Author Topic: Електронски Товар - Dummy Load ( by Devil)  (Read 1790 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Пред некое време се чудев што ќе ми е вакво нешто, демек нема да ми притреба никогаш.
Е да видиш како сум се зафркнал, сега ми треба ите како, направив 2 од кои едниот работеше ама не како што треба, па седнав и си дизајнирав мој прототип на уредов, во тек ми е набавката на делови, значи проектов е сеуште во изработка и е само на лист, нареднава недела треба да го составам (да ми пристигнат деловите). На симулација си работи ОК, користев LM358 за основниот дизајн, про планирав да има само регулација на струјата, ама подоцна сакав да имам и излез за да мерам струјата, па после сакав и температурна заштита (колку толку да има) и завршив со 2 операциони засилувачи LM358(секој од нив има по 2 во градбата), односно 4 независни блокчиња, можеше да бидат 3, со тоа што 1 требаше да остане неупотребен, па него го искористив како бафер за да не би ми се оштетил потенциометарот (а и останатиот дел од колото) поради Х причини (грешки при работа).

Треба да се знае дека за правилна работа, потребен е поголем напон за напојување на ОЗ, бидејќи не е од типот rail-to-rail, а MOSFET-от не е logic level, па и него му треба малку повисок напон на гејт за да почне да проведува. Значи мора да се обрни внимание на напојувањето на целиот склоп, јас користам од 9V (оти така ми беше убо! :P)

Треба да се постави соодветен ладилник затоа што MOSFET-от прилично ќе загрева. Е сега користам отпорник од 1ом, како сензор за струја, се разбира дека можеше и друг тип да се стави (со помала отпорност) со што би се зголемила максималната струја на работа на склопов, ама за онаа намена за која што мене ми требаше (до 3А) е повеќе од доволно, во план сум да ставам 10х10оми 1% отпорници паралелно поврзани (накнадно ќе образложам зошто како што, кога ќе го започнам проектот).

Има еден дел од ОЗ кој се користи само како бафер за да не би се предизвикала голема грешка во мерењето, поради внатрешната отпорност на мултиметарот кој ќе се користи за да се мере напонот (а прито ни се прикаже вредноста на струјата).

Околу мерењето, планирам да ставам панел метри, јас најдов едни кој не им е проблем да се поврзат во спој со заедничка маса, некои волтметри (како што е случајот) не може така да се поврзат па потребно е и преправки (на самиот волтметар). За ова ќе мора да се обрне посебно внимание да не биде после јас крив.
Најлесно се одредува, ако може да си го мери напонот од кој се напојува голема е веројатноста дека ќе работи како што треба :D


Во тек ми е подготовка на тема за High Side сензори на струја и Low Side сензори (како што е овај во мојот случај), не е нешто посебно ама е добро да се знае :D

Како што ќе работам ќе ја надополнувам темава, сега за сега толку, во атачмент е првичниот дизајн после неколку редизајни :P, со овај ќе одам, со тоа што можно е да не го користам тој MOSFET (BUZ11) оти ми се истрошија :P, ќе треба да си набавам други.

Кратки карактеристики:
Imax= 3A
Umax= 30V
Pmax=70W*

И најважното од се, за да не биде после немаше нигде ништо  ;D

Овај дизајн на Електронски Товар е во сопственост на авторот, забрането е какво било него изнесување надвор од форумот, производство за продажба, објавување во списанија, блогови и останати форуми, без одобрение од Авторот на проектот.

**Во случај на спор одговорен е Основен Суд Битола :P
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Денес зедов на брзина дизајнирав плоча колку за тестирање, ама не верувам дека ќе одам со оваа верзија не ми се допаѓа баш многу многу, на плочата додадов уште еден фет паралелно со првиот (не мора да се поставува), предвидов место за „осигурувач“ кој ќе биде една лицна од кабел :D, исто не го ставив дизајнот за мерење на струја и за температурната заштита, така да ова ќе претрпи сега засега измени :D, ама од негде мора да се започне
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
стави барем исправен тример, и LordZi имаше ваква шема една направено и јас ја имам направено што супер функционира....
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
тешко дека ќе најдам некој повеќеобртен тример, идеата ми беше да може да биде достапен за сите, едноставно да би можеле сите да си го состават, го гледав и тоа на лордзи :D

Ти имаше греалка едно време :P
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
ако немаш повеќеобртен тример, ке си ставиш обичен тример и problem solved...и тоа од лордзи беше лесно за правење...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Во петокот ми стигнаа деловите, да искористам прилика и да ви ја препорачам tayda, за 1 недела ми стигнаа сите потребни делови и нешто џиџи миџи..

Денес (односно во петокот ја исцртав) плочата ја составив, ќе има измени, онаа што е во првиот пост отпадна уште на почетокот, вторава е така така, и сега ќе цртам нова плоча, подоцна ќе ставам слики од прототипот, користам исправени повеќеобртни тримери, оти Бојан ми даде таков предлог, ќе отпаднат некој делови нешто ќе се додаде и така, ќе има наскоро и нова шема :D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
...да ви ја препорачам tayda, за 1 недела ми стигнаа сите потребни делови...
Колку се плаќа за патни трошоци?
Жан

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
зависно од тежината, има на страницата вградено можност да одма ти прикаже колку ќе те кошта поштарина за тоа што го нарачуваш :D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Знам дека ептем многу доцнам, ама еве слики од првиот прототип, погоре спомнав дека ќе го менувам, за почеток плочава ќе ја користам после ќе ја сменам и неа :D



Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline stru4nak

  • Нов член
  • *
  • Posts: 48
Можи некој да кажи за што се користи и како се користи.

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
оптоварување за напојувања, нешто слично на отпорник само кај ова струјата што тече е константна
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)