Author Topic: Помош за мотање на трафо.  (Read 9506 times)

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: Помош за мотање на трафо.
« Reply #60 on 06.03.2013, Wednesday, 17:55:29 »
Quote from: Clear Sky
од еден трансформатор за швајцапарат има дијаметар 3мм.Нема логика
Во овој апарат за заварување 3 жици по 3mm мотани паралелно “ќе дадат 9mm“
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Clear Sky

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
  • Gender: Male
  • Се шо се прај е убоо!!!
Одг: Помош за мотање на трафо.
« Reply #61 on 06.03.2013, Wednesday, 18:05:55 (Edited 06.03.2013, Wednesday, 18:08:06) »
Ќе дадат ама 9мм не го дават пресеко, за струјата треба пресек не дијаметар
 

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: Помош за мотање на трафо.
« Reply #62 on 06.03.2013, Wednesday, 18:43:11 »
Quote
“ќе дадат 9mm“
Зошто е во загради !!
Ајде тогаш нека се 4 по 3mm мотани паралелно...
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Joker

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Здраво,
Правам една плочка, а сега прв пат читам за правење трафо, па имам едно купче прашања...
Прво околу моќноста. Потребни ми се околу 650mA со 12V и 600mA со 5V.
1. Ако правам од 220 на 12, кој потоа ќе оди на грец, па после него ќе се добие напон 12*sqrt(2)=17V, дали за пресметување на моќноста ќе треба да биде 17*(0,6+0,65) или 12*0,65+5*0,6 или нешто трето? Ќе користам 7812 и 7805 стабилизатори.
2. Мислам дека нема да има проблем ако направам помоќно трафо отколку што ми треба, м? Ако ми треба 10W а јас да направам 15W? По некоја логика...
3. За пресметување на моќноста на примарот, дали се стандардни губитоците од 20%, па да мора да се пресметува според: Pp=1.2*Ps?
4. Слично и за бројот на навивки на секундарот, со множењето со 1,11 (Ns=1.1*Vs*n)?
5. Малку ме буни формулата: d=sqrt(I/2)... Некаде пишува дека d е дијаметар, а некаде напречен пресек. Што е точно? Дали ставање подебела жица може да направи проблем?
Поздрав...

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Прво,значи ти треба трафо со секундар 12V1,5A.Пресметај го трафото за 12V.Тоа со 17 V,нека не те буни бидејќи секој напон посебно ке го добиеш од стабилизатори.
Трафото намотај го со најдебела жица  што можеш да ја намоташ ( ако има доволно место!),нема да има проблем,уште подобро е да одиш на максимум снага ,а никогаш да не ја искористиш.Колку ке бидат губитоците зависи од многу нешта ,ама стави слободно 20%.
Дијаметар или напречен пресек е исто,а намотките се рачунаат за 1V, па таа се множи со вредноста на напонот кој сакаш да го добиеш.

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Одг: Помош за мотање на трафо.
« Reply #65 on 10.12.2013, Tuesday, 00:16:42 »
За да добиеш 12 волти на излез со потребанта струја првин ти треба јадро од 20 вати (зимам повеќе зашто кнап нечини). Потоа за примарата намотка ти требаат 2216 намотки со пречник на жица 0.215, потоа за да ги добиеш саканите примари си моташ според бројот на намотки потребни за еден волт, во случајот на ова јадро тоа се 10 намотки за еден волт, што значи дека за 12 волти ќе ти требаат 120 намотки, а за 6 волти 60 намотки, со зица со пречник 0.7 (издржува до еден ампер струја, нека има повеќе за секој случај). Тоа е тоа, најважно е многу добро да ги изолираш примарот и секундарот, и секогаш пред пуштање во струја и било какво допирање на трафото со помош на унимер и неговата свирка испитај дали помеѓу примарот и лимовите од трафото има краток спој, ако има краток спој ќе треба повторно намотување, доколку нема трафото е спремно за употреба :)

Offline Joker

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Одг: Помош за мотање на трафо.
« Reply #66 on 10.12.2013, Tuesday, 00:44:31 »
Фала ви многу за одговорите... Јас за секој случај ќе одам погоре со границите од пресметките, ќе ставам и подебела жица (на пример 1mm). Прочитав дека постојат повеќе вида на јадра (EI, UI...), па веројатно пресметките се универзални...

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Одг: Помош за мотање на трафо.
« Reply #67 on 10.12.2013, Tuesday, 00:55:21 »
Не, овие пресметки што ти ги кажав јас се само за EI трансформатори :)

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Помош за мотање на трафо.
« Reply #68 on 10.12.2013, Tuesday, 02:28:54 »
5. Малку ме буни формулата: d=sqrt(I/2)... Некаде пишува дека d е дијаметар, а некаде напречен пресек. Што е точно? Дали ставање подебела жица може да направи проблем?
Поздрав...

d- Дијаметар
А-напречен пресек (површина на кабелот)

Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)