Аууууууу, јас се помешав со една друга тема, со тој 500W-ниот засилувач, sorry
. Па ако дава трансформаторот излезне напон од 100V, и ако трансформаторот е околу 800, 900, 1000VA, па ќе му требаат шипки, струја со јачина од 10А не е малку... добро, можеби не шипки, ама дефинитивно некои подебели кабли ќе му требаат.
Како и да е, topic-от не беше за дебелина на шипки или дебелина на жици, беше за трансформатор за моќен засилувач и каде може да се најбави таков.
Би го препорачал истото што и некои други членови го препорачаа, „Бувљакот“ или некој отпад се најдобра локација за наоѓање на такви работи
. Исто така, ако можете од некаде да најдете некој стар медицински апрат, како на пример кардиограм или нешто така, обично во нив има многу моќни трансформатори (имам расклопено два до сега), не ради друго, тогаш целата дигитална технологија била TTL based, па многу струја трошеле интегрираните кола :S. Можете исто така од такви медицински апарати да извадите висококвалитетни компоненти, кондензатори со мала толеранција (5% и помала од 5%), повеќеобртни потенциометри, повеќеобртни тример потенциометри, оригинални интегрирани кола (ако стари, сепак изработки се на ренoмирани фирми, како на пример Texas Instruments или National Semiconductor, а не евтини копии
), катодни цевки со електростатичко отскршнување на млазот (како што се користат во осцилоскопите) и некои други компоненти кои ретко се наоѓаат во продавниците за електронски делови
.