Author Topic: Полнач за акумулатор 12V-8А  (Read 4408 times)

Offline Integral

  • Нов член
  • *
  • Posts: 35
  • Gender: Male
    • http://elektronika.5forum.info
Одг: Полнач за акумулатор 12В-8А
« Reply #15 on 25.03.2012, Sunday, 03:56:47 (Edited 25.03.2012, Sunday, 04:00:11) »
Ако максималната струја што треба да “потече“ преку полначот (исправувачот) е 8А, тогаш сијалицата што е за работен напон од 12V, треба да е со моќност од максимални 96W како струјата од полначот не би ја преминала максимално дозволената струја од полначот (исправувачот). Многу едноставно P = U x I , или 12 х 8 = 96W. Исто така на тој начин можеме да ја одредиме и максималната струја на полнење која кај оловните акумулатори е еднаква на 1/10 од капацитетот на акумулаторот, пример 55Ah, струја на полнење од 5,5 А, или сијалица од 12V/66W.
Dobro izracunato.
Sijalica za automobilski far ima dva vlakna, od 40 i 50W. Moze se prikljucivati jedno ili obadva, paralelno.
servisploca.com

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
@cika
ова што го направе е далеку од полнач за акомулатор, не добиваш многу со поврзување на трансформатор на грец и толку, не велам дека нема да работи ама немаш никаква ефикасност од така. Можеш да најдеш многу лесни и прости шеми и сам ќе видиш дека не е етшко да направиш еден добар полнач. Сепак можам да кажам дека за почеток е ок, ама не е тоа што навистина треба да биде
Hams do it! With Frequency

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
..........е далеку од полнач за акомулатор, не добиваш многу со поврзување на трансформатор на грец и толку, не велам дека нема да работи ама немаш никаква ефикасност од така........ ама не е тоа што навистина треба да биде..
Ако не ти е тешко доискажи се... мене не ми е сосема разбирливо ЗОШТО ?
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
За два трансформатора да работат паралелно потребнисе услови за тоа да биде ефикасно, но за ови мали снаги не е проблем, сепак би ти советувал да имаш два греца, така и ледењето ќе го подобриш, и напонот на полнење не смее да го прекорачи прагот од 14,7волти, се што е преку ја разорува ќелијата на акомулаторот.
Иако е препорачливо да струјата на полнење е 10% од снагата на акомулаторот, подобро е таа да е помала, ќе се зголеми времето на полнење, но ќе се продолжи векот на акомулаторот, и може да се монтира и еден отпорник на влез од грецот со + ножичка, за да има исто 10% наизменична компонента на правиот напон, со ова се помага да не доаѓа до сулфуризација на плочите во акумулаторот. ако е тоа 8А прав напон, низ отпорникот треба да потече наизменична струја од 0,8А, значи ќе има дисипација голема снагата ќе му 10-16вати, а вредноста...експериментирајте  :)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Полнач за акумулатор 12В-8А
« Reply #19 on 28.03.2012, Wednesday, 17:35:28 »
@Toma
Прочитај ги сите коментари од оваа тема. Напонот не е ограничен, тоа мора да се направи со интегрално коло, убаво напиша Integral во неговиот коментар. За добар полнач на акомулатор има шеми који ги има сите неоходни елементи. Побарај шеми  на интернет и ќе ги најдеш. Мислам дека со ова се доискажав како што побара
Hams do it! With Frequency

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: Полнач за акумулатор 12В-8А
« Reply #20 on 28.03.2012, Wednesday, 21:52:36 »
А зошто напонот треба да биде ограничен (претпоставувам мислиш на највисоката вредност на истиот) ? Според мене треба да биде ограничена струјата а со самото нејзино ограничување, напонот во тој момент е ирелевантен. Можеш да полниш акумулатор со полнач (исправувач) и од 28V под услов струјата да не ја преминува пропишаната вредност од 5,5А за акумулатор 12V 55Ah !Или ако акумулаторот го приклучиме на напон од 28V , во серија со акумулаторот треба да ставиме “отпор“ од 5,1 Ω со моќност од 142 W ( не навлегувам во тоа дали е исплатливо, дали е добра шемата, дали е економчен и.т.н). Едноставно не интересира само струјата која го полни акумулаторот. Или можеме да го приклучиме на 220V иправен напон но отпорот ќе е 40 Ω со моќност од 880 W ! Значи според мене прв услов за полнач (исправувач) е струјата на полнење а понатаму се земаат сите други потребни параметри. Ако грешам исправете ме.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Полнач за акумулатор 12В-8А
« Reply #21 on 29.03.2012, Thursday, 16:42:01 »
Не сум сретнал полнач што полни акомулатор со 28 волти или како што кажа 220 волти исправен напон, не знам што зборуваш  ???
Тоа е исто како јас да те убедувам дека со возачка дозвола Б-категорија можам законски да возам супер соничен авион како оние „конкорд„ што за 4 часа може да стигне од Лондон за Њујорк, а тој отпорникот 40 Ω и моќност 880 вати да е автопилотот на конкордот кој што ќе го држи курсот додека јас како пилот сум камен пијан.

Полнач за акомулатор треба обаверзно да има ограничен напон а и струја секако
Hams do it! With Frequency

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: Полнач за акумулатор 12В-8А
« Reply #22 on 29.03.2012, Thursday, 17:10:27 »
Полнач за акомулатор треба обаверзно да има ограничен напон а и струја секако
Сметам дека не ја разбираш поентата на мојата мисла и пишување...
Едно прашање ?
Како ќе го ограничиш напонот(без електроника) и колкав треба да биде тој напон (лимитот на големината на напонот во волти), примерно за полнење на акумулатор од 12V 55Ah ?
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Одг: Полнач за акумулатор 12В-8А
« Reply #23 on 29.03.2012, Thursday, 20:47:44 »
Во комерцијални полначи каде нема електроника- автоматика, самото трафо е димензионирано за тој напон, и тој проблем е елиминиран, точно струјата треба да е толку 10% но таа се промеува како се полни акумулаторот, резонирај како сврзани садови со течност, од поголемо ниво кон помало и треба да се изедначат, а ако е 28 волти каде е тука изедначувањето?
Ај ти пробај во пракса па со таа твоја теорија па да научиме нешто ново во електрониката  :)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Полнач за акумулатор 12В-8А
« Reply #24 on 29.03.2012, Thursday, 22:07:20 (Edited 29.03.2012, Thursday, 22:17:25) »
@Toma
didi убаво ти објасне. Ако се изедначи напонот и амперметарот ако покаже 0 (полначите имаат амперметар) тогаш акомулаторот е полн. didi ти кажа дека трансформаторите на полначите се така пресметани и димензионирани за таков напон.
Toma, опасно е да правиш експерименти со полење со 28 волти, токаш ќе протече голема струја низ акомулаторот и може да експлодира. Имам видено како акомулатор му експлодира на еден пред него и за малку очите ќе се збогуваа од него.
Ако сеуште стоиш на таа твоја теза, тогаш ти препорачувам да направиш полнач што ќе полни на 28 волти или 220 волти еднонасочен напон и патентирај го како нов изум
Hams do it! With Frequency

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Полнач за акумулатор 12В-8А
« Reply #25 on 29.03.2012, Thursday, 23:40:34 »
Ако сеуште стоиш на таа твоја теза, тогаш ти препорачувам да направиш полнач што ќе полни на 28 волти или 220 волти еднонасочен напон и патентирај го како нов изум

Не дека не е можно, можно е, ама е многу ризично... јас не би пробувал ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Теоретски -да,Тома е во право,ама практично-не!! Во право е Диди.Малку е ова нејасно,ама сваќам што сака Тома да каже.Меѓутоа.како рече Диди - поефтиното решение е секогаш комерцијално!

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Прво еден клик на Fabrika akumulatora Sombor - Punjenje i dopunjavanje akumulatora и погледнете ја последната точка     
Quote
Pri punjenju konstantnim naponom izvor napajanja ne sme da prelazi 15,8V.
. Бидејки во темата се зборува за полнач (исправувач) (12V-8А), што ќе се случи ако трансформаторот е димензиониран за напон од 15,8V и струја од 8А, а гледаме дека (како што е погоре во шемата) нема никаков ограничувач на струјата, дали треба да си во близина на акумулаторот и да внимаваш да не “зоврие и експлодира“ или ќе бараш начин да НЕ дозволиш да “зоврие и експлодира“ акумулаторот!
И уште еден интересен линк К Л И К Н И  о в д е
ПС1. Со трансформатор димензиониран за 12V без разлика на јачината на струјата дали ќе го наполниме акумулаторот?
ПС2. Додека го пишував моето мислење гледам дека има и друг коментар, и би сакал да дообјаснам дека јас не сум за тоа да се прави полнач каков и да бил, напротив би правел полнач со електронски склоп кој што би престанал да го полни акумулаторот кога струјата би била од редот на mA и напон на “клемите“ од 15,6 V.
ПС3. Потенцирам дека мојата поента е ставање на “елемент“ во серија од полначот кон акумулаторот.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Полнач за акумулатор 12V-8А
« Reply #28 on 31.03.2012, Saturday, 06:54:43 »
ок, гледам дека конечно се разбираме. Точно е дека е можно, гледам на оние кинеските батериски ламби што се со полнење има по некој отпорник директно од електрична енергија до самата батерија. ионака тие не одат далеку по месец дена фрлија. Иако е можмо тоа е најнепрактично решение. Гледав како експлодираат акомулатори. Никогаш со акомулатор не експериментирајте, чувајте ги очите во главата
Hams do it! With Frequency