, Медицински, Технолошки, ФИНКИ, итн. Исклучок се, како и секогаш, Правен и Економски
, нели, она мора од секаде пари да млатат, па и од книгите
, мораш да купиш книга, инаку, немаш право да полагаш
.
А дека можно е да има проблем, можно е. Зошто? Бидејќи оваа книга ја има само во печатена верзија. Никој (издавачката куќа или авторот) ја нема ставено online и во електронска верзија, ниту пак има пишано во самата книга дека смее да се умножува и споделува без дозвола од издавачката куќа или авторот. Има посебни GPL лиценци, за кои издавачките куќи и авторите кај нас воопто не ни знаат, кои го дозволуваат ова. Дури добиваш и свој сајт (под некој domain на GPL, не ми текнува точно како беше) на кој може да си направиш една проста web страна и линк за download на книгата, без ограничување во однос на времетрање (страната ќе постои се додека постои GPL, така да... практично вечно), но... кој да знае и да се информира, така
. Згора на тоа, твојата книга е заштитена од страна на GPL, интернационална организација, така да, ако некој стави цитат или има нешто искористено во свој труд од твојата книга, мора да наведе од каде го има земено тоа
. Кај нас, со нашите заштити на авторските права, тешко дека ќе успееш ова да го докажеш, а дури и да го докажеш... никому ништо. GPL е сосема друга работа... дечките кои се зад GNU и GPL многу сериозно го сваќаат ова и има некои ретки исклучоци каде ова се толерира. DD-WRT е типичен пример, но бидејќи firmware-от е многу популарен, а и лиценцата што треба да се плати, ја плаќаш само ако сакаш да активираш Super Channel, така да, практично ги имаш сите опции кои ги нуди firmware-от, освен Super Channel, и затоа не го чепкаат тој проект од GNU... иако реално крши некои од правилата на GNU GPL.
Најдобро е да не ја post-ираш тука јавно, споделете си ја едни меѓу други преку mail
. Ја има и на Scribd. Само пишете "metodija kamilovski elektronika 1 pdf" на Google, првиот линк што ќе го извади е од Scribd
.