Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Технологии => Topic started by: Devil on 30.06.2010, Wednesday, 16:53:07

Title: FLL (Frequency Locked Loop)
Post by: Devil on 30.06.2010, Wednesday, 16:53:07
Бидејќи обеќав дека ќе напишам нешто како оди сето ова, да си го исполнам ветувањето.
Прво да нема забуни PLL и FLL не е исто
PLL е фазно затворена јамка, а
FLL е фреквенциско затворена јамка
( кај му текна на македонциве за ова затворена јамка незнам )

Значи принципот на работа е сличен.
Како работи..

Принципот на работа на FLL то е многу прост, има еден бројач кој ја мери/брое фреквенцијата на VFO-то ( variable frequency oscillator ( променлив фреквенциски осцилатор )), со што новото отчитување на фреквенцијата се споредува со претходното и врз основа на споредбата се пресметува колку и како треба да се реагира односно да се поправи фреквенцијата.
Во минатото ова се изведувало со неколку TTL кола но сега е можно да се изведува и со еден микроконтролер.
Значи принципот на ова е да го контролира напонот во варикап диодите за да фреквенцијата остане иста, е сега некој може да речи оти да не е PLL, бидејќи изведбата на ова е многу поедноставна и до негде поефтинаа од таа за PLL-то.
Кај ова се овозможува да фреквенцијата се поправа само кога е потребно, кога ќе забега вредноста до некое одредено ниво ( најчесто изнесува неколку Hz ).

ова можеби би можело да се изведе со некој флип флоп или регистар ..?

VFO некаде е претставено и како високофреквентен осцилатор
 
Title: Одг: FLL ( Frequency Locked Loop )
Post by: DX-er on 01.07.2010, Thursday, 18:22:09
одлично имаш објаснето. Само каде да најдеме шема за тоа чудо  ???
Title: Одг: FLL ( Frequency Locked Loop )
Post by: Devil on 01.07.2010, Thursday, 18:24:25
ако сакаш со пик лесна работа ,само ќе треба некој да го напише софтверот, пошто кај шо ја најдов шемата немаја дадено
и таму ама беше за до кај 50MHz и со LCD дисплеј со 2 тастери се штелуваше фреквенцијата
Title: Одг: FLL ( Frequency Locked Loop )
Post by: DX-er on 01.07.2010, Thursday, 18:30:51
супер е ако може со пик, иначе кој е доброволец за пишење на софтвер :) ама за ФМ ФЛЛ
Title: Одг: FLL ( Frequency Locked Loop )
Post by: Devil on 01.07.2010, Thursday, 18:36:22
нема да е така едноставно за фм, ќе мора да се користи некој прескалер нешто
бидејќи пиковите не можат да работаат на толкави високи фреквенции, едвај тие стигнуваат до 50MHz а камоли 110MHz
Title: Одг: FLL ( Frequency Locked Loop )
Post by: r00t on 03.07.2010, Saturday, 12:14:07
FLL-от најчесто може да се имплементира во првата IF или понекогаш во втората IF фрекфенција (доколку предавателот/проемникот има 2 IF фрекфенции). Овде фрекфенциите се ниски (првата е секогаш 455KHz а втората може да варира од 8 до 14 MHz зависи од дизајнот) така што микроконтролерот може без проблем да си ја работи работата.

Од излезот/влезот на предавателот/приемникот, се зема најголемата фрекфенција т.е. реалната фрекфенција (108 MHz пример), па таа се сведува на некоја од IF фрекфенциите со помош на мешач (мешачот може да даде или собирок или разлика од влезните 2 фрекфенции, овде се зема разликата) и потоа имаме 2 фрекфенции кои можат лесно да се споредуваат.

Микроконтролерот ќе ги споредува 2те фрекфенции (едната е реалната IF фрекфенција, а другата е ниската фрекфенција добиена од реалната) и според тоа ќе може да ја зголемува/намалува фрекфенцијата во некој IF степен така да излезната (реалната) фрекфенција е иста како и со генерираната во првиот/вториот IF степен.
Title: Одг: FLL (Frequency Locked Loop)
Post by: Devil on 03.07.2010, Saturday, 12:27:45
ок фала за објаснувањето :)
само малку сложено ќе биде со тоа мешачи ова  , она
многу ќе се усложи на концептот
Title: Одг: FLL (Frequency Locked Loop)
Post by: r00t on 03.07.2010, Saturday, 13:17:01
ок фала за објаснувањето :)
само малку сложено ќе биде со тоа мешачи ова  , она
многу ќе се усложи на концептот


Епа сакаме точна контрола на фрекфенцијата. Се разбира дека нема да е лесно како врзување на 2 отпорници :)
Title: Одг: FLL (Frequency Locked Loop)
Post by: GigaWatt on 03.07.2010, Saturday, 13:19:09
Тука во право си ;).
Title: Одг: FLL (Frequency Locked Loop)
Post by: DX-er on 03.07.2010, Saturday, 21:30:04
значи мозе и за фм 88-108мхз ама сепак не е едноставно да се направи ФЛЛ... испага ПЛЛ е поедноставно да се направи. Мислам на ПЛЛ со ПИК
Title: Одг: FLL (Frequency Locked Loop)
Post by: r00t on 03.07.2010, Saturday, 21:37:07
значимозе и за фм 88-108мхз ама сепак не е едноставно да се направи ФЛЛ... испага ПЛЛ е поедноставно да се направи. Мислам на ПЛЛ со ПИК

Скоро еднака е „тежината“ на имплементацијата. Затоа што со PLL фазата истотака треба да ја мериш на некоја ниска фрекфенција а не на оргиналната излезна :) Значи повторно треба да ја поделиш/одземеш.

Како и да е, FLL и PLL методите за контрола се скоро исти во имплементација, и двете методи со помош на VCO (Voltage Controlled Oscillator) ја контролираат излезната фрекфенција. Разликата е што контролерот во PLL методот ја споредува фазата на двата сигнали, а FLL ја споредува фрекфенцијата.
Title: Одг: FLL (Frequency Locked Loop)
Post by: Devil on 03.07.2010, Saturday, 21:39:24
да и тоа што за ПЛЛ има еден тон шеми кој се изработени и функционираат, а за ФЛЛ најдов само една за до кај 50MHz и немаше код за пикот :(
Title: Одг: FLL (Frequency Locked Loop)
Post by: r00t on 03.07.2010, Saturday, 22:10:12
PLL е поедноставно да се испрограмира, затоа што едноставен шмитов тригер се дигитализира сигналот и потоа се споредува моментот на кревање на логичко 1 на едниот и на другиот сигнал. Доколку е еднакво значи фрекфенциите се саглам. Доколку не е според тоа дали едниот сигнал е позади другиот или пред другиот се одлучува дали да се зголеми/намали фрекфенцијата.

Со FLL треба да се направи фрекфенциометар со мокроконтролерот а тоа најдобро се прави со хардверските interrupt-и ... Доколку контролерот ги нема или пак се тиња, тиња ќе е и целиот систем. + Мерење на фрекфенцијата на два сигнали со еден контролер е малце покомплицирано и затоа е поедноставно софтверски да се имплементира PLL иако FLL е многу поточно од PLL затоа што имаме директно компарација ан фрекфенција а не на фаза каде што поради шумови може да се искомплицира целиот систем.