Според мене накратко вака работи, ако грешам нека ме поправи некој
откако ќе се приклучи нешто на овај осигурувач, низ него нема да тече струја затоа што треба да се „отвори“ транзисторот (2Н3055), за да се постигни тоа се притиска на копчето за ресетирање преку него на гејтот од тиристорот се донесува сигнал за побуда, овај сигнал го „отвора“ тиристорот со што се побудува и транзисторот, е сега откако ќе се побуди транзисторот почнува струјата да тече низ него, па преку отпорникот од 0,2 оми оди на базата со што самиот се држи „отворен“, доколку се појави проблем пр. краток спој на краевите имаме пад на напонот и склопот се исклучува, за да се вклучи пак треба да се притисни на рестаарт копчето
значи ова по мое како би работело, ама ако не е така нека ме поправи некој