Author Topic: Едноставно и евтино SMPS Напојување за авто засилувачи  (Read 883 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Едноставно и евтино SMPS Напојување за авто засилувачи
« Opened on 03.03.2013, Sunday, 22:34:06 (Edited 17.10.2014, Friday, 00:55:39) »
Знаеме дека е доста комплицирано да се конструира и да се изведе добро SMPS напојување (Switching Mode Power Supply) кое би се користело за зголемување на напонот на напојување во автомобилот над 12V за користење на напојување на моќен аудио засилувач.

Освен ова еден од најголемите проблеми е наоѓањето или правењето на VF трансформаторите кој би се користеле во овој засилувач, но сепак има и други решенија на пример користење на некој готов и релативно евтин трансформатор.

Во прилог се наоѓа шема која е релативно едноставна и користи компоненти од старо АТ или АТХ компјутерско напојување така да неговата изработка би требало да биде релативно едноставна и евтина.
Се работи за напојување кој го зголемува напонот од 12V на околу +-40V кој е сосема доволен за поврзување на некој засилувач кој го имате или ќе го изработите со моќност до 120W.

Овде мора да се напомене дека кај трансформаторот кој го вадите од АТ или АТХ напојување се користат жиците за 5V како примар и жиците за 12V како секундар, нормално треба посебно да ги одделите овие две жици бидејќи во компјутерското напојување се поврзани на заедничка маса што и не би требало да претставува некој проблем. Со ова најголемиот и најскапиот проблем (трансформаторот) би требало да е решен додека другите компоненти како TL494 (што го има во доста АТ и АТХ напојувања, што е всушност исто со кинеската копија на колото S2000) и мосфет транзисторите (истите или слични) се исто така тука некаде  :)

Сигналот REM се користи за вклучување на напојувањето (а со тоа и на засилувачот) и на него се донесува +12V од излезот Remote или Antenna на вашето авто радио.

Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline BOBO

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 87
BorceBT нешто подетално околу шемава како изглед на печатена плочка,постапка за раздвојување на изводите од трансф.Се разбира ако ги имаш.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Немам меѓутоа не би требало да биде премногу сложено да се дизајнира плочка, додека за одделувањето на изводите пред да го одлемите трафото истражете кои жици се за 5V, кој за 12V, каде им е заедничката маса (таа треба да е една дебела уплетена жица составена од 4 жици) и тие се тие што ќе ги разделите пред употреба во оваа шема.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.