Author Topic: Помош околу 12V DC to 220V 150W конвертор  (Read 1315 times)

Offline Teslakr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 180
Конверторот си работи нормално но кога напонот на акумулаторот ќе ја достигне вредноста од 10.40 волти инвертерот алармира и се пали црвената лед диода и нарамно се исклучува напонот од 220в. Прашањето ми е дали може да се корегира минималниот напон на кој што може да работи конвереторот на пример да исклучува на 8 или 9 волти.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
За која шема се работи? Веке виден проект или .... Ако може стави ја шемата ,да видиме за што се работи.

Offline Teslakr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 180
Се работи оние купечките конвертори а за шема појма немам од каде да се најде.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Колега,повекепати сме дискутирале на Форум за вакви ситуации - давајте конкретни податоци за она што го барате.Прво,велиш *Се работи оние купечките конвертори а за шема појма немам од каде да се најде.* Има бар 5-6 модели од 4-5 фирми и сите се различни конструкции.Значи, да не биде она* бела кола со плави седишта*- ако веке го имате конверторот напишете ја фирмата и моделот.Некои конвертори имаат можност за корекција,а некои не.

Offline Teslakr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 180
Од каде да знам која фирма го произведува или кој модел е кога само плочката ја имам, да ги знаев сигурно би ги пишал.

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Од каде да знам која фирма го произведува или кој модел е кога само плочката ја имам, да ги знаев сигурно би ги пишал.
Во тој случај, тешко дека ќе може некој да ти помогне.
Жан

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Па барем плочката да ја сликаше .... 8)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Ако го малтретираш акумулаторот на секое да го цедиш до 8-9 волти брзо ќе го цркниш, а богами и конверторот има добри шански да откаже на 8 в.
Ако е 150 вати, на 14.4 волти би  у требале околу 10.5 ампери+загуби, но на 8 волти би му требале околу 19 ампери плус загуби, што е скоро дупло појака струја....